3Весна Бендевска од Делчево: Консензус за Изборниот законик не се постигнува со празно место на масата
2Светски ден на менталното здравје: Антидепресивите и натаму е почест избор од разговорот со психолог
СудбинаТурчинка тврди дека му е ќерка на Трамп: Ќе подготвам сарма од лозов лист за татко ми (ВИДЕО)Неџла Озмен, жена од Анкара која долго време тврдеше дека американскиот претседател Доналд Трамп е нејзин биолошки татко, повторно го привлече вниманието на јавноста откако откри нови детали за нејзиниот наводен контакт со него и обидите да се сретне.Таа тврди дека нејзиниот правен и личен процес за утврдување на татковство е сè уште во тек, и покрај претходните судски одбивања, и дека му пишала на Трамп со надеж дека ќе добие можност да се сретне со него, објави Иха. . Според неа, идејата за средба има емоционално и лично значење за неа, а не финансиско, бидејќи нагласува дека нејзината единствена цел е да го разјасни своето потекло. - Му испратив писмо затоа што слушнав дека доаѓа. Побарав средба. Имаше вест пред една или две недели, но не знам колку е точна. Не зборувам англиски. Рекоа дека ќе се сретне со мене. Мислам дека во моментов молчи поради војната со Иран и досиејата на Епштајн. Рече дека ќе направи ДНК тест доколку е потребно. Јас реков: „Добро, зошто да не?“ Сигурна сум во себе. Му испратив и писмо. Мислам дека одговорил на тоа писмо. Ми рекоа дека ќе ми го проследат. Сè уште не стигнало. А американскиот народ ми испраќа пораки. Ми поставуваат прашања за ова. Велат дека не се задоволни од политиките што ги спроведува мојот татко. Ми беше кажано дека ќе ме контактираат по претседателските избори - рече оваа жена. Trump'ın kızı olduğunu iddia eden Necla Özmen: "Babama yaprak sarması hazırladım"https://t.co/JyIMSodFW8 pic.twitter.com/6kwPHr5Zie — İhlas Haber Ajansı (@ihacomtr) June 26, 2026 Неџа вели дека поминала низ разни тешкотии во животот. - Би сакала да го сретнам кога ќе дојде. Пишав и до амбасадата и побарав средба. Ова трае веќе една недела. Ако има време и може да се сретне со мене, би било добро, се надевам дека ќе се сретнеме. Средба лице в лице е најлогичното нешто. Имам прашања. Навистина не можев да живеам нормален живот сите овие години. Поминав низ многу тешкотии. Барем сакам да го прашам дали знае нешто, дека има ќерка. Мислам дека самиот се сомнева, мисли „можеби имам дете“. Дури и да одам кај него, нема да ми дозволи да му се приближам. Мојот брат со попреченост е со мене. Затоа не можам да одам сама. Дури и да одам, не можам да му се приближам. Некој би морал да посредува за да се случи средбата - рекла Турчинката која тврди дека е ќерка на Трамп. Како што изјавила за турските медиуми, таа исто така подготвила сарма од лозови листови за својот „татко“. - Тие обично носат своја храна. Нудам турско кафе и чај, баклава, познат десерт од Турција. Се обидувам да направам нешто во рамките на мојот буџет. Не можам да подготвам нешто за нивниот луксузен животен стил, но можам да направам толку многу. Само да прифати и да се сретне со мене - одговорила искрено.Тагови: Доналд Трамп ќерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаФото: Македонија обоена во зелено по повод Европскиот ден за донирање органи.По повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки 2026, вечер, како и синоќа, повеќе објекти во државата ќе бидат осветлени во зелена боја, како симбол на надеж, солидарност и нов живот. За таа цел речиси сите општини во повеќе градови низ Македонија и институции се приклучија кон иницијативата. Министерството за здравство се заблагодарува за оваа симболична порака со која се дава поддршка за органодарителството и трансплантацијата. Светлината ја пренесува пораката дека хуманоста може да спаси животи. Секој донор е надеж. Секое „да“ е нов живот. Да ја шириме свесноста, да поттикнуваме хуманост и да даваме надеж за нов живот!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотУраган од четврта категорија се движи кон брегот на МексикоМоќниот ураган „Симон“ од четврта категорија се движи кон мексиканскиот брег со голема брзина.Националниот центар за урагани во Мајами утрово објави дека брзината на ветерот достигнала 225 километри на час. Симон би можел да донесе помеѓу 25 и 50 сантиметри дожд во делови од југозападно Мексико, а на некои места и до 76 сантиметри, се вели во соопштението на центарот. Жителите се повикуваат да се подготват. Метеоролозите предупредија на поплави и свлечишта што претставуваат опасност по животот. Државата халиско објави дека нема да има настава за понеделник и започна евакуација на десетици луѓе од загрозените подрачја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо руски напади врз Запорожје загинаа осум лица, меѓу кои три децаНајмалку осум лица, меѓу кои и три деца, загинаа, а 16 се повредени во руските воздушни напади што беа извршени рано утринава врз градот Запорожје, на југоистокот на Украина, соопштија украинските власти. Во нападите уште 12 лица се водат како исчезОва го потврди Иван Федоров, копретседавач на советот за одбрана на запорошкиот регион, откако претходните податоци на националната полиција и на регионалната воена управа укажуваа на седум жртви во овој регионален центар, што се наоѓа на само неколку десетици километри од линијата на фронтот. „Рано утринава руските сили фрлија пет наведувани воздушни бомби врз станбените населби во регионалниот центар запорожје. Две од нив погодија станбени згради“, се наведува во соопштението на националната полиција. Украинските служби за итни интервенции извлекуваа луѓе од урнатините, јави известувачот на франс прес од местото на настанот. Русија во последните месеци ги засили нападите врз украинската територија, што доведе до зголемување на бројот на цивилните жртви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter