Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
МакедонијаПоведена постапка за злоупотреби во електронскиот систем на Универзитетот во ШтипПријавените, во својство на службени лица – вработени во Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип ја искористиле службената положба со што прибавиле за себе поголема материјална корист.Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против две лица поради сомненија дека како соизвршители сториле кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Компјутерска измама според член 251-б став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Пријавените, во својство на службени лица – вработени во Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип ја искористиле службената положба со што прибавиле за себе поголема материјална корист. Во периодот од 2021 до 2026 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени должности и овластувања, второосомничената, вработена како референт за студентски прашања на еден од факултетите, по добиени насоки од првиот осомничен раководител на Секторот за ,,Е-Индекс”, внесувала во информатичкиот систем на Универзитетот невистинити податоци. Со незаконити дејствија на менување, бришење или прикривање на податоците во базата за електронски индекс пријавените предизвикувале невистинити резултати при електронската обработка и преносот на податоците, а за сметка на тоа се стекнувале со материјална корист која во моментов се проценува на 21.000 евра. Јавниот обвинител до судијата на претходна достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.Тагови: Штип Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИталија: Односите со САД остануваат непроменети по победата на демократитеОдносите меѓу Италија и Соединетите Држави ќе останат непроменети по победата на демократите на изборите за американскиот Конгрес, изјави италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани.Тајани нагласи дека Италија „секогаш ја почитува волјата на американскиот народ“. Тој додаде дека САД се стратешки партнер на Рим и дека соработката ќе продолжи на истото ниво, без оглед на составот на американската администрација или Конгресот. „Ќе продолжиме да соработуваме со истата лојалност и коректност како што тоа го правевме со претходните администрации, без разлика дали биле предводени од претседатели од редовите на демократите или републиканците“, рече министерот. И партијата „Лига“ повика на почитување на изборните резултати, наведувајќи во соопштение за јавноста дека „гласот на народот мора секогаш да се почитува и да се разбере“. Според нив, гласањето ги одразува грижите на граѓаните во однос на војните, меѓународните тензии и порастот на трошоците за живот. Тие исто така изразија надеж дека исходот од изборите ќе го забрза изнаоѓањето решенија за ставање крај на конфликтите и воспоставување мир. Демократите ја преземаат контролата врз Конгресот На изборите одржани на 3 ноември, демократите обезбедија мнозинство во двата дома на американскиот Конгрес. Ова го означува крајот на периодот во кој републиканците ги контролираа и Претставничкиот дом и Сенатот. Новиот Конгрес, со демократско мнозинство, треба да ја преземе должноста во јануари 2027 година. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМП: Европската комисија ги препознава конкретните резултати од реформите во правосудствотоИзвештајот на Европската комисија за 2026 година нотира позитивни достигнувања во правосудството и го препознава напредокот во унапредувањето на законската и институционалната рамка во согласност со европските стандарди.Меѓу позначајните достигнувања се напредокот во спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудството 2024–2028, донесувањето на новиот Закон за Судскиот совет, кој во голема мера ги адресира препораките на Венецијанската комисија, како и донесувањето на новиот Закон за Советот на јавните обвинители. Во Извештајот се нотираат и донесувањето на законите за платите на судиите и јавните обвинители, новиот Закон за парничната постапка, напредокот во подготовката на Патоказот за владеење на правото, како и општата усогласеност на законската рамка за основните права со европските стандарди. За Министерството за правда, овие оценки претставуваат потврда за постигнатите резултати, но и дополнителна обврска за продолжување на реформите. Особено внимание во наредниот период ќе биде посветено на доследната примена на законските решенија и исполнувањето на препораките на Европската комисија. Министерството нагласува дека вистинскиот успех на реформите не се мери само преку донесените закони, туку и преку нивното влијание врз функционирањето на институциите и остварувањето на правата на граѓаните. Целта останува изградба на независен, професионален, транспарентен и ефикасен правосуден систем, во кој законот важи подеднакво за сите, а довербата на граѓаните се гради преку конкретни резултати, соопшти Министерството за правда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКрај на изборната драма во Израел: Изборните резултати доставени до претседателотПретседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) на Израел, судијата на Врховниот суд Ноам Солберг, денес му ги достави резултатите од предвремените парламентарни избори на израелскиот претседател Исак Херцог.По тој повод, тој изјави дека доведувањето во прашање на изборните резултати – од изборите што се одржаа на 27 октомври – претставува „реална опасност“ за демократијата. Говорејќи на официјална церемонија во резиденцијата на претседателот, Солберг истакна дека, дури и кога наводите за изборна измама би се покажале како точни, обемот на таквата измама не би бил доволен за да го промени исходот од изборите, пренесува „Тајмс оф Израел“ . „Во последните денови слушнавме гласови кои се обидуваат да фрлат сомнеж врз изборните резултати и да го поткопаат нивниот легитимитет. Ова претставува реална опасност. Еден од темелите на демократијата е можноста за мирољубива транзиција на власта. Ова произлегува од разбирањето дека сите сме обврзани од волјата на гласачите“, рече Солберг. Тој наведе дека наодите од истрагата утрово им биле претставени на членовите на ЦИК и дека наводите биле темелно испитани. „Во моментов, станува збор само за сомнежи. Но дури и ако тие се потврдат, опсегот на нивното потенцијално влијание е ограничен. Затоа, не е опција ниту задржување на резултатите од спроведените избори, ниту пак продолжување на мандатот на Кнесетот, чиј мандат веќе е завршен“, појасни Солберг. Тој додаде дека, следствено на тоа, ЦИК сега официјално ги објавува изборните резултати. „Доколку во иднина се пронајдат докази, ќе биде можно да се преземат правни дејствија преку поднесување приговор против изборните резултати“, рече Солберг. Според конечните резултати објавени од Централната изборна комисија на Израел, ниту еден блок не обезбеди апсолутно мнозинство од 61 пратеничко место во Кнесетот, кој брои 120 пратеници, за време на предвремените парламентарни избори. Блокот предводен од актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху освои вкупно 53 пратенички места: неговата партија Ликуд обезбеди 27, партијата Јахад 12, Обединет Тора јудаизам и Оцма Јехудит добија по седум, додека Шас и партијата Верски ционизам освоија по шест места. Опозицискиот блок, предводен од Гади Ајзенкот – лидер на партијата Јашар – освои вкупно 48 пратенички места; партијата Јашар обезбеди 21, Демократите освоија осум, а партијата Израел Бејтеину („Нашиот дом Израел“) доби седум. Арапските и палестинските партии освоија вкупно 19 пратенички места. Нетанјаху и неговите политички сојузници јавно ги обвинија арапските партии за изборни измами, вклучувајќи наводи за поткуп, закани, насилство и фалсификување гласови на избирачките места во арапските средини. Покрај политичките обвинувања, претседателот на Централната изборна комисија официјално побара од израелската безбедносна служба, Шин Бет, да ги истражи сознанијата и сомнежите за незаконско финансирање од странство, чија цел била влијание врз исходот од изборите. Извор: Б92Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00