Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
2Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Шоу бизТраволта со емотивна порака до својот починат син: Секој ден мислам на тебе Познатиот актер Џон Траволта со емотивна објава на Инстаграм за својот син Џет, кој ненадејно почина во 2009 година.Џет беше најстарото дете на Траволта, кое го доби со неговата покојна сопруга Кели Престон, а вчера ќе го прославеше својот 30-ти роденден. Во таа прилика татко му не криел колку многу му недостига. "Најдраг мој Џети, ми недостигаш повеќе отколку што можат да опишат зборовите. Мислам на тебе секој ден. Среќен роденден. Те сака, тато", напиша актерот со заедничката фотографија со својот син како тинејџер, на што реагираа голем број актери, колеги и пријатели, а меѓу другите, сестрата на Џет, Ела Траволта. „Те сакаме многу“, додаде Ела. View this post on Instagram A post shared by John Travolta (@johntravolta) Џет почина во јануари 2009 година за време на семеен одмор на Бахамите кога, откако доживеал напад, ја удрил главата во када. Неговиот роденден доаѓа нешто помалку од три месеци пред уште еден тежок датум за семејството Траволта, оној кога нивната сопруга и мајка Кели Престон ги остави на 57-годишна возраст. Актерката почина во 2020 година по тешка битка со ракот на дојката. Таа и Траволта беа во брак речиси три децении, а заедно имаа три деца, Ела, Бенџамин и Џет, кој почина на 16-годишна возраст. По смртта на неговата сопруга Траволта, рече дека Кели храбро се борела со болеста со поддршка од многу луѓе. "Моето семејство и јас засекогаш ќе им бидеме благодарни на лекарите и медицинските сестри во сите медицински центри кои ѝ помогнаа, како и на нејзините многубројни пријатели кои беа со неа. Љубовта и животот на Кели засекогаш ќе останат запаметени", изјавил тогаш актерот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
ЖивотНа папата Лав XIV му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан На Папата Лав 14 му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан .71-годишниот папа бил подложен на 90-минутна операција во вторникот во болницата „Џемели“ во Рим, каде му бил дијагностициран аденокарцином на белите дробови. „Операцијата беше успешна и немаше никакви компликации“, соопшти Ватикан. „По операцијата, папата се разбуди нормално и се врати по краток период на набљудување во својата соба“, додаде Ватикан. Грутката првпат била откриена за време на она што Ватикан го опиша како „рутински проверки“. Се очекува папата да остане во болница околу една недела. Претходно, големи толпи чекаа со часови пред болницата на папата.Тие го поздравуваа со радосни поздрави и му посакуваа добро здравје додека поминуваше. Во своето соопштение, Ватикан соопшти дека целиот долен лобус на десниот белодроб на папата бил отстранет „за да се осигури дека постапката е успешна “. Извор од Ватикан изјави за новинската агенција „Франс прес“ дека се спроведуваат дополнителни тестови за да се види дали има некакви знаци дека ракот се проширил. Папата во неделата ја објави веста за својата операција на светот, зборувајќи од балконот на плоштадот „Свети Петар“ .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНема промена кај цените на гориватаНема промена на цените на бензините и дизелот. Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 останува 98,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 се продава по 100,50 денари, а дизелот по 97 денари за литар.Единствено поскапува мазутот, за 2,14 денари и сега чини 51,74 денари за килограм. Во актуелните цени на горивата се вклучени владините мерки за намалено ДДВ на дизелот од 18 на 10%, како и намалената акциза за бензините и дизелот за 4 денари по литар..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР распиша меѓународна потерница по Ива МихаиловаМинистерството за внатрешни работи распиша потерница по 23-годишната Ива Михаилова, по барање на Основниот суд во Кочани..Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од кривичниот законик, објави МВР, откако Михаилова пред три дена побегна во Бугарија и беше утврдено дека таа нелегално ја напуштила земјава.. Претходно, судот во Кочани и одреди 30-дневен притвор на Михаилова, која е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици.. Иако таа и нејзиниот адвокат за бугарските медиуми изјавија дека легално ја поминале границата, од МВР соопштија дека на ниту еден граничен премин не е евидентиран нивни излез од Македонија, ниту влез во Бугарија..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter