Трамп: Доцна е за разговори, никој не знае што ќе направам кога станува збор за Иран - Канал 5

Трамп: Доцна е за разговори, никој не знае што ќе направам кога станува збор за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „никој не „знае“ што ќе направи кога станува збор за потенцијален американски напад врз Иран, но дека е „многу доцна“ за разговори.

Трамп:  Доцна е за разговори, никој не знае што ќе направам кога станува збор за Иран

Тој одби да им каже на новинарите дали ќе ги нападне нуклеарните постројки на иран, објавува „Гардијан“. Трамп рече дека иранските власти му се обратиле, но дека верува дека „многу доцна е за разговор, има голема разлика помеѓу сега и пред една недела“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот Сотир Лукровски ги продолжува работните активности и обврски во Општина Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, од денеска ги продолжува своите редовни работни активности и обврски.

Градоначалникот Сотир Лукровски ги продолжува работните активности и обврски во Општина Карпош

И во периодот на неговото отсуство, Општина Карпош функционираше организирано, професионално и непречено, согласно воспоставените процедури, надлежности и редовната динамика на општинската администрација.

Тековните проекти, услугите кон граѓаните и секојдневните активности на општинските служби се реализираа континуирано, со цел граѓаните да не почувствуваат застој во работењето на локалната самоуправа.

Со враќањето на градоначалникот Лукровски на работните обврски, Општина Карпош продолжува со уште поинтензивна координација на започнатите активности и со јасен фокус на реализација на приоритетите значајни за граѓаните.

Во наредниот период, приоритет остануваат проектите насочени кон подобрување на квалитетот на живот во општината: унапредување на постојната инфраструктура, санација и реконструкција на урбаната опрема, одржување на јавните површини и зеленилото, како и постојано присуство на општинските служби на терен.

Градоначалникот Сотир Лукровски останува посветен на одговорно, транспарентно и континуирано работење, со цел Општина Карпош да продолжи да функционира како стабилна, услужна и отворена локална самоуправа за сите граѓани.

Општина Карпош продолжува со реализација на своите обврски, проекти и активности во интерес на граѓаните, со јасна заложба за отчетност, ефикасност и посветена работа.

Соопштение од Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Поднесен обвинителен акт против директорот на ДИЗ

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Примање поткуп.

ЈО: Поднесен обвинителен акт против директорот на ДИЗ

Според обвинението, обвинетиот, како службено лице – директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава директно побарал и прибавил значителна имотна корист за себе за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши.

Обвинетиот вршел притисок да не се одобри увоз на вештачко ѓубриво на правно лице кое се занимавало со негово производство и увоз, иако истото и претходно повеќепати увезувало ваков вид стока. Притоа влијаел врз службено лице – фитосанитарен инспектор на граничен премин, да не го одобри влезот на стоката во државата, поради што таа неколку дена била задржана на граничниот премин.

На 13.03.2026 година обвинетиот во Свети Николе директно побарал поткуп во износ од 100.000 евра за одобрениот увоз и за идните увози на вештачко ѓубриво, при што побарал износот да биде исплатен во три рати.

На 19.03.2026 година, откако пријавителот преку сведок му ја предал првата рата од 50.000 евра, обвинетиот бил лишен од слобода при преземањето на парите од полициски службеници.

Со Обвинителниот акт е поднесен и посебен предлог за продолжување на мерката притвор против обвинетиот поради постоење на околнистите заради кои истиот беше определен, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа

СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа.

Манасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа

Катастрофалниот резултат кој ќе го имаат и СДС и Левица на следните избори, како и успехот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во делот на реализација на Реформската агенда и повлекување на средствата од Планот за раст, го вклучи алармот во двете партии и се здружија заедно во блокирање на реформскиот закон односно Изборниот законик.

Иако Законот беше усогласен со сите забелешки од страна на ОБСЕ и ОДИХР, барањата на СДС и Левица не се суштински, туку имаат за цел да направат штета на Македонија во делот на исполнување на Реформската агенда.

Врз основа на тоа, јасно укажавме дека оваа коалиција на Филипче и Апасиев, да поднесат амандмани за корекција на начинот на заокружување на гласачкото ливче, да поднесат амандмани за процесот за поднесување на приговори, да ги повлечат другите демагошки амандмани кои ги поднесоа и заедно сите политички чинители во консензус да го донесеме Изборниот законик.

Единствено што бараме и тоа е нашта црвена линија и беше прифатено, тоа е нашата македонска дијаспора на следните претседателски избори да гласа по електронски пат.

Почитувани граѓани,

Нема да дозволиме СДС и Левица на чело со Филипче и Апасиев, да си создаваат алиби за дебаклот што ги чека на следните избори.

ВМРО-ДПМНЕ не работи по стапките на СДС, во чии редови очигледно им работи Фројд. Тоа што тие би го направиле, нам ни на мисли не ни поминува.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер