Трамп потпиша уредба за кратење на буџетот на „Гласот на Америка“ и шест други агенции - Канал 5

Трамп потпиша уредба за кратење на буџетот на „Гласот на Америка“ и шест други агенции

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се намалуваат буџетите и надлежностите на „Гласот на Америка“ и уште шест федерални агенции.

Трамп потпиша уредба за кратење на буџетот на „Гласот на Америка“ и шест други агенции

Според наредбата, овие институции мора да ги сведат своите активности на минимум, дозволени со закон.

„Оваа наредба е продолжение на намалувањето на делови од федералната бирократија кои претседателот ги смета за непотребни“, се наведува во документот објавен доцна синоќа.

Трамп, кој често ја критикуваше работата на „Гласот на Америка“, во својот прв мандат ја назначи неговата сојузничка Кари Лејк за директорка на медиумот.

Покрај „Гласот на Америка“, мерките се насочени кон уште шест агенции, меѓу кои и Институтот за музејска и библиотечна служба, Американскиот меѓуагенциски совет за бездомни лица и Агенцијата за развој на малцинските бизниси.

Наредбата е дел од пошироката стратегија на Трамп за реформирање на федералниот апарат, што ја спроведува одделот предводен од милијардерот Илон Маск.

Досега, тимот на Маск предложи укинување на над 100.000 работни места од вкупно 2,3 милиони во федералната влада, како и кратење на помошта за странски држави и замрзнување на илјадници програми.

Некои републиканци одамна го обвинуваат „Гласот на Америка“ за пристрасност против конзервативците. Месецов Маск повика на затворање на медиумот, како и на Радио Слободна Европа.

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции за Сирија

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија попладнево одлучија да ги укинат економските санкции врз Сирија, објави високата дипломатка на ЕУ, Каја Калас, јави ДПА.

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции за Сирија

„Сакаме да му помогнеме на сирискиот народ да изгради нова, инклузивна и мирна Сирија“, напиша Калас на X.

„ЕУ отсекогаш стоела покрај Сиријците во текот на последните 14 години - и ќе продолжи да го прави тоа.“

ЕУ има за цел да игра водечка улога во закрепнувањето и идната реконструкција на Сирија, додаде таа.

Санкциите против поединци и организации поврзани со режимот на поранешниот претседател Башар ал-Асад и оние одговорни за насилната репресија врз сирискиот народ и кршењето на човековите права ќе останат на сила.

Дополнително, ограничувањата за извоз на оружје, како и стоки и технологии што се користат за внатрешна репресија, засега ќе останат на сила.

Земјите-членки на ЕУ уште во февруари се согласија за постепено олеснување на санкциите со цел да се поддржи брзото економско закрепнување во Сирија, како и нејзината реконструкција и стабилизација, потсети ДПА.

Мерките во енергетскиот, транспортниот и банкарскиот сектор првично беа суспендирани до јуни. /МИА

Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци

За време на мандатот на претседателот Џо Бајден, на Украинците и Хаиќанците им беше доделен статус на привремена заштита.

Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува план според кој речиси 200.000 украински државјани би биле депортирани од Соединетите Американски Држави, со помош на средства наменети за странска помош, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на нацрти на интерни документи во кои имал увид.

Според планот, Вашингтон има намера да издвои околу 250 милиони долари од фондовите за странска помош за репатријација на луѓе од активни конфликтни зони, вклучувајќи околу 500.000 Хаиќани.

За време на мандатот на претседателот Џо Бајден, на Украинците и Хаиќанците им беше доделен статус на привремена заштита што им овозможи легално да останат во САД, бидејќи не можеа безбедно да се вратат во своите татковини.

Но, со враќањето на администрацијата на Трамп и заострувањето на имиграциската политика, ситуацијата се менува.

Трамп претходно најави започнување на „најголемата програма за депортација во американската историја“, со цел отстранување меѓу 15 и 20 милиони мигранти од земјата. Според нацрт-документите, планот е развиен откако Министерството за внатрешна безбедност на 5 мај објави дека мигрантите кои доброволно ќе се вратат во своите земји ќе можат да добијат финансиска помош во износ од 1.000 долари.

Освен Украинци и Хаиќани, во документите се споменуваат и Авганистанци, Палестинци, Либијци, Суданци, Сиријци и Јеменци како потенцијални цели на идните депортации. /МИА

Бишевац: Прво да си ги завршиме работите дома

„Мора да направиме реформи во правосудството, без тоа нема да бидеме дел од ЕУ освен ако не се донесе некоја политичка одлука“

Бишевац: Прво да си ги завршиме работите дома

Потребен е национален консензус за државните теми. Она што со Бугарија го потпишаа СДСМ и ДУИ задира во националниот идентит, се работи за емоции и припадност, а тие не се договорија дома со тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ, ете затоа работите стојат. Добра е средбата Мицкоски- Филипче, националните теми не треба да бидат ексклузивност на ниту една Влада. Нема да биде ниту прв ниту последен европски политичар кој ќе каже нешто, а потоа нема да биде ништо, како што спомена Кошта дека нема план Б за интеграциите. Постои начин ако имате желба и вистински пријатели. Имаме многу домашни работи кои бараа вистински темели, не може да исправите на криво насадено дрво. Мора да почнеме од почеток за некои работи, образование, инфраструктура, здравство, пезнзиски систем, многу работи треба да се исправат. Ние тргнуваме од почеток. Тоа што Заев мислеше дека пред едни, други, трети, ќе биде влезница за некоа блескава иднина, еве до каде стасавме. Мора да направиме реформи во правосудството, без тоа нема да бидеме дел од ЕУ освен ако не се донесе некоја политичка одлука, вели Сафет Бишевац во Само Вистина.

притисни ентер