Шамбевски: Владата со системски мерки за младите во образованието, вработувањето и станбеното осамостојување
1Шамбевски: Владата со системски мерки за младите во образованието, вработувањето и станбеното осамостојување
3Уапсени се четири возачи од Тетово и околината- возеле пијани,без дозвола и предизвикале сообраќајки
ЕвропаДесетици илјади на протест во Тбилиси- бараат враќање на Грузија на европскиот пат Десетици илјади поддржувачи на опозицијата се собраа синоќа во Тбилиси за да ја одбележат втората годишнина од почетокот на масовните протести предизвикани од одлуката на грузиската влада да ги суспендира напорите за приклучување кон ЕУ.Демонстрантите дојдоа на главниот плоштад во главниот град на покана на проевропски активисти и пет опозициски партии кои се соочуваат со забрана, објави „Еуроњуз“. Земјата е во политичка криза од парламентарните избори во октомври 2024 година, на кои владејачката партија „Грузиски сон“ ја консолидираше власта, а еден месец подоцна премиерот Иракли Кобахиѕе објави суспензија на пристапните преговори со ЕУ до 2028 година. И покрај масовните апсења, високите казни и сè порестриктивните закони, граѓаните секојдневно излегуваат на улиците на Тбилиси барајќи нови избори и ослободување на притворените демонстранти. Организаторите на протестот ја обвинија владејачката партија дека ги предаде европските и евроатлантските аспирации на земјата. Некои критичари тврдат дека владата ја доближува Грузија до Русија и ги поткопува демократските институции. Од друга страна, премиерот Кобахиѕе повтори пред состанокот дека владата останува посветена на членството во ЕУ и е подготвена веднаш да започне преговори, но истовремено зачувувајќи го суверенитетот и традиционалните вредности на земјата. Тој претходно ја отфрли можноста за укинување на контроверзните закони за странско влијание и невладини организации, оценувајќи дека барањата на Брисел претставуваат мешање во внатрешните работи на Грузија. На Грузија ѝ беше доделен статус на кандидат за членство во ЕУ во декември 2023 година, но нејзиниот процес на интеграција беше ефикасно запрен следната година поради загриженоста на Брисел за состојбата на демократијата. Европската комесарка за проширување, Марта Кос, минатиот месец изјави дека Грузија е кандидат за членство „само на хартија“, изразувајќи жалење што земјата заостанува зад Украина и Молдавија на својот европски пат.Тагови: Грузија Тбилиси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
МакедонијаШамбевски: Владата со системски мерки за младите во образованието, вработувањето и станбеното осамостојувањеВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воспоставува системски пристап во креирањето и спроведувањето политики насочени кон младите, преку конкретни мерки, финансиска поддршка и законски решенија .Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воспоставува системски пристап во креирањето и спроведувањето политики насочени кон младите, преку конкретни мерки, финансиска поддршка и законски решенија со кои се создаваат дополнителни можности за нивно економско осамостојување, образование и решавање на станбеното прашање. Минатата година, преку Оперативниот план за вработување, за првпат беа воведени таргетирани мерки за младите лица, преку Програмата за самовработување со грант, во рамки на која беа отворени скоро 2.200 нови правни субјекти. Исто така, годинава Оперативниот план за вработување опфаќа над 10.000 лица и располага со буџет од 40 милиони евра, од нив 32 милиони евра се наменети за директни мерки за вработување. Опфатени се 6.000 лица до 29-годишна возраст, а предвиден е и младински додаток во износ од 3.000 денари. Освен политиките за вработување, Владата работи и да го унапреди системот за финансиска поддршка на студентите преку нов модел на стипендирање. Со новиот модел се предвидува задржување на вкупниот број од 3.000 стипендии, но со поинаква распределба и категории, со цел поддршката да биде насочена кон различните потреби и образовните профили на студентите. Па така, предвидени се 1.200 стипендии во категоријата за социјална поддршка, наменети и за студентите со попреченост и студентите со ретки болести. Се воведува категорија стратешки стипендии, со 1.050 стипендии за студентите кои се образуваат во области од особено значење за идниот развој на државата, меѓу кои математика, физика, хемија, земјоделство, шумарство, наставна биологија и рударство. Предвидени се и 750 стипендии за студентите кои остваруваат висок академски успех. Со цел да се создадат услови за младите брачни парови, при решавање на станбеното прашање, веќе се подготвуваат закони. Една од мерките се однесува на младите брачни парови до 35 годишна возраст и предвидува можност за стекнување станбен простор по цена најмалку 20 проценти пониска од пазарната. Градежните компании, кои ќе сакаат да градат, ќе имаат обврска да издвојат најмалку 10% од станбената површина за оваа категорија граѓани за да се овозможи пристап до станбен простор под поповолни услови. Втората мерка е наменета за младите брачни парови до 35 години кои имаат намера да изградат сопствен дом. Се предвидува ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежното земјиште, односно комуналии кон општината. За да се подобри студентскиот стандард и овозможување полесен пристап до услуги, се подготвува и ново законско решение за воведување студентска картичка. Со оваа картичка, студентите ќе можат да остваруваат 20% попуст за услугите достапни преку апликацијата М-услуги, во текот на целата година. ВМРО-ДПМНЕ покажува дека грижата за младите ја преточува во конкретни дела. Продолжуваме да работиме на решенија кои ќе им овозможат на младите полесно да дојдат до работа, образование и сопствен дом, затоа што сакаме да имаат услови за подобар живот и својата иднина да ја градат во Македонија, рече Борис Шамбевски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Црна хроникаУапсени се четири возачи од Тетово и околината- возеле пијани,без дозвола и предизвикале сообраќајки Лишени од слобода четири возачи во Тетово и тетовско, управувале возила под дејство на алкохол, за време на активна забрана и без дозвола и учествувале во сообраќајни незгоди .На 28.11.2026 во 11:00 часот во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода М.Х.(44) од Тетово. Претходно, тој со патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со телесни повреди, а по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,92 промили алкохол во крвта, како и под активна мерка забрана за управување на моторно возило од Б категорија. На 28.11.2026 во 15:25 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Р.А. (30) од с.Церово, тетовско. Тој со патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со повредени лица, при што било утврдено дека го управувал возилото без возачка дозвола. На 29.11.2026 во 02:30 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, во с.Желино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода А.Љ.(22) од с.Ларце, тетовско, и Б.Ш.(49) од с.Сараќино, тетовско. Тие претходно учествувале во сообраќајна незгода со патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал А.Љ. и патничко возило „сааб“, кое го управувал Б.Ш., двете со тетовски регистарски ознаки. Додека, по преземени мерки било констатирано дека А.Љ. го управувал возилото за време на активна мерка забрана за управување со моторно возило, додека кај Б.Ш. биле измерени 1,94 промили алкохол во крвта. По документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени кривични пријава по член 297-а од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter