Трајковски: Даночна амнестија за вратените заштеди од Кипар - Канал 5

Трајковски: Даночна амнестија за вратените заштеди од Кипар

Директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски денеска изјави дека неговиот предлог за даночна амнестија на заштедите во странските банки станува атрактивен, особено по последните случувања во Кипар.

Трајковски: Даночна амнестија за вратените заштеди од Кипар
- Факт е дека законот за одданочување на депозити, Кипар го прави како неатрактивна дестинација. Она што го промовирав пред неколку години, односно можноста за даночна амнестија на нашите резиденти да го вратат капиталот во Република Македонија станува атрактивна затоа што Кипар нема да биде единствено решение. Ова ќе биде само почеток на она што ќе се случува во Европската унија како појава, истакна Трајковски.

Одговарајќи на новинарско прашање оцени дека македонскиот банкарски систем е солиден и тој треба да биде предизвик не само за македонските резиденти кои по пат на амнестија би го вратиле капиталот, туку и за коминтентите на странските банки да ги донесат заштедите во Македонија.

- Јасна е определбата на Владата дека нема да има нови даноци и зголемување на постојните, рече Трајковски.

Според професорот Зоран Ивановски, она што го прави во моментот Кипар со одданочувањето на заштедите од 10 проценти е резултат на состојбите и статусот на земјата и работењето на добар дел од кипарските банки надвор од регулираните банкарски процеси.

- Ова е преседан кој одеднаш ги прави дел од штедачите во кипарските банки значително посиромашни и тие губат од 7 до 10 проценти од своите заштеди и на тој начин ја сервисираат обврската по основ на заеми на кипарската Влада. Тоа е преседан кој може да има ефекти на банкарството и на штедачите и во други земји кои потенцијално може да се соочат со проблеми коишто ги има Кипар, истакна Ивановски.

Тој се надева дека ваквиот преседан нема да влијае на навиките на штедачите во Македонија затоа што државата е далеку од таква состојба каква што е онаа на Кипар.

- Она што можеме да го извелечеме како порака е дека и Европа е веќе заморена, особено Германија и несака нејзините даночни обврзници да го поднесуваат товарот на некои економски нерационални политики на други земји членки на ЕУ. Тоа е една порака дека сите земји треба да имаат нормална фискална и монетарна политика рационална со заемите земени од други земји, смета Ивановски.

Кипарската Влада одлучи да воведе данок од 6,75 отсто за сите кои имаат до 100.000 евра во тамошните банки, а од 9,9 отсто за оние со заштеда поголема од 100.000.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме - Две години работа, две години резултати, една љубов – Македонија

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

Две години работа, две години резултати, една љубов – Македонија. Со ова мото Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со директните средби со граѓаните и отчетот за преземената одговорност во Владата и Собранието.

Пред граѓаните во Велес, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, порача дека политиката мора да биде во функција на државата и интересот на граѓаните, а не борба за позиции.

„Не влеговме во Владата за фотелји. Влеговме затоа што веруваме дека Македонија може да биде подобро место за живеење и дека државата мора да се гради со работа, морал, одговорност и резултати.“ истакна Димитриевски.

Тој нагласи дека отчетноста не смее да биде само политичка фраза, туку обврска на секој што ја добил довербата од граѓаните. „Ние не се криеме зад партиски фрази и дневнополитички партиски соопштенија. Она што сме го направиле ќе го покажеме. Она што не сме го направиле ќе го кажеме. А она што останува пред нас ќе го завршиме. Македонија нема време за уште едни изгубени години“ порача претседателот на ЗНАМ.

ЗНАМ е единствената политичка партија во Македонија која по две години пред граѓаните излегува со конкретен отчет за својата работа и резултатите што ги постигнала, без коруптивни скандали, афери и лични интереси зад себе. Со тоа покажуваме дека политиката може да се води поинаку, со работа, одговорност и чесност.

На панел-дискусијата свое излагање за постигнатото во изминатите две години имаа и потпретседателот на ЗНАМ и пратеник, Павле Арсоски, кој се осврна на работата на Собранието и законските решенија, како и потпретседателот на Движењето ЗНАМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој говореше за мерките и политиките кои се спроведени за македонското земјоделство и домашното производство на храна.

