Триумф за МЗТ Скопје над Будуќност - Канал 5

Триумф за МЗТ Скопје над Будуќност

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остварија голема победа вечерва на домашен терен против силната Будуќност со 96:90 во 12.коло од регионалната АБА лига.

Триумф за МЗТ Скопје над Будуќност
„Сино-белите“ одиграа одлично во нападот, шутираа со висок процент и со 13 тројки од само 22 обид му ја донесоа првата победа на новиот тренер, Анте Назор. Тимската игра се гледа од големиот број асистенции (23), како и подобриот скок од противникот 30:21. Хрватскиот стратег го изненади противникот со ниска петорка, во која сите можеа да постигнат тројка, што на аеродромци им ја донесе четвртата победа по ред на домашен терен во регионалното натпреварување.

Дури седум кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром имаа двоцифрен поентерски ефект, а Џош Скот со 15 поени, 10 скока и две атрактивни блокади беше централна фигура во таборот на македонскиот шампион. Шарлон Клоф и Даниел Кларк реализираа по 14, Ѓорѓре Дреновац 13, Марко Симоновски 12 (4/6 за тројка), исто толку даде и Диабате, а Јуре Лалиќ 11 поени.

Со овој триумф МЗТ Скопје има ефект 4-8 (победи-порази) и полека фаќа приклучок со екипите од средината на табелата, додека црногорскиот шампион го претрпе вториот пораз од 12 натпревари и останува на 2.место. /МИА


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По Фејсбук, падна и Инстаграм

Социјалната мрежа Инстаграм престана да работи кратко откако корисниците пријавија проблеми во функционирањето на Фејсбук.

По Фејсбук, падна и Инстаграм

На почетната страница на апликацијата Instagram, кај некои корисници се појавува пораката „Добредојдовте на Instagram“, а остатокот од доводот (feed) не е видлив.

Инаку, од утринава не функционира ниту Facebook, а прекинот во работата беше пријавен нешто по девет часот наутро.

Почетната страница на Facebook исто така не се отвора – корисниците добиваат порака дека настанал проблем.

„Вашиот профил моментално не е достапен поради проблем со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде решен. Ве молиме, обидете се повторно за неколку минути“, гласи известувањето што го добиваат корисниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ:Срам за Скопје - коњ со пет нозе на Орце и ВМРО

Град Скопје под ВМРО-ОКГ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја започна кампањата за наводно „разубавување“ на влезот во градот. 

СДСМ:Срам за Скопје - коњ со пет нозе на Орце и ВМРО

Резултатот е срамен: коњот Букефал е насликан со пет нозе, воинот наликува на лик од цртан филм, а целата слика е генеричка и без никаква врска со реално Скопје.

Ова не е прв пат ВМРО да го унаказува главниот град.

Познато е дека токму ВМРО, преку проектот „Скопје 2014“, го обезличи градот со стотици споменици, фасади од стиропор и лавови кои немаа никаква историска или естетска вредност.

Сега, наместо вистинско уредување и инвестиции, добиваме уште една кампања со AI-генерирани слики.

Наместо реални резултати, ВМРО-ОКГ и Орце постојано прават кампањи. Сè е кампања, а резултати нема.

Наместо да се вложува во квалитетна инфраструктура, чистота, нови автобуси, уредување на градот, граѓаните добиваат уште еден симбол на аматеризам и срам.

Особено е понижувачки што ова се случува во летната туристичка сезона, кога бројот на странски посетители е зголемен.

Наместо да се покаже уреден и достоинствен град, туристите на влезот во Скопје добиваат слика која повеќе наликува на лоша шега отколку на репрезентација на главниот град.

ВМРО-ОКГ и Орце Ѓорѓиевски продолжуваат со истата пракса: кампањи наместо резултати.

Главниот град заслужува подобро, скопјани заслужуваат подобро.

Скопје, 19.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес го погоди Перу, најмалку 5 загинати

Силен земјотрес го погоди југозападниот дел на Перу доцна во саботата по локално време, при што загинаале  најмалку пет лица, а неколку други беа повредени, јавува германската агенција ДПА.

Силен земјотрес го погоди Перу, најмалку 5 загинати

Перуанскиот геофизички институт (IGP) соопшти дека магнитудата на земјотресот изнесувала 5,1 според Рихтеровата скала, додека Американскиот геолошки институт (USGS) наведе дека таа изнесувала 5,5.

Земјотресот урна десетици куќи, а потреси се почувствуваа и во Лима.

Според IGP, земјотресот се случил во 21:24 часот по локално време, на длабочина од 24 километри, јужно од градот Чупака во истоимената провинција.

Според извештаите, земјотресот предизвикал уривање на неколку куќи и на 500 години стариот историски крст на Лорд Каникруз, а голем број локални жители побарале помош од надлежните служби, пренесува порталот Peru21.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер