МакедонијаТрајков: Поголема искористеност на ЕУ фондовите за подобар живот на граѓанитеЗаменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска оствари работна средба со градоначалникот на општина Велес, Марко Колев, соопштија од Министерството.На средбата се разговарало за потребите и капацитетите на општината за искористување на средствата од европските фондови во реализација на проекти од интерес за граѓаните. -При тоа, заменик-министерката за европски прашања Трајков беше информирана од градоначалникот Колев за степенот на искористеност на овие фондови. Со цел рационално менаџирање на европските фондови, заменик-министерката за европски прашања Трајков ја потенцираше подготвеноста на министерството да помогне во делот на дообучување на кадарот како и помош при аплицирањето на истите а се со цел поголема искористеност на средствата од ИПА и ИПАРД програмите, се вели во соопштението. Градоначалникот на Велес, Колев, на средбата ги презентирал проектите поддржани од ЕУ, со особен акцент на реализираната изградба и уредување на кејот на десната страна од реката Вардар во Велес, како дел од проектот "Креативни можности во туризмот" со поддршка на ЕУ, во рамките на прекугранична соработка на нашата држава со Грција чија цел е развој на локалната економија. -Истакнувајќи дека по 20 години велешани добија модерно уреден кеј, градоначалникот на Велес, Колев ја посочи важноста на поддршката на ЕУ во реализацијата на проектите со кои се подобрува животот на граѓаните, во што, како што кажа, се надева на поддршката и на Министерството за европски прашања во реализацијата на инфраструктурните проекти за велешани, велат од Министерството. На средбата биле прецизирани и конкретни чекори во насока на подобрување на капацитетите на општината за поголемо искористување на средствата од европските фондови кои се на располагање.Тагови: Трајков ЕУ фондови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПолски автобус се преврте во Унгарија; 12 загинатиДванаесет лица загинаа, а најмалку десет се повредени откако полски автобус се преврте во текот на ноќта на автопат во источна Унгарија. Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја соопшти веста за несреќата во објава на Фејсбук утрово пренесува Ројтерс. Рано утринава, автобус излета во канал и се преврте на автопатот М3, во близина на градот Мезехерестеш. Полицијата соопшти дека возилото се движело кон градот Њиреѓхаза. Државната новинска агенција МТИ известува дека во автобусот имало 57 патници и двајца возачи. Истрага за причините Во соопштението, полицијата наведе дека автобусот излетал во канал и се превртел на дел од патот што бил прав. „Првичните информации укажуваат на тоа дека возачот веројатно заспал“, се наведува на веб-страницата на полицијата. Потврдено е дека возачот на автобусот е приведен, а сите повредени се пренесени во болница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
МетеоСончево со температури до 36 степениВремето денес според Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 35 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минутиПоголема фреквенција на возила има и на граничните премини. Зголемен број возила е регистриран утрово на патиштата низ земјава, особено на делниците надвор од населените места, информира Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државната патна мрежа генерално се одвива без поголеми проблеми, а коловозите се суви и проодни. Поголема фреквенција на возила има и на граничните премини. На ГП Табановце се бележи задржување од околу 30 минути при излез од Македонија, додека најголемо чекање има на ГП Богородица, каде возачите и патниците во моментов се задржуваат околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања при влез или излез од државата. Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината кон условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Се препорачува дополнително внимание при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од појава на одрони. Посебна внимателност се советува на патните правци Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево. АМСМ ги повикува учесниците во сообраќајот да возат внимателно и да ги почитуваат ограничувањата, особено во услови на зголемен сообраќаен интензитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20