Димитриевски порача дека за функционерите на ЗНАМ во Владата претстои уште многу работа, но и дека ЗНАМ ќе продолжи да биде политичка сила која ќе поддржи се што е добро за државата, но и ќе биде коректор, и ќе предлага нови сопствени решенија. Исто така ЗНАМ ќе биде отворена и за критики, сугестии и мислења од граѓаните. Затоа што ЗНАМ е формирана од граѓаните за граѓаните. За ЗНАМ Македонија е вредност, обврска и наша заедничка иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во две германски покраини: Нов тест за ЦДУ на Фридрих Мерц

Околу четири милиони луѓе со право на глас денеска излегуваат на покраинските избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, што се смета за нов сериозен тест за канцеларот Мерц.

Избори во две германски покраини: Нов тест за ЦДУ на Фридрих Мерц

Околу четири милиони луѓе со право на глас денеска излегуваат на покраинските избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, што се смета за нов сериозен тест за канцеларот Мерц, по изборниот дебекл пред две недели на изборите во Саксонија-Анхалт и во период на зголемен притисок врз германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Мерц го откажа планираното патување во Њујорк за Генералното собрание на Обединетите нации, а раководството на неговата Це-Де-У вечерва ќе одржи состанок по објавувањето на првите резултати.

Особено неизвесна е ситуацијата за партијата на Мерц во Мекленбург-Западна Померанија, каде последните анкети покажуваат тесна трка меѓу Социјал-демократска апртија и екстремно десничарската алтернатива за Германија, додека Це-Де-У е блиску до изборниот праг од пет проценти. Доколку остане под прагот, партијата првпат би останала без пратеници во покраинскиот парламент.. Во Берлин, пак, партијата на Мерц според анкетите е на второто место за германската левица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова тужба против гигантите во областа на вештачката интелигенција

Нова тужба против гигантите во областа на вештачката интелигенција: Обвинувања за договарање со цел забавување на развојот на вештачката интелигенција.

Нова тужба против гигантите во областа на вештачката интелигенција

Постапката е покрената од четворица именувани тужители кои плаќаат претплата за предметните услуги за вештачка интелигенција.

Во петокот, пред суд во Калифорнија, САД, беше поднесена нова тужба во која се тврди дека водечките компании за вештачка интелигенција незаконски се координирале за да го забават развојот на технологијата за вештачка интелигенција.

Тужителите тврдат дека таквите постапки ги прекршуваат правилата за фер конкуренција, бидејќи корисниците кои плаќаат претплата за услуги како ChatGPT, Claude, Grok и Gemini можеби добиваат помала вредност за своите пари.

Според тужбата, клучниот момент на наводната координација се случил на 12 септември. Тогаш извршниот директор на Anthropic, Дарио Амодеи, објавил есеј во кој ја повикува целата индустрија да соработува за забавување на развојот на вештачката интелигенција и понатамошно зајакнување на безбедносните мерки.

Истиот тој ден, според тужителите, Сем Алтман од OpenAI, Елон Маск од SpaceX/xAI и Демис Хасабис од Google DeepMind одговориле позитивно на неговите предлози. Тужбата ја иницирале четворица именувани тужители кои се претплатени на спорните услуги за вештачка интелигенција.

Тие се стремат да го прошират случајот за да вклучат предложена национална класа на други претплатници во Соединетите Американски Држави.

Во тужбата се тврди дека договорот меѓу главните конкуренти за да се обезбеди развој на вештачка интелигенција „побавно отколку што конкуренцијата би диктирала“ има негативно - поточно, антиконкурентско - влијание врз корисниците.

Главниот адвокат на тужителите, Ник Роули, даде остри тврдења во врска со потенцијалните ризици поврзани со развојот на вештачката интелигенција.

„Вештачката интелигенција брзо ќе излезе од човечка контрола и би можела да нè убие сите ако дозволиме безбедноста и протоколите на вештачката интелигенција да бидат регулирани од приватните, себични договори на најмоќните, профитни технолошки компании во светот“, рече Роули.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер