СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице
1СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице
СветОбама: Трамп е опседнат со мене, имам апартман во неговата глава Поранешниот американски претседател Барак Обама рече дека сè уште има „посебно место“ во мислите на сегашниот претседател Доналд Трамп.Поранешниот американски претседател Барак Обама рече дека сè уште има „посебно место“ во мислите на сегашниот претседател Доналд Трамп, велејќи дека долгорочниот фокус на Трамп врз него е „знак на погрешно поставени приоритети“. „Мора да го прашате што е тоа - оваа опсесија. Очигледно имам соба во неговата глава, стан во неговата глава“, рече Обама во подкастот „All Smoke“. Обама рече дека Трамп избегнува директни конфронтации лице в лице, но најчесто ги насочува критиките преку социјалните медиуми, објавува Њујорк Тајмс. „Кога бев претседател, последното нешто за кое имав време да се грижам беше што некој ќе каже или што ќе направи мојот претходник. Тие си заминаа, јас имав работа да завршам“, рече Обама. Поранешниот американски претседател оцени дека постојаното справување со претходниците покажува недостаток на фокус врз граѓаните. „Тоа ми е чудно и покажува дека некој не е фокусиран на американскиот народ и работата што треба да ја заврши“, рече Обама. Трамп јавно го навредува Обама со години, нарекувајќи го еден од најлошите претседатели во историјата на САД, честопати осврнувајќи се на средното име на Обама, Хусеин. Трамп, исто така, тврдеше дека Обама е неспособен да служи како претседател бидејќи е роден во Кенија, а не во САД. Порано оваа година, тој сподели расистичко видео генерирано од вештачка интелигенција на својот профил на Truth Social, во кое поранешниот претседател и поранешната прва дама Мишел Обама се прикажани како мајмуни. Видеото подоцна беше избришано, а Трамп не се извини. Пред да започне војна со Израел на 28 февруари против Иран, Трамп постојано го критикуваше Заедничкиот сеопфатен план за акција, дипломатски договор од 2015 година, првенствено договорен од Обама, кој исто така ги ограничуваше нуклеарните капацитети на Иран во замена за сеопфатно олеснување на економските санкции. Трамп, неодамна, го нарече новоотворениот Претседателски центар на Обама во Чикаго „многу непривлечна зграда“ и „тотална катастрофа“.Тагови: Барак Обама Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лицеОтворањето предмет од ДКСК за можен судир на интереси кај едно лице не е истрага за проневера на 5,5 милиони евра.Судир на интереси за член на Комисијата кој учествувал и како изведувач е само еден сегмент, за целиот скандал потребно е истрага од Обвинителството по трагот на парите. Арамијата Мицкоски излажа дека прославата чинела „нула денари“. Јавноста дозна дека биле потрошени 5,5 милиони евра. Потоа молк, се кријат докуименти, договори, анекси, исплати, фактури. Се крие дури и данок дали е платен. Така функционира организирана криминална група – крие за да не се откријат провизиите, матните зделки и злоупотребите. Граѓаните ја платија сметката на Мицкоски и имаат право да знаат каде завршил секој денар. Затоа Јавното обвинителство мора веднаш да отвори предмет, да ја обезбеди целокупната документација, да го следи текот на парите и да утврди како биле носени одлуките. Каде е одлуката на Собранието на акционери на Лотароија која мора да постои согласно закон? Кој орган го одобрил трошењето на над 300 милиони денари? На која седница била донесена одлуката, кој гласал за неа и врз основа на кој закон? Како е можно јавен повик да трае само пет работни дена и со пристигнала само една понуда а по три дена веќе да се најави настапот на Гета? Мора да се утврди колку чинел настапот на Дејвид Гета, кога и од кого бил договорен и кога бил исплатен. Колку заработиле „Стардаст“, односно „Авалон“, и како биле вршени исплатите додека компанијата имала блокирана сметка? Дали е платен данок воопшто? Каде завршиле приближно 1,75 милиони денари од продадените билети и дали за овие приходи бил платен данок? Ова се премногу отворени прашања, премногу матни зделки. Премногу сокриени документи. Ако сè чисто и законски, документите немаше да се кријат. Да немаше што да сокрие, арамијата Мицкоски немаше да ги лаже граѓаните дека прославата чинела „нула денари“. СДСМ бара целосна истрага од Јавното обвинителство. Народот не е ниту „талог“, ниту „идиот“. Не можете да ги трошите парите на граѓаните, да ги лажете и потоа да ги криете одговорите. Доаѓа времето на вистината и правдата. Скопје, 16.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРСБСП: Европска недела на мобилност – помалку автомобили, повеќе простор за луѓетоВо периодот од 16 до 22 септември, РСБСП ја одбележува Европската недела на мобилност, кампања која поттикнува промена на секојдневните навики во движењето и избор на поодржливи, побезбедни и поеколошки начини на транспорт.Градовите денес се соочуваат со сè поголем број автомобили на улиците, што резултира со сообраќаен метеж, загаден воздух, бучава и намален квалитет на живот. Затоа Европската недела на мобилност потсетува дека секое патување не мора да започне со автомобил. Пешачењето, возењето велосипед и користењето на јавниот превоз не се само алтернатива – тие се инвестиција во почиста животна средина, поздрави граѓани и побезбедни улици. Секој ден кога ќе го оставиме автомобилот дома и ќе избереме да пешачиме, да возиме велосипед, да користиме јавен превоз или друг алтернативен превоз придонесуваме за намалување на загадувањето, ослободување на урбаниот простор и создавање похумани градови по мерка на човекот. Но, одржливата мобилност е и прашање на безбедност. Улиците треба да бидат места каде децата безбедно ќе одат на училиште, каде постарите лица ќе можат без страв да се движат, а велосипедистите и пешаците ќе бидат рамноправни и почитувани учесници во сообраќајот. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги повикува граѓаните во текот на Европската недела на мобилност да направат мал, но значаен чекор кон одржливи навики на движење. Оставете го автомобилот кога тоа е можно. ✅ Пешачете до блиската дестинација. ✅ Изберете велосипед.✅ Користете јавен превоз. ✅ Споделете превоз со други лица. Малите промени во секојдневното однесување носат големи придобивки за сите – почист воздух, поуредени градови, помал метеж и поголема безбедност во сообраќајот. Да создадеме градови во кои приоритет ќе бидат луѓето, а не автомобилите. #СекојЖивотЕВажен РСБСП – Мобилност за сите. Безбедност за секого. #ЕвропскаНеделаНаМобилност #МобилностЗаСите #СекојЖивотЕВажен #РСБСП #ОдржливаМобилност #БезбедностВоСообраќајот #ПешачиПовеќе #ВозиВелосипед #КористиЈавенПревоз #ПомалкуАвтомобилиПовеќеЖивотКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Скандал во Реал: Мбапе и Вини одбиле да носат маици против „инвазијата“ на мигрантиПред синоќешниот натпревар од 5. коло на Ла Лига меѓу Елче и Реал Мадрид кој заврши со минимален триумф на гостите од 2–3, се случи инцидент што стана главна тема во Шпанија. Додека играчите од двата тима излегувале на терен носејќи над дресовите , маици за поддршка на Сеута, тројца фудбалери на Реал – Винисиус, Килијан Мбапе и Ибрахима Конате – одлучиле да не учествуваат во овој гест, пренесува „Марка“. Нивниот потег веднаш предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Винисиус му даде насоки на Мбапе што да прави со маицата. На интернет се појавија снимки од тунелот, а корисниците на платформата „Икс“ (X) забележуваа дека во видеото се гледа како Винисиус му дава насоки на Мбапе што да прави со маицата. 👉 Vinicius, Mbappé y Konaté no enseñan el mensaje de ánimo a Ceuta. 👉 Ambos futbolistas se colocaron mal la camiseta sin que se vea el 'Todos somos Caballas'. https://t.co/XkrhUDS8XQ — El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) September 15, 2026 На предната страна на маицата бил испишан слоганот „Сите сме скуши“ (прекар за жителите на Сеута поради нивната рибарска индустрија), додека на задната страна едноставно пишува „Сеута“. Иако ги земале маиците во тунелот пред да излезат на теренот, тројцата фудбалери на Реал не ги облекле маиците во целос. Всушност, Конате само ја држел маицата во раце, додека Мбапе и Винисиус ги облекле на таков начин што слоганот „Сите сме *skuše*“ (скуши/скумши) – прекар за жителите на Сеута поради нивната рибарска индустрија – бил едвај видлив. Додека се ракуваа со играчите на Елче, тројцата фудбалери на Реал целосно ги соблекле белите маици и носела замо дресови на Реал наменети за гостувања – потег што не им избега на камерите и на гледачите. Ова беше особено забележливо бидејќи сите останати фудбалери на Реал и на Елче продолжиле да ги носат маиците. Раководството на кралевите ја почитувало одлуката на тројцата ффудбалери. Според „Ел Мундо“, клубот изјавил дека ја почитува одлуката на своите играчи бидејќи во соблекувалната постојат „различни мислења, сензибилитети и гледишта за реалноста“. This was the moment Vinicius told Mbappé how to put on the t-shirt supporting Ceuta in such a way that the text “We are all Ceuta” wouldn’t be visible Vinicius, Mbappé & Konaté made it clear tonight that they don’t support Spain. They support the invaders https://t.co/QmE0rQXJsj — Visegrád 24 (@visegrad24) September 15, 2026 Инаку иницијативата за носење на маици за поддршка на Сеута била покрената од Елче и прифатена од Реал, иако клубот не сакаше да врши притисок врз играчите. Иронично, Сеута е родното место на Хозе Мартинез „Пири“, почесниот претседател на Реал Мадрид.Тагови: Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook