Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...
2Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...
3Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
ФудбалФИФА тестираше три нови правила, аут со нога,....На премиерното Светско првенство и фестивал за играчи до 15 години, ФИФА тестираше три експериментални правила. Натпреварите се играа со неограничен број замени, аутите се изведуваа со шутирање на топката, а прекршоците за офсајд се досудуваа само во зоната од 14 ментри пред голот. Турнирот се одржа во Баку од 24 до 30 октомври, со учество на 189 екипи од сите шест конфедерации. Титулата во највисоката „Категорија А“ ѝ припадна на Шпанија, која во финалето на 30 октомври ја совлада Чешка со 3–0. Во текот на една недела беа одиграни 932 натпревари, при што беа постигнати вкупно 4.505 голови – просек од 4,83 по натпревар. На натпреварот со најмногу погодоци беа постигнати 21 гол. Игра со осум играчи во поле и неограничени замени. Целта на ФИФА беше да се овозможи динамична игра со многу напаѓачки акции, па затоа натпреварите се играа со осум играчи во секој тим и со неограничен број замени, со што се укина претходното ограничување од пет замени. Ова им овозможи на тренерите почесто да ги ротираат играчите и да управуваат со нивното физичко оптоварување, истовремено давајќи им можност за настап на поголем број членови од тимот. Натпреварите се одвиваа на помали терени, со димензии 68 на 47 метри, при што се користеа голови со стандардни димензии. Наместо да се уфрла со раце, топката се враќаше во игра со нозе. Со ова, ФИФА имаше за цел да го забрза продолжувањето на играта и да им овозможи на младите играчи повеќе допири со топката, како и повеќе можности за развој на нивната техника. Исто така, беше променето и правилото за офсајд: играчот можеше да се најде во офсајд само откако ќе влезеше во одредена зона, која започнуваше на 14 метри од голот на противникот. „На оваа возраст, играњето е најважното нешто. На младите играчи им се потребни значајни натпревари, различни противници и разновидни фудбалски искуства за да напредуваат. Талент има насекаде, но можностите за младите не се секогаш еднакви. Овој турнир им дава шанса на играчи од целиот свет да се натпреваруваат, да учат и да се развиваат“, изјави Арсен Венгер, шеф на ФИФА за глобален развој на фудбалот. Венгер додаде дека ФИФА сака да осигури секој талентиран играч да биде забележан, да добие можности за тренинг и играње, и на тој начин да може да го достигне својот полн потенцијал. На турнирот учествуваа играчи родени во 2011 и 2012 година. Натпреварите се состоеја од две полувремиња по 20 минути, а секој тим имаше право да пријави 14 играчи и до шест членови на стручниот штаб.Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаЅвезда нема да го пушти Крис Џонс!Старо-новиот грчки кошаркарски великан, ПАОК испрати фантастична понуда во вредност од 3.000.000 евра за плејмејкерот на Црвена ѕвезда, Крис Џонс, објави грчкиот портал SDNA. Сепак, „црвено-белите“ немаат намера да се откажат од еден од своите најдобри играчи. Џонс има важечки двегодишен договор со клубот од Мали Калемегдан и нема дозвола да го напушти тимот. Американецот пристигна во Ѕвезда минатото лето од Хапоел Тел Авив и брзо стана еден од најважните играчи во тимот. Во Евролигата, Џонс има просек од 8,8 поени и 5,9 асистенции. Според тоа, ПАОК ќе мора да побара друго засилување на позицијата плејмејкер.Тагови: Евролигата Црвена ѕвезда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПретседателот на САД најде нов виновник за целосниот дебакл и жестоко го нападна Претседателот на САД, Доналд Трамп најде нов виновник за изборниот дебакл на републиканците на американските избори на средината од мандатот–телевизиската мрежа „Фокс њуз“, која некогаш ја сметаше за еден од своите најголеми сојузници.Откако демократите ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот, американскиот претседател во средата остро ја нападна една конзервативна телевизиска станица, обвинувајќи ја дека придонела за поразот со тоа што редовно ги канела демократите во својата програма. Тој беше особено разгневен од гостувањето на поранешниот градоначалник на Њујорк, Бил де Блазио, кого жестоко го нападна во објава на социјалните мрежи. „Зошто ’Фокс њуз‘ (Fox News) го држи во програма Бил де Блазио, најлошиот градоначалник во историјата на Њујорк, додека тој беснее и брбори како лудак? Тој го напушти градот со срам, а штетата што ја направи е немерлива – градот никогаш повеќе не беше ист, а сега тој ни кажува како да ја водиме Америка“, напиша Трамп. Потоа тој директно го обвини „Фокс њуз“ за изборниот неуспех на републиканците, префрлајќи ѝ на телевизијата што ги канела политичките противници во програмата. „Fox News сноси одговорност за овие порази бидејќи постојано и упорно им дава простор на опозиционерите од редовите на ’глупократите‘ (dumbocrats) и оние уште полошите. БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ АМЕРИКА! Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, заклучи американскиот претседател во својата објава. Инаку, Трамп претходно им честиташе на демократите за нивниот успех на меѓумандатните избори одржани во вторникот и призна дека врз поразот на републиканците влијаело и прашањето за Иран, додека демократите се подготвуваат да ја преземат контролата врз Конгресот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаЈаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници.Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 претставува значаен стратешки документ што го препознава придонесот на образованието во создавање сообраќајна култура и долгорочно унапредување на безбедноста во сообраќајот, рече министерката за образование и наука проф. -д-р Весна Јаневска на промоцијата на новата Стратегија. „Образованието е еден од најмоќните превентивни механизми. Знаењата, ставовите и навиките што придонесуваат за безбедно учество во сообраќајот треба да се развиваат од најрана возраст, почнувајќи од предучилишното воспитание и продолжувајќи низ сите нивоа на образовниот процес. Темите за безбедноста во сообраќајот се интегрирани во воспитно-образовната работа, преку наставни и воннаставни активности, како и кампањи во соработка со Министерството за внатрешни работи, со стручни организации и со единиците на локалната самоуправа“, посочи министерската Јаневска, додавајќи дека податоците за сообраќајните незгоди и ризичното однесување на младите учесници во сообраќајот укажуваат дека е неопходен уште покоординиран пристап. Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието ќе работи на дополнително унапредување на воспитно-образовните содржини и активности со кои учениците ќе стекнуваат практични знаења, ќе ги препознаваат ризиците во сообраќајот и ќе развиваат навики за одговорно и безбедно однесување, вклучително и за правилна употреба на заштитната опрема. Јаневска нагласи дека успешната едукација не е можна без подготвени наставници и современи наставни ресурси и затоа, дел од активностите ќе бидат насочени кон јакнење на компетенциите на наставниот кадар и обезбедување соодветни едукативни материјали и алатки за работа со учениците. Ја поддржа идејата за јакнење на безбедносните зони околу училиштата, парковите и центрите на населбите, преку партнерства со општините и граѓанските организации. „Создавањето побезбедна средина околу местата каде што престојуваат децата е заедничка обврска на сите институции и на целата заедница. Подеднакво важно е младите да стекнат основни знаења и вештини за соодветно постапување во првите критични минути по сообраќајна незгода, во соработка со Црвениот крст и со здравствените институции“, рече министерката. Успехот на Стратегијата зависи од способноста за заедничко и координирано делување. Јаневска ги охрабри училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници да градат трајна култура на безбедност, неопходна како одговор на ризиците со кои се соочуваме како општество.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00