Тупанчески: Со новиот Кривичен законик во целост ќе се ревидира казнената политика

Стручната расправа во Апелациониот суд Штип е прва во серијата  расправи за новиот Кривичен законик на ниво на апелациони подрачја. 

После 27 години се добива нов законски текст со кој ќе се подобри правната сигурност на граѓаните. Министерот за правда, Никола Тупанчески во своето обраќање се осврна на новините во неколку клучни сегменти. Со новиот Кривичен законик се врши редефинирање и хармонизација на пропишаните казни за одредени кривични дела кои отстапуваа од целите на казнената политика.,,Од анализата на досегашната примена на Кривичниот законик, можеме да констатираме дека примената на мерката конфискација претставуваше особена слабост. Новините во оваа сфера имаат за цел отстранување на лоцираните слабости со што ќе се зголеми ефикасноста во примената на овој институт. Исто така, одредбите за конфискација се целосно усогласени со Европската конвенција за човекови права и јуриспруденцијата на Судот во Стразбур.Не помалку значајни се и новините кои се однесуваат на кривичните дела „Тортура“ и „Малтретирање во вршењето на службата“ и нивното незастарување како резултат од конкретни злоупотреби што резултираа и со пресуди од Судот во Стразбур против нашата држава”,рече Тупанчески.Министерот за правда посочи дека посебно внимание во изготвувањето на новиот Кривичен законик било посветено на негово усогласување со најновите меѓународни стандарди. Во сферата на перењето пари биле рзгледувани документите од Манивал. Во областите поврзани со недозволеното производство и трговија со оружје, Кривичниот законик беше целосно усогласен со Протоколот на Обединетите нации.Значајно е и усогласувањето со Директивата на Европската унија за борба против измама на финансиските интереси на Унијата со примена на кривичното право. Изминатиов период, во јавноста се посебно актуелни случаите за загадување на животната средина. Во тој контекст се и новините во Кривичниот законик во оваа област и тоа преку целосно усогласување со меѓународните стандарди, воведување ново кривично дело „Екоцид“ и квантифицирање на дејствијата на извршување во кривичните дела против животната средина со пропишување на мерливи параметри кои се однесуваат на загадувањето на животната средина. Процесот за донесување на новиот Кривичен законик е поддржан од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за што министерот за правда, Никола Тупанчески изрази голема благодарност. Во текот на месецот ,стручни расправи за новиот Кривичен законик ќе се одржат и во апелационите судови во Гостивар, Битола и Скопје.

Министерство за правда

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата.

Народот не поддржува политика на понижување на Македонија.

Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ.

7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствувале безбеден, криминалот царуваше по улиците.

Народот не сака да живее повеќе во несигурност.

Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот.

Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот.

Македонија повторно твоја.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8

„Нека изборните резултати бидат мотивација за уште повеќе да се кренеме, затоа што прогресивна и напредна Македонија е мнозинска Македонија, прогресивна и напредна Македонија е таа Македонија којашто е потребна на сите нас и на идните генерации”.

Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборната единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, на средба со граѓаните во Чучер Сандер порача дека на 8ми мај победува мнозинска Македонија.

„Нека изборните резултати бидат мотивација за уште повеќе да се кренеме, затоа што прогресивна и напредна Македонија е мнозинска Македонија, прогресивна и напредна Македонија е таа Македонија којашто е потребна на сите нас и на идните генерации”, рече Спасовски пред граѓаните на Чучер Сандево.

„Пораката е примена, слушната, тоа е дека единствената вредност во државата е секогаш да бидете рамо до рамо со својот народ. Ние сме тука, посветени заедно за отворање на перспективите на државата. Имаме два кандидата со два концепти застапувани во периодов. Сметам дека треба да се концентрираме да обезбедиме победа за Стево Пендаровски во наредниот период, човек кој може цврсто да стои и да го држи кормилото на Македонија. Не ни личи нам да застанеме и да не се бориме, не застанавме кога зависеше дали ќе останеме живи на 27 април, останавме цврсти, успеавме да се сруши режимот”, истакна Спасовски

„Изборите се нова можност, поддржувачите на СДСМ и коалицијата да бидеме активни, да разговараме со секој еден граѓанин и да ја бараме поддршката, да се извиниме за грешките, да си кажеме за пропустите, да се ветиме тоа што може реално да оствариме. Сето она што беше потреба во 2016 и 2020 е целосно реализирано, што беше директно од дискусијата со граѓаните. И оваа програма се заснова на реални основи кои значат подобар животен стандард за секој, програма која ги третира еднакво сите”, рече Спасовски, потенцирајќи ја одговорноста кон идеалите во однос овие избори.

„Одговорноста на СДСМ е дотолку поглема да направиме се’ да не ги разочараме идеалите и да не ги напушптиме идеалите на нашите предци, оние кои се темелите на македонската современа држава. И точно е дека оваа држава е створена на телемите на Народноослободителна борба и на борбата на партизаните, и тоа никогаш не смее да го заборавиме и никој никогаш нема да биде поголем чувар од СДСМ за овие вредности”, рече Спасовски, додавајќи дека само со СДСМ државата напредува.

„Само СДСМ кога е власт државата напредува, се поместува од место, се остваруваат идеалите и наштие стратеѓки интетеси. Верувам дека со многу енергија и посветеност, да оствариме националниот интерес, да биде дел од европското семејство, да ги донесеме европските вредности во институции, со реформи кои значат подобри услови за животи, подобра инфраструктура, подобро земјоделие, подобри меѓучовечки односи. Ние мора да ја добиеме најважната битка против криминалот и корупцијата токму преку тие европски вредности”, рече Спасовски. Притоа, тој упати повик до граѓаните масовно да се заокружи бројот 1 на 8ми мај.

„Ова е мотивација за сите нас, од денеска до 8 мај нема застанување, да ги споделиме нашите видувања за иднината низ разговор со граѓаните, бидејќи не смееме да се откажеме од инднината. Масовно на 8 мај за бројот 1!”, заврши Спасовски со своето обраќање пред граѓаните на Чучер Сандево.

Сандерс: Не е антисемитски да се каже дека владата на Нетанјаху уби 34.000 Палестинци

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци.

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци и повредила повеќе од 77.000 за нешто повеќе од шест месеци.

„Господине Нетанјаху, антисемитизмот е гнасна и одвратна форма на фанатизам што на милиони луѓе им нанесе невидена штета. Но, ве молиме, не ја навредувајте интелигенцијата на американскиот народ обидувајќи се да ни го одвлечете вниманието од неморалните и незаконски политики на вашата екстремистичка и расистичка влада“, напиша Сандерс на својот профил на мрежата X.

притисни ентер