СветТрајните „привремени“ гранични контроли во Шенген зоната Во моментов контроли на внатрешните граници вршат 11 членки на Шенген зоната.Во годината кога се одбележува 40-годишнината од создавањето на Шенген зоната, повеќе европски земји, меѓу кои и оние кои некогаш беа движечката сила на заложбите за укинување на внатрешните граници во ЕУ, како Германија, денес воспоставуваат контроли на сите гранични премини и ги враќаат барателите на азил, правдајќи го ваквиот потег со зголемени безбедносни ризици и значителен прилив на илегални мигранти. Од воведувањето на Шенген зоната во 1995 година, цела една генерација Европејци израснаа во услови на слободно движење меѓу земјите од зоната, што ја олесна мобилноста на работната сила и размената на стоки, создавајќи придобивки за трговијата во рамки на единствениот европски пазар. Отсуството на гранични контроли меѓу членките на ЕУ се толкуваше како симболична и физичка манифестација на слободното движење на граѓаните, како една од врвните вредности на Европската унија. Но, од пред 10 години, како резултат на зголемениот мигрантски прилив, работите почнаа да се менуваат. Она што првично во 2015 година беше замислено како вонредна мерка - привремени гранични контроли на внатрешните граници во Шенген зоната, денес, десет години, подоцна станаа нормалност. Поттикнати од енормниот прилив на мигранти, повеќето земји тогаш решија да го активираат членот 25 од Кодексот за границите во Шенген зоната, врз основа на кој се овозможува воведување гранични контроли на внатрешните граници поради закани по јавниот ред и безбедноста. Од тогаш, повеќето земји членки на Шенген зоната, поради различни причини воведуваа привремени контроли на делови на своите граници, чија важност постојано се продолжува, со што се доведува под сомнеж нивниот времен карактер. Како причини за воведување на „времените“ контроли на внатрешните граници се наведуваат одржувањето на масовни политички или спортски настани, опасност по јавното здравје – како што беше случај за време на Ковид пандемијата, терористички или безбедносни закани и „секундарните движења“ на илегалните мигранти, односно влез на лица од трети земји на кои им биле одбиени барањата за азил во држава од Шенген зоната во која првично пристигнале или претходно престојувале. Во моментов контроли на внатрешните граници вршат 11 членки на Шенген зоната – Австрија, Бугарија, Германија, Данска, Италија, Норвешка, Полска, Словенија, Франција, Холандија и Шведска, првенствено поради „безбедносни парични“ или поради спречување на илегалната миграција. По правило, спречувањето на влезот на илегалните мигранти се правда со безбедносни или терористички ризици, иако доказите укажуваат дека мотивите за ваквите мерки повеќе се од социјални или локални причини, отколку поради заштита од криминал или тероризам. Но, според берлинскиот Институт за европски политики (ИЕП), овие мерки не се премногу делотворни за ограничување на илегалната миграција, а уште помалку за спречување на терористичките закани. Иако, со контролите се оневозможува влез на илегалните мигранти преку граничните премини, тоа не ги спречува, заедно со криумчарите на луѓе, да изнаоѓаат нови рути и начини за влез во земјите. Од друга страна, граничните контроли имаат негативно влијание врз трговијата поради чекањето на стоките на границите, а дополнително ја ограничуваат слободата на движење на граѓаните на Унијата и ја намалуваат меѓусебната доверба меѓу земјите членки на Шенген зоната. Како резултат овие „привремени“ гранични контроли, зачестија критиките на сметка на Европската комисија, вклучително и од страна на некои европратеници, дека не ја одиграла најадекватно својата улога како „чувар на договорите“ на ЕУ. Според нив, во услови на сложените преговори за реформи на Заедничкиот европски систем за азил (ЦЕАС), Комисијата им дала приоритет на желбите на земјите членки пред правото на ЕУ, вклучително и барањето за зголемување на максималниот временски рок за привремени гранични контроли од шест месеци на дури три години, под одредени услови. - Генерално, се чини дека навидум „привремени“, граничните контроли во одреден степен станаа прифатлива појава во наводно безграничната Шенген зона, оценува ИЕП. Тагови: Шенген гранични контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДемонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..Синоќа, во Цирих и Базел, Швајцарија избија немири за време на неодобрени демонстрации, при што демонстрантите палеле барикади и се судириле со полицијата. Во Цирих, неколку стотици луѓе се собрале во близина на улицата Лангштрасе и плоштадот Хелветија. Според градската полиција, демонстрантите почнале да се собираат околу 22:30 часот, а некои од нив носеле маски за Ноќта на вештерките. Учесниците на неодобрениот протест направиле барикади од контејнери за ѓубре, електрични тротинети и други предмети, а потоа ги запалиле. Zurich: Clashes in the city. Under the slogan «We are fed up» and citing the unrest in Europe, mostly hooded individuals are rioting. Police deploy water cannons, tear gas, and rubber bullets to bring situation under control. #SchoolProtests #StudentProtests https://t.co/MvWXWUWfT6 — LIVE1 (@LIVE1TV) November 1, 2026 Според полициското соопштение, група насилни демонстранти ги нападнале полициските службеници со пиротехнички средства, камења и шишиња. Полицијата одговорила со употреба на водени топови, солзавец и гумени куршуми. Во споредните улици дошло до нови судири со полицијата. Оштетени биле прозорци и инвентар, вклучително и прозорците на станицата за јавен превоз „Штауфахер“ (Stauffacher), како и излозите во близина на плоштадот „Хелветија“ (Helvetia). На улицата „Цвинглиштрасе“ (Zwinglistrasse) бил запален автомобил. Нешто по полноќ, група демонстранти нападнала и полициска патрола, која била повикана да интервенира поради повредено лице. Полициското возило било оштетено, а полицајците морале да застанат на страна пред да успеат да му помогнат на повредениот тинејџер. Од полицијата изјавија дека интервенциите биле дополнително отежнати од бројни набљудувачи, од кои некои фотографирале пред луѓе што активирале пиротехнички средства или пред запалени барикади. Ситуацијата главно се смири околу 01:30 часот по полноќ. Висината на причинетата материјална штета сè уште не е утврдена.Тагови: демонстранти Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканБугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Централната банка на Бугарија. Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја обезбеди поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА. Според Централната изборна комисија на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време. Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател. Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Влчев; тие ја уживаат поддршката на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и на Социјалистичката партија. Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие се поддржани од прозападните опозициски сили. ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаРусија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела ЕвропаРусија е сè поблиску до активирање на своето „ново око“ над Европа. Според медиумските извештаи, изградбата на огромен радарски комплекс во Калининград – руска област со силно воено присуство – е речиси завршен, пишува „Дојче веле“. Гледано од воздух, трите крака на овој простран комплекс, од кои секој е долг повеќе од 500 метри, изгледаат како трага оставена од некоја вонземска форма на живот среде инаку недопрена шума. Објектот, исто така, би можел да се спореди со платформа за слетување или лансирање, наменета за широката разузнавачка мрежа на Москва. Безбедносниот аналитичар Вајдотас Малинионис вели дека радарот е толку голем што може да „гледа“ зад закривеноста на Земјата. Еден поранешен литвански командант изјави за „Дојче веле“ дека радарскиот систем за надзор преку хоризонтот (OTH), кој се гради во близина на Гвардејск, ќе има домет од околу 3.000 километри. Ова би ѝ овозможило на Москва да ја контролира речиси цела Европа, како и целата територија на Украина. Според извештаите, системот би ѝ овозможил на Русија да пресретнува сателитски комуникации и да го детектира движењето на летала и балистички ракети. „Целта и намената на овој радар е набљудување на цели на големи растојанија и можност за рано предупредување. Сè уште не знаеме дали тој е оперативно способен да ги извршува тие задачи, но секако е во фаза на изградба“, додаде тој. Според „Тајмс“, ICEYE смета дека проширувањето на рускиот систем за надзорни радари со дострел зад хоризонтот покажува оти Калининград се развива во центар за напредни воени сензори и системи за електронско војување. „Новиот радар укажува на засилување на конкуренцијата меѓу Русија и НАТО за воена надмоќ и контрола врз Калининградската област“, истакна летонскиот геополитички аналитичар Евија Џатковица.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter