Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Свет На изборите во САД демократите обезбедија мнозинство и во Претставничкиот дом и во СенатотДемократите победија на меѓуизборите во САД и од јануари ќе го преземат мнозинството и во Претставничкиот дом и во Сенатот на американскиот Конгрес, покажуваат прелиминарните изборни резултати.Со победи во Тексас, Ајова, Канзас и Јужна Каролина, демократите досега освоија 53 места во Сенатот, наспроти 42 за републиканците, со што го обезбедија мнозинството во горниот дом на Конгресот. Демократите водат и во Претставничкиот дом, каде засега имаат 220 места, наспроти 127 за републиканците. Според американските медиуми гласањето прерасна во своевиден референдум за политиките на Доналд Трамп, кого многу гласачи во САД го сметаат за одговорен за растот на цените и за влошената економска состојба. Сепак, Трамп иако ја честиташе неофицијалната победа на демократите во исто време за поразот ги обивни и дел од медиумите, како Фокс њуз кои важат за блиски до републиканците, поради како што рече тоа што имале многу гости од демократите. „Малку сум изненаден, мислев дека ќе направиме подобри резултати. Како што знаете, правото на вето е едно од најсилните овластувања што ги има претседателот. Ќе ми испраќаат неразумни предлози, а јас ќе ставам вето. И по неколку месеци ставање вето, ќе ми се јават и ќе ме прашаат како да ги средиме овие работи, па ќе ги решиме работејќи заедно. Имам многу пријатели кај демократите, верувале или не.“ изјави Доналд Трамп. Поранешниот американски претседател Барак Обама ја поздрави победата на демократите, оценувајќи дека гласачите испратиле јасна порака оти сакаат политика што обединува и лидери што нудат конкретни решенија. Едно од најзначајните појавувања во кампањата беше покрај прогресивниот демократ Абдул Ел-Сајед, кој ја освои трката за американскиот Сенат во Мичиген, станувајќи првиот муслиман избран во горниот дом на Конгресот. „Мичиген, успеавме! Јас се викам Абдулрахман Мохамед Ел-Сајед и чувствувам огромна гордост и чест што стојам овде како ваш новоизбран сенатор од големата сојузна држава Мичиген. Можеби сте забележале дека сè до овој момент секогаш велев ‘иншала’, односно ‘ако даде Бог’, секогаш кога ќе се споменеше исходот од оваа трка. Но денес, вечерва, тоа ‘иншала’ можеме да го претвориме во ‘алхамдулила’, односно ‘фала му на Бога’.“- изјави Абдулрахман Мохамед Ел-Сајед. Аналитичарот Џефри Сакс оценува дека изборниот исход значително ја ослабнал политичката позиција на Трамп, ќе му создаде проблеми, но и може да отвори нов простор за дипломатски решенија за Иран и Украина. „Неговата способност да управува со настаните сега е драматично помала отколку што беше вчера. Пораката до него е јасна и категорична. Во таа смисла, тоа е важно. Дали ќе се налути? Не сум психолог за да кажам. Мислам дека е интересно што веднаш рече дека ги прифаќа резултатите и дека ќе соработува со демократите. Ова е невообичаено за Трамп. Но, во американската политика, ова значи дека е крај на трампизмот. Тоа е она што е важно. изјави - Џефри Сакс. Победата на демократите значи нов политички баланс во Вашингтон и значително потешки последни две години од мандатот на Трамп, со посилна контрола врз неговата администрација, можни конгресни истраги и поголеми пречки за спроведување на неговите политики.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИталија: Односите со САД остануваат непроменети по победата на демократитеОдносите меѓу Италија и Соединетите Држави ќе останат непроменети по победата на демократите на изборите за американскиот Конгрес, изјави италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани.Тајани нагласи дека Италија „секогаш ја почитува волјата на американскиот народ“. Тој додаде дека САД се стратешки партнер на Рим и дека соработката ќе продолжи на истото ниво, без оглед на составот на американската администрација или Конгресот. „Ќе продолжиме да соработуваме со истата лојалност и коректност како што тоа го правевме со претходните администрации, без разлика дали биле предводени од претседатели од редовите на демократите или републиканците“, рече министерот. И партијата „Лига“ повика на почитување на изборните резултати, наведувајќи во соопштение за јавноста дека „гласот на народот мора секогаш да се почитува и да се разбере“. Според нив, гласањето ги одразува грижите на граѓаните во однос на војните, меѓународните тензии и порастот на трошоците за живот. Тие исто така изразија надеж дека исходот од изборите ќе го забрза изнаоѓањето решенија за ставање крај на конфликтите и воспоставување мир. Демократите ја преземаат контролата врз Конгресот На изборите одржани на 3 ноември, демократите обезбедија мнозинство во двата дома на американскиот Конгрес. Ова го означува крајот на периодот во кој републиканците ги контролираа и Претставничкиот дом и Сенатот. Новиот Конгрес, со демократско мнозинство, треба да ја преземе должноста во јануари 2027 година. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМП: Европската комисија ги препознава конкретните резултати од реформите во правосудствотоИзвештајот на Европската комисија за 2026 година нотира позитивни достигнувања во правосудството и го препознава напредокот во унапредувањето на законската и институционалната рамка во согласност со европските стандарди.Меѓу позначајните достигнувања се напредокот во спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудството 2024–2028, донесувањето на новиот Закон за Судскиот совет, кој во голема мера ги адресира препораките на Венецијанската комисија, како и донесувањето на новиот Закон за Советот на јавните обвинители. Во Извештајот се нотираат и донесувањето на законите за платите на судиите и јавните обвинители, новиот Закон за парничната постапка, напредокот во подготовката на Патоказот за владеење на правото, како и општата усогласеност на законската рамка за основните права со европските стандарди. За Министерството за правда, овие оценки претставуваат потврда за постигнатите резултати, но и дополнителна обврска за продолжување на реформите. Особено внимание во наредниот период ќе биде посветено на доследната примена на законските решенија и исполнувањето на препораките на Европската комисија. Министерството нагласува дека вистинскиот успех на реформите не се мери само преку донесените закони, туку и преку нивното влијание врз функционирањето на институциите и остварувањето на правата на граѓаните. Целта останува изградба на независен, професионален, транспарентен и ефикасен правосуден систем, во кој законот важи подеднакво за сите, а довербата на граѓаните се гради преку конкретни резултати, соопшти Министерството за правда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветКрај на изборната драма во Израел: Изборните резултати доставени до претседателотПретседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) на Израел, судијата на Врховниот суд Ноам Солберг, денес му ги достави резултатите од предвремените парламентарни избори на израелскиот претседател Исак Херцог.По тој повод, тој изјави дека доведувањето во прашање на изборните резултати – од изборите што се одржаа на 27 октомври – претставува „реална опасност“ за демократијата. Говорејќи на официјална церемонија во резиденцијата на претседателот, Солберг истакна дека, дури и кога наводите за изборна измама би се покажале како точни, обемот на таквата измама не би бил доволен за да го промени исходот од изборите, пренесува „Тајмс оф Израел“ . „Во последните денови слушнавме гласови кои се обидуваат да фрлат сомнеж врз изборните резултати и да го поткопаат нивниот легитимитет. Ова претставува реална опасност. Еден од темелите на демократијата е можноста за мирољубива транзиција на власта. Ова произлегува од разбирањето дека сите сме обврзани од волјата на гласачите“, рече Солберг. Тој наведе дека наодите од истрагата утрово им биле претставени на членовите на ЦИК и дека наводите биле темелно испитани. „Во моментов, станува збор само за сомнежи. Но дури и ако тие се потврдат, опсегот на нивното потенцијално влијание е ограничен. Затоа, не е опција ниту задржување на резултатите од спроведените избори, ниту пак продолжување на мандатот на Кнесетот, чиј мандат веќе е завршен“, појасни Солберг. Тој додаде дека, следствено на тоа, ЦИК сега официјално ги објавува изборните резултати. „Доколку во иднина се пронајдат докази, ќе биде можно да се преземат правни дејствија преку поднесување приговор против изборните резултати“, рече Солберг. Според конечните резултати објавени од Централната изборна комисија на Израел, ниту еден блок не обезбеди апсолутно мнозинство од 61 пратеничко место во Кнесетот, кој брои 120 пратеници, за време на предвремените парламентарни избори. Блокот предводен од актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху освои вкупно 53 пратенички места: неговата партија Ликуд обезбеди 27, партијата Јахад 12, Обединет Тора јудаизам и Оцма Јехудит добија по седум, додека Шас и партијата Верски ционизам освоија по шест места. Опозицискиот блок, предводен од Гади Ајзенкот – лидер на партијата Јашар – освои вкупно 48 пратенички места; партијата Јашар обезбеди 21, Демократите освоија осум, а партијата Израел Бејтеину („Нашиот дом Израел“) доби седум. Арапските и палестинските партии освоија вкупно 19 пратенички места. Нетанјаху и неговите политички сојузници јавно ги обвинија арапските партии за изборни измами, вклучувајќи наводи за поткуп, закани, насилство и фалсификување гласови на избирачките места во арапските средини. Покрај политичките обвинувања, претседателот на Централната изборна комисија официјално побара од израелската безбедносна служба, Шин Бет, да ги истражи сознанијата и сомнежите за незаконско финансирање од странство, чија цел била влијание врз исходот од изборите. Извор: Б92Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook