Трамп објави: Го продолжуваме рокот за „TikTok“ - Канал 5

Трамп објави: Го продолжуваме рокот за „TikTok“

Рокот за продажба на акции од апликацијата „TikTok“ веројатно повторно ќе биде продолжен.

Трамп објави: Го продолжуваме рокот за „TikTok“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, одлучи повторно да го одложи спроведувањето на законот со кој ќе се забрани апликацијата „TikTok“ во Соединетите Американски Држави.

Според најавите од Белата куќа, Трамп оваа недела ќе потпише нова извршна наредба со која ќе го продолжи рокот за спроведување на законот за уште 90 дена, објавува „CBS News“. Ова е трето одложување од инаугурацијата на Трамп во јануари.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека Трамп не сака „TikTok“ да биде блокиран во САД и го користи продолженото време за да ги финализира преговорите со „ByteDance“, матичната компанија на „TikTok“, за да се обезбеди безбедноста на податоците на американските корисници.

Според законодавството, на Министерството за правда му е наредено да не презема никакви мерки против големите технолошки компании, како што се „Apple“ и „Google“, кои не го отстраниле „TikTok“ од своите платформи, и покрај законите што поставуваат рокови за забраната.

Тоа продолжување истекува утре, а последниот обид за постигнување договор меѓу САД и „ByteDance“ се случи во април, кога беше претставена идејата за трансформирање на „TikTok“ во нова компанија со мнозинска контрола од американски инвеститори.

Сепак, откако Трамп објави царини за кинески производи,„ ByteDance“ ги прекина преговорите, велејќи дека Кина не сака да го одобри договорот сè додека не се решат прашањата поврзани со трговската политика.

Трамп истакна дека е „број 1 на TikTok“ и ја изрази својата поддршка за апликацијата, и покрај обидите да ја забрани за време на неговиот прв мандат.

Како што беше објавено вчера, Трамп рече дека веројатно повторно ќе го продолжи рокот за кинеската компанија „ByteDance“ да продаде акции од апликацијата „TikTok“.

„Веројатно ќе мора да добиеме одобрение од Кина, но мислам дека ќе добиеме. Мислам дека кинескиот претседател Си Џинпинг на крајот ќе го одобри“, рече Трамп.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад

Едно лице загина, а 11 се повредени во нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, Саудиска Арабија., пренесува Би-Би-Си.

Видео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад

Загинатиот е државјанин на Пакистан, соопштија саудиските власти.

Проектил погодил една од патничките сали, по што избувнал пожар.одговорноста за нападите ја презедоа јеменските Хути.Тие соопштија дека користеле ракети и беспилотни летала.

Хутите тврдат дека нападнале и нафтени постројки и аеродромот во Дамам.Во претходниот напад врз аеродромот во Ријад загинаа 13 лица, а 308 беа повредени.

Саудиската коалиција најави одговор на нападите. Трамп најави брза одлука за можни воени дејствија против Хутите. И Велика Британија најави можност за дополнителна поддршка на Саудиска Арабија.

Македонската амбасада упати апел до македонските државјани во Саудиска Арабија да ги следат безбедносните препораки и да постапуваат според упатствата на локалните власти, дежурен телефон. +971 56 441 7532.Поради влошената безбедносна состојба, се препорачува избегнување патувања во ризичните области.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнува примената на системот „Сејф сити“ Во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Од денеска, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид односно во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

Почнува примената на системот „Сејф сити“ Во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

МВР информира дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.

Со активирањето на системот, како што нагласуваат од министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван. Според информациите што ги сподели министерот за внатрешни работи при неодамнешната посета на Охрид, во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе Наумов

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер