ЗабаваТурчин лета со параглајдер над морето, седнат на двосед (ВИДЕО)Параглајдинг инструкторот Хасан Кавал од Турција реши да лета во удобноста на неговиот двосед, а за целосно искуство додаде и телевизор.Кавал ги закачи двоседот и ТВ на параглајдерот, а целото патување го снимал со камера. Снимањето на овој необичен лет стана хит на Интернет. По полетувањето, Хасан се навали на каучот пред телевизорот и не носеше безбедносниот ремен. Тој ги соблече чевлите, ги облече папучите и се опушти да ужива во чипсот додека леташе неколку стотици метри над морето. Откако слета безбедно на земја, Хасан рече дека уживал во летот. „Никогаш не сум се чувствувал толку опуштено“, рече тој. Видеото само на YouTube има скоро 700.000 прегледи. Луѓето во коментарите се поделени, додека некои му се восхитуваат на овој потег, други сметаат дека воопшто не е паметно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Скопје пронајдени тројца илегални мигранти од судан при контрола на камионЦаринската управа денеска информираше дека пронајдени биле тројца илегални мигранти од Судан при контрола на камион со стока пријавена за увозно царинење.„Царински службеници од царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје пронајдоа тројца илегални мигранти од судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба“, посочија од царина. Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите. „Ова е четврти случај на откриени илегални мигранти во последните три месеци, што јасно укажува на заложбите на царинската управа во заштита на државата. Мигрантите се предадени на министерството за внатрешни работи“, додаваат од управата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотТрамп планира градежни проекти во Белата куќа од речиси милијарда долариАдминистрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира градежни проекти во комплексот на Белата куќа во вредност од најмалку 927 милиони долари, при што се очекува најголемиот дел од средствата да бидат обезбедени од даночните обврзнициСпоред весникот, администрацијата има обезбедено средства преку трансфери од федерални агенции и приватни донации, наместо да бара директно одобрение за финансирање од Конгресот. Парите биле пренасочени во сметката на извршната резиденција на Белата куќа наменета за поправки и реставрација, за проекти кои администрацијата ги опишува како „проекти за модернизација“. Во извештајот се наведува дека планираните зафати вклучуваат изградба на балска сала во источното крило, уредување на плоштадот Лафајет, изградба на хелиодром, нов центар за безбедносна проверка на посетителите и други подобрувања, со што проценетата вкупна цена достигнува најмалку 927 милиони долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
НБАВотсон ги одби Денвер и 70 милиони долари! Американскиот кошаркар Пејтон Вотсон одбил понуда вредна 70 милиони долари од НБА тимот Денвер Нагетс.Денвер Нагетс му понудија на Пејтон Вотсон четиригодишен договор вреден 70 милиони долари, но американскиот кошаркар ја одбил понудата од тимот од Колорадо. Како што пренесува Сем Емик од порталот „Атлетик“ (The Athletic), Вотсон смета дека оваа понуда е далеку од она што го заслужува по одличната сезона во која имаше просек од 14,6 поени, 4,9 скока и 2,1 асистенција за околу 30 минути игра по натпревар. Како што веќе пишувавме, три франшизи внимателно ја следат ситуацијата: Кливленд Кавалирс, Лос Анџелес Клиперс и Милвоки Бакс. Сè уште постои опција Вотсон да го продолжи договорот и веднаш да биде разменет од Денвер – за што исто така пишувавме – како и опција сите преговори да пропаднат, па Пејтон да ја прифати квалификациската понуда од 6,5 милиони долари и следното лето да стане слободен агент без ограничувања. Во моментов, Вотсон е слободен агент со ограничувања, бидејќи Нагетс го задржуваат правото да израмнат која било понуда што тој ќе ја добие.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00