СветТрамп остро кон Зеленски: Ти се коцкаш со Трета светска војна (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, по средбата пред западното крило на Белата куќа, седнаа со новинарите во Овалната соба.Во еден момент, Трамп му се нафрли на Зеленски: „Немате право да ни диктирате како да се чувствуваме. Се коцкате со Трета светска војна. Треба да бидете благодарни. Ќе ни биде тешко да работиме на овој начин“, рече американскиот претседател. Изјавата на Трамп дојде откако Зеленски го предупреди Трамп да не се договара со убиец, мислејќи на Владимир Путин, претседателот на Русија. Зеленски му покажа на Трамп слики од украински воени заробеници кои ги држи Русија. Со зумирање на една од сликите, може да се види името Володимир Шевченко. Тој наводно бил украински војник кој поминал повеќе од две години во руски затвор како воен заробеник. 🇺🇸🇺🇦 TRUMP SLAMS ZELENSKY! “You have to be more thankful! Without us you don’t have any cards” Zelensky’s face gets extremely depressed, he knows who’s boss and who is the … pic.twitter.com/8mwlsMS3wD — Lord Bebo (@MyLordBebo) February 28, 2025 Трамп ги пофали „неверојатно храбрите“ украински војници и им оддаде почит за нивната тригодишна борба против руската агресија. Трамп, исто така, рече дека суштината на новиот договор е дека Украина „ќе остане во борба“. Американскиот претседател истакна дека Украина ќе мора да направи одредени компромиси бидејќи договорите не се прават без компромис. Трамп изјави дека ќе се погрижи компромисите да не бидат толку големи како што се мислеше. 🇺🇸-🇺🇦 US President Donald Trump to Zelensky: “You have NO right to dictate what we should feel. You are gambling with World War III. You should be grateful. It's going to be very difficult to "do business" this way. You don't have the cards right now.” pic.twitter.com/Rw7juzS9U0 — ConflictLive 💬 (@conflict_live) February 28, 2025 Трамп, исто така, им рече на новинарите дека договорот за минерали ќе биде потпишан подоцна вечерва на прес-конференција по неговиот состанок со Зеленски, кој се очекува да се одржи по 19 часот по локално време. „Имаме нешто што е многу фер договор. Тоа е голема обврска од САД“, рече тој. «We don’t just need a ceasefire. We’ve done that before. Putin violated it 25 times, including during your presidency, Mr. President», said Volodymyr #Zelensky to Donald Trump, showing also some photos of Ukrainian fighters who have returned from russian captivity #Ukraine🇺🇦 #USA pic.twitter.com/L72UclFcoQ — The Ukrainian Week / Tyzhden (@ukr_week_en) February 28, 2025 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСопственикот на „Пинк“ најави откази- ќе отпушти околу 1.000 вработени Сопственикот на Пинк Медиа Груп, Жељко Митровиќ, објави дека ќе отпушти околу илјада вработени во неговите компании. Одлуката дојде откако, според неговата објава на социјалните мрежи, 150 луѓе во театарот Одеон веќе ги загубија своите работни места, пишува Нова.рс. „Еден од најтешките денови во мојот живот, полн со емоции, љубов, топлина и разбирање. Ги распуштив сите ансамбли во театарот Одеон, 150 луѓе ги загубија своите работни места. Во целиот систем, ќе морам да отпуштам околу илјада луѓе, поточно од десетина компании кои сè уште не стапнале на „зелената гранка“. Се гледаме, драги пријатели, во подобри времиња! Вашиот Жекс ве сака“, напиша Митровиќ. Најава за затворање по само една година Театар Одеон беше отворен во септември 2024 година во центарот на Белград, во просторот на поранешното кино што Митровиќ претходно го купи. Митровиќ првпат објави распуштање на театарот и отпуштања во Пинк на крајот на 2025 година, малку повеќе од една година по отворањето.Тагови: Пинк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
БалканСе урна хеликоптер на ЕУФОР во БиХ- загинаа три лица, 12 се повредени (ВИДЕО)Воен хеликоптер се урна во градот Горице во близина на Брчко.Како што може да се види на фотографиите, хеликоптерот е целосно уништен, а неофицијално, дознаваме дека три лица загинале. Полицијата на округот Брчко (ПБД), како и противпожарни и екипи на брза помош, веднаш пристигнале на местото на падот на хеликоптерот. Пошироката област била веднаш обезбедена. Три лица загинаа, а 12 се повредени во пад на хеликоптер во градот Горице во близина на Брчко, потврди Klix.ba. Според директорот на Институтот за јавно здравје на Брчко, Јасмин Механовиќ, еден од повредените е во критична состојба и најверојатно ќе биде префрлен во Универзитетскиот клинички центар Тузла. Екипи од полицијата на округот Брчко, пожарникари и служби за итни случаи веднаш беа испратени на местото на несреќата. Пошироката област околу местото на падот на хеликоптерот е обезбедена. „ЕУФОР може да потврди дека денес, за време на рутинска операција во областа Брчко, се случи несреќа во која се урна еден од нивните авиони“, објави мисијата. Во соопштението се наведува и дека во инцидентот не е оштетена цивилна инфраструктура, имот или возила, како и дека нема повредени цивили. ЕУФОР, исто така, ги повика граѓаните да не шират непроверени информации за несреќата и да добиваат информации исклучиво преку официјални канали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со вицепремиерот на Црна Гора, Филип ИвановиќМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ, во годината кога се одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Соговорниците го потврдија високото ниво на пријателски односи, меѓусебната доверба и сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан. Во фокусот на разговорите беа европската интеграција, реформските процеси и потребата пристапувањето кон Европската Унија да се одвива врз основа на заслуги. На средбата стана збор и за утрешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, како и за натамошно продлабочување на соработката во економијата, инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот, соопштуваат од МНРиНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter