Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
1Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
СветТрамп привремено ја запре американската воена помош за УкраинаНеколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп се судри со украинскиот претседател Зеленски во Белата Куќа, Соединетите Држави привремено ја прекинаа воената помош за Украина. Паузата во помошта според најавите ќе трае се додека американскиот претседател Трамп не заклучи дека украинците покажуваат добра волја да постигнат некаков договор со Русија. Тоа според него, го посакуваат САД, Русија и како што кажа, украинските граѓани, а иако директно не го спомна украинскиот претседател Зеленски, сепак, упати порака и до него. -Мислам дека сите треба да влезат во соба, и треба да се постигне договор, и договорот може да се постигне многу брзо, не треба да е толку тешко да се направи договор, тоа може да се направи многу брзо. Можеби некој не сака да постигне договор, и доколку некој не сака да постигне договор, мислам дека таа личност нема да биде тука многу долго. Таа личност нема да биде слушана многу долго,--Доналд Трамп – Претседател на САД.. Потегот на американските власти предизвика бурни реакции во Киев каде дел од тамошните политичари одлуката ја оценија како срамна. За официјална Москва пак, ова е чекор во вистинска насока, и одлука која може да ја седне Украина, на преговарачка маса. Сепак, портпаролот на Кремљ Дмитри Песков, побара и кревање на санкциите против Русија за како што кажа, вистинска нормализација на односите. Одлуката на американските власти доаѓа по тензичната расправија во Белата Куќа минатата недела, и вонредниот самит на Европските лидери во Лондон. Токму нив, американскиот претседател Венс ги обвини за лицемерие. -Некогаш има европските шефови на држави и влади кои јавно ќе се удираат во гради и ќе велат: „Ние сме со претседателот Зеленски во наредните десет години“ и потоа приватно, ќе го кренат телефонот и ќе ви кажат: „Ова не може да трае вечно, тој (Зеленски) мора да дојде на преговарачка маса“. Искрено не ми е важно што велат европејците јавно, ме интересира што велат приватно, и тоа што мора да му го кажат на претседателот Зеленски е дека ова не може да продолжи вечно,--Џеј Ди Венс – Потпретседател на САД.. Во меѓувреме, шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен најави сет од мерки и фонд од 800 милијарди евра за одбрана. Целта како што кажа таа, е значително да се зголемат одбранбените капацитети на континентот кој според неа се наоѓа во ера на повторно вооружување. -Европа е подготвена да ги преземе своите одговорности. „Ревооружување Европа“ може да мобилизира близу 800 милијарди евра за безбедносни трошоци за безбедна и отпорна Европа. Ќе продолжиме секако, тесно да работиме со нашите партнери во НАТО. Ова е момент за Европа,--Урсула фон дер Лајен – Претседателка на ЕК.. Украинскиот претседател Зеленски пак, во своето вечерно обраќање повтори дека на Украина и е потребен како што кажа, вистински и чесен мир, но дека на неговата земја се потребни безбедносни гаранции за тоа. Темата за војната во Украина се очекува да биде и меѓу клучните во вечерашното обраќање на американскиот претседател Доналд Трамп пред двата дома на Конгресот, прво по неговото повторно стапување на функцијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТерористички напад пред израелската амбасада во Белград: Напаѓачот извикувал „Алах Акбар“Малолетник со два ножа, извикувајќи Алах Акбар, доцна синоќа е убиен, откакоСе работи за момче од Шабац, кое според полицијата, бил приврзаник на џихадистичката Исламска држава и веќе било следено од безбедносните служби како потенцијална закана. Полицаецот кој во самоодбрана смртно го застрелал напаѓачот, минал со полесни исекотини. Според министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, се работи за терористички напад, а нивото на терористичка закана е подгигнато на највисоко ниво. -Тоа ниво се зголемува на црвен степен. Toa значи дека од наутро ќе биде засилена контролата и присуството на полициските сили на сите места кои се важни поради инфраструктурните објекти и поради собирање на поголем број граѓани. , изјави Ивица Дачиќ, министер за внатрешни работи Во актуелната наелетризирана постизборна состојба во Србија, црвено ниво на безбедност не значи забрана за јавни собири, но значи зголемено присуство на полиција онаму каде што има. Од Студентската листа стравуваат дека актуелната влада во заминување може да го злоупотреби нападот пред амбасадата, дури и да прогласи вонредна состојба, со што би се пролонгирало конституирањето на новото собранието и новата влада, рече во интервју, кандидатот за пратеник на листата, Немања Ѓуриќ. Темата за евентуално прогласување вонредна состојба стана актуелна во дел од српските медиуми по упадот на група граѓани во телевизија „Информер“, собирите пред Пинк и јавниот сервис, но и заканата на Вучиќ дека како партија ќе се самоорганизираат, ако државните органи останат неми на инцидентите. -Вонредна состојба се воведува тогаш кога заканата за државата и за граѓаните е огромна, односно кога под закана е опстанокот на државата и на граѓаните. Во овој момент тоа не постои, а дали некој ќе се обиде тоа да го исценира и да создаде таква слика, останува да видиме. , изјави за „Инсајдер.рс“, Предраг Петровиќ, Центар за безбедносна политика Синоќешниот е втор теористички напад пред израелската амбасада во Белград, откако пред две години маж со самострел рани жандарм кој го обезбедуваше. И тогаш беше прогласно црвено ниво на закана, кое траеше шест дена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаМакедонски Телеком воведува прва самостојна 5г плус мрежа во земјаваМакедонски телеком ја воведува првата самостојна 5г+ мрежа во Македонија, која треба да донесе побрз и постабилен мобилен интернет и нови дигитални услуги.Од компанијата информираат дека инфраструктурата е веќе поставена, а новите функционалности постепено ќе се активираат и ќе им бидат достапни на корисниците до крајот на годинава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаМинистерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжуваФилипче треба да одговори на едноставно прашање: како државата се откажува од гасификацијата, ако гасоводот со Грција се гради со инвестициски грант и заеми од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој?Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија, а домашната гасоводна мрежа се оспособува за ставање во функција. Филипче треба да одговори на едноставно прашање: како државата се откажува од гасификацијата, ако гасоводот со Грција се гради со инвестициски грант и заеми од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој? Според проектните податоци од 19 октомври, на македонската делница се испорачани 64 километри цевки, заварени се 43, а 18 километри се поставени во ров. Експропријацијата е реализирана во обем од 97 проценти. Тоа се конкретни работи на терен, а не политички најави. Паралелно се работи на трасата и проектирањето на поврзувањето со Србија. Новите интерконекции создаваат услови за повеќе правци и извори на снабдување. Затоа поврзувањето на буџетските усогласувања со наводна определба за зависност само од руски гас го изоставува токму она што се прави за диверзификација. Министерството утрово веќе појасни дека изградбата на гасоводи и планираната набавка и складирање природен гас за стратешки резерви се одделни процеси, со различни финансиски и технички предуслови. Обезбедувањето резерви зависи и од достапен складиштен простор и транспортен капацитет. Буџетската промена сама по себе не докажува дека инфраструктурните проекти се напуштаат. Од претседателот на СДСМ очекуваме одговорна критика, заснована на целосни информации. Издвојувањето бројки, без да се објаснат намената на средствата, одделното финансирање и напредокот на проектите, ја доведува јавноста во заблуда. Политичката пресметка не смее да биде поважна од точното информирање на граѓаните. Гасификацијата продолжува. Министерството останува отворено за конкретни прашања и проверка на документите и резултатите. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Министерство за енергетика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00