3 Научниците тврдат дека погрешно ги сметаме кучешките години – Еве колку всушност е возрасно вашето куче
ЖивотТрагедија во САД: Двегодишно дете си ја застрелало 4- годишната сестричка Четиригодишно девојче загинало во САД, откако во неа пукал со пиштол нејзиниот двегодишен брат. Во тоа време, нивниот татко ја плаќал сметката за гориво на бензинската пумпа.Трагичната несреќа се случила во вторникот околу 11 часот во американскиот град Честер, Пенсилванија. Имено, момчето си играло во автомобилот со пиштолот на татко му, кој случајно испукал и ја погодил неговата сестра. Татко им во тоа време бил во продавницата. Штом го слушнал истрелот веднаш истрчал надвор и го однел девојчето во болница, но таму можеле само да констатираат смрт. Таткото го поседувал пиштолот легално, полицијата се уште се обидува да открие како момчето воопшто стигнало до него во возилото. Џек Столштајмер, обвинител на округот Делавер, рече дека сè уште не поднеле обвинение бидејќи истрагата е сè уште во тек. „Кој го повлече чкрапалото и зошто пиштолот воопшто му беше достапен? Ова се прашања на кои треба да добиеме одговори“, рече Столштајмер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Градежништвото силен двигател на македонската економијаЗавршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра.“ Градежништвото е силен двигател на македонската економија. Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 % споредено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и додаде: Завршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра. Растот на градежништвото е добар поддржувач на домашната економија. Овие бројки покажуваат дека политиките на Владата даваат резултати, инвестициите во: - автопати - експресни патишта - железница - над 1200 проекти во општините - аеродроми ќе продолжат со уште позасилено темпо. Ја поставуваме државата вистинска стратешка раскрсница на Балканот. Ја градиме Македонија-напиша заменик претседателот на Владата, Николоски. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг - СДСМ ги разобличува нивните лагиОткако СДСМ јавно го објави документот за ново задолжување на граѓаните од 1,3 милијарди евра владата се обидува да се оправдаат со нови лаги и манипулации. СДСМ повторно ги разобличува нивните лаги. 1.Според објавените податоци на Министерството за финансии, во јавниот долг заклучно со јуни 2026 година не е вкалкулиран новиот долг од 350 милиони евра на ЈП за државни патишта (ЈПДП). Значи Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг. Но очигледно Кочовска го крши и Законот за јавен долг во кој стои дека во јавен долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата. Долгот за ЈПДП е сокриен и не постои во последната табела за јуни оваа година бидејќи со него веќе долгот би бил над 11 милијарди евра. Значи со фингирани табели мафта Кочовска. Позадината на сето ова е во подмолната операција која ја смислија криминалната организација со одлуката ЈПДП директно да се задолжува. Тоа имаше за цел шверцерски да го намалат дефицитот во буџетот. Но бидејќи пари во Буџетот нема сега сакаат да го фингираат и јавниот долг. Ова веќе не е прашање на политичко толкување, туку прашање на законитост, точност и кредибилитет на официјалните финансиски податоци на државата. 2.Обидувајќи се да се оправда за зголемувањето на долговите на 12 милијарди евра, односно 65% од БДП, Кочовска влета во нова лага. Ако задолжувањето од 1,3 милијарди евра било планирано за 2027 година зошто одлучувале на седница на Влада 5 месеци порано и 4 месеци пред крајот на тековната година? Вистината е сосема спротивна. Вистината е дека владата на Мицкоски нема пари во буџетот и може да ја затвори ниту оваа фискална година без ново задолжување. Вистината е дека се преговара и за нови долгови со некои кредитори. Вистината е дека до крајот на годината ќе мора да има ново поголемо надворешно задолжување и тоа ќе биде екстремно скапо со вонредно висока камата. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВисоките температури во Република Српска ги затворија училиштата до 11 септемвриСпоред одлуката на министерството, наставата ќе биде одложена во периодот од 4 до 11 септември 2026 година.Министерството за образование и култура на Република Српска ги информираше основните и средните училишта во ентитетот дека почетокот на наставата ќе биде одложен поради екстремно високите температури и несоодветните услови за одвивање на образовниот процес. Според одлуката на министерството, наставата ќе биде одложена во периодот од 4 до 11 септември 2026 година. Како што соопштија од министерството, одлуката е донесена првенствено со цел да се заштити здравјето и безбедноста на учениците и вработените во училиштата, како и да се обезбедат соодветни и безбедни услови за спроведување на наставата.Тагови: Република Српска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook