Проектот на ќерката и зетот на Трамп ја дигнаа Албанија на нозе, што е спорно? (ВИДЕО) - Канал 5

Проектот на ќерката и зетот на Трамп ја дигнаа Албанија на нозе, што е спорно? (ВИДЕО)

Планираната изградба на луксузен туристички комплекс во Албанија, проект поврзан со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, предизвика јавно негодување и протести низ целата земја.

Проектот на ќерката и зетот на Трамп ја дигнаа Албанија на нозе, што е спорно? (ВИДЕО)

Иако проектот беше најавен пред повеќе од две години, многу детали остануваат обвиткани во тајност. Еве еден поглед на она што е познато досега, објавува АФП.

Потеклото на проектот

Џаред Кушнер и неговата сопруга Иванка Трамп ги објавија плановите за изградба на луксузни хотели и вили во Албанија уште во 2024 година. Проектот вклучува две области по должината на јадранскиот брег: заштитената делта на реките Вјосе и Нарта и блискиот ненаселен остров Сазан, кој некогаш служел како тајна воена база за време на комунистичката ера.

Кон крајот на 2024 година, албанската влада ѝ додели статус на „стратешки инвеститор“ на Atlantic Incubation Partners, компанија за која се верува дека е поврзана со фондот Affinity Partners на Кушнер.

Според документ што го виде АФП, таков статус овозможува забрзани административни процедури и поддршка од ресорните министерства. Во меѓувреме, Иванка Трамп го посети регионот Валона во придружба на архитекти и инвеститори и се сретна со премиерот Еди Рама.

Кој стои зад инвестицијата?

Се проценува дека инвестицијата на островот Сазан вреди 1,6 милијарди долари, додека премиерот Рама неодамна спомена проект вреден четири милијарди евра, кој, според него, би го опфатил поширокото подрачје на Валона.

Фондот на Кушнер, „Афинити партнерс“, го упати АФП до ПР агенција, која обезбеди изјава од Ашер Абешера, претставен како претседател на „Сазан риел естејт дивелопмент“. Таа компанија е опишана како компанија која го управува проектот со „голем број различни инвеститори“.

„Со нетрпение ја очекуваме можноста да создадеме одморалиште од светска класа и да реализираме една од најголемите приватни инвестиции во историјата на овој регион“, се вели во соопштението. Сепак, АФП не можеше да најде никаква правна трага од компанијата под тоа име, а албанските власти не одговорија на барањето за коментар до четврток наутро.

Зошто проектот е контроверзен?

Здруженијата за заштита на животната средина тврдат дека проектот ќе го уништи заштитеното подрачје, додека други критичари ги обвинуваат властите за корупција. Десетици невладини организации предупредија за потенцијално штетно влијание врз заштитеното подрачје Вјоса-Нарта, а повеќе од 40 од нив испратија писмо до владата во јануари барајќи итно прекинување на проектот.

Критичарите, исто така, го доведуваат во прашање потеклото на парите што се користат за купување крајбрежно земјиште и легалноста на самата постапка. Како и со многу други земјишта во Албанија, ова е исто така предмет на имотни спорови што датираат од падот на комунизмот во 1990-тите.

Илјадници семејства сè уште се надеваат на враќање на наследениот имот што комунистите го одзеле по Втората светска војна, а некои од нив тврдат дека го бараат правото на земјиштето наменето за градба.

YouTube video

Истрага и протести

Незадоволството ескалираше во последните денови откако се појавија снимки од багерите на плажата. Во саботата, демонстрантите во областа се судрија со приватното обезбедување, огорчени од новопоставената бодликава жица што им го блокира пристапот до брегот.

YouTube video

Илјадници демонстранти потоа се собраа во главниот град Тирана три ноќи по ред, барајќи прекин на проектот и враќање на земјиштето на претходните сопственици. Најавени се нови протести за следните денови. Во меѓувреме, Специјалното обвинителство за борба против корупцијата започна истрага.

Медиумите објавуваат дека обвинителството ќе истражува промени во статусот на заштитеното подрачје Вјоса-Нарта, начинот на кој службените лица го заобиколувале системот на јавни тендери за доделување договори и потеклото на средствата што се користеле за купување на имотните листови. Обвинителството потврди за АФП дека е започната истрага, но одби да даде детали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Дилета Леота е повторно во топ форма

Уште едно заводливо издание на најубавата спосртска новинарка во Италија.

Фото: Дилета Леота е повторно во топ форма

Дилета Леота привлече многу погледи од целиот свет. Овој пат, таа едноставно ја откопча кошулата.

Леота уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните спортски новинарки на светот.

Русокосата убавица често избира комбинации што ја истакнуваат нејзината витка фигура, а особено бујните гради.

На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, таа сподели компилација од фотографии од Рим.

Покрај прекрасните кадри од градот, вниманието го привлече и со својот сведен, а сепак шик изглед. За обична прошетка, таа облече бела кошула со длабоко деколте, која ја искомбинира со златни модни додатоци.

Ја пушти косата слободно да паѓа, а шминката беше во дискретни, земјени тонови што ја истакнуваа нејзината убавина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баерн Минхен му нуди на Олисе годишна плата од 25 милиони евра

Германскиот гигант Баерн Минхен подготвува понуда за продолжување на договорот на Мајкл Олисе, со што тој би станал најплатениот играч во тимот и би се спречил неговиот трансфер во Реал Мадрид. 

Баерн Минхен му нуди на Олисе годишна плата од 25 милиони евра

Според информациите на германскиот „Скај“, францускиот напаѓач би можел да потпише договор до 2032 година, а неговата годишна плата би се зголемила на над 25 милиони евра.

Токму толку заработуваат Хари Кејн и Џамал ​​Мусиала, додека моменталната плата на Олисе изнесува 14 милиони евра.

Овој потег на баварскиот клуб е директна реакција на интересот од Реал, кој сè уште будно ја следи ситуацијата, пишува шпанскиот весник „АС“.

Раководството на Баерн има намера да ги забрза преговорите со Олисе веднаш штом ќе се финализира потпишувањето на новиот договор со Хари Кејн.

Сепак, Олисе поставува јасен услов за продолжување на соработката: Бара во договорот да биде вклучена откупна клаузула.

Таквата одредба му овозможи да се пресели од „Кристал Палас“ во Минхен за 53 милиони евра во 2024 година, а тој сака да ја задржи контролата врз својата иднина.

Иако Баерн вообичаено избегнува вакви договори, агентот на Олисе, Глен Твенебоа, инсистира дека клаузулата е неопходен дел од новиот договор.

„Мајкл неверојатно напредуваше кај нас и сега е еден од најдобрите играчи во светот. Многу сме среќни што е со нас. Неговиот договор важи до 2029 година, така што нема притисок. Тој се чувствува одлично во Баерн и во редовен контакт сме. Како што реков, не брзаме“, изјави спортскиот директор Кристоф Фројнд.

Вклучувањето на откупна клаузула значително би ја зајакнало преговарачката позиција на францускиот фудбалер. Во Баерн се подготвени да му го понудат статусот на најплатен фудбалер, но истовремено се свесни дека времето не работи во нивна корист. Секоја сезона без нов договор теоретски би можела да ја намали цената на неговиот иден трансфер. Се спомнува дека износот на клаузулата би бил поголем од 200 милиони евра. Во Реал Мадрид проценуваат дека Олисе веројатно ќе остане во Минхен, но исто така признаваат дека нивниот интерес значително ја зголемил цената за продолжување на неговиот договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Принцот Хари исвиркан на натпревар во рагби

Публиката на еден рагби меч изрази негодување кога британскиот принц Хари се појави на големиот екран на стадионот. 

Видео: Принцот Хари исвиркан на натпревар во рагби

Принцот Хари е исвиркан за време на рагби-натпреварот меѓу Лестер и Глостер во Обединетото Кралство.

Некои навивачи го изразија своето негодување кога неговиот лик се појави на големиот екран на стадионот, поради што телевизиските камери го пренасочија кадарот.

Во петокот, Војводата од Сасекс го следеше натпреварот од трибините во друштво на Андреа Пинчен, извршната директорка на клубот Лестер. Според медиумските извештаи, Хари уживал во пиво и во натпреварот без неговата сопруга, Меган Маркл.

Дел од публиката реагираше кога Хари се појави на големиот екран на стадионот. Телевизиската мрежа TNT брзо го префрли кадарот, а коментаторот Ник Малинс забележа дека се слушаат свирежи, пренесува AFP.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер