Тошковски: Отворени нови простории за разговор со деца во СВР Струмица - Канал 5

Тошковски: Отворени нови простории за разговор со деца во СВР Струмица

Отворени нови простории за разговор со деца во СВР Струмица – чекор кон похуман и посензитивен пристап во постапувањето со децата.

Тошковски: Отворени нови простории за разговор со деца во СВР Струмица

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на свеченото пуштање во употреба на новоуредените простории за разговор со деца во Секторот за внатрешни работи Струмица, активност што се реализира во рамките на проектот „Шведска поддршка на полициските реформи во Република Северна Македонија“.

На настанот присуствуваа амбасадорот на Кралството Шведска во РепубликаМакедонија, Ола Солстром, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, како и претставници на институциите и проектните тимови.

Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека отворањето на овие простории претставува значаен чекор во унапредувањето на системот на правда за деца и воспоставувањето повисоки стандарди во постапувањето со децата кои доаѓаат во контакт со институциите.

„Со отворањето на овие простории не создаваме само нов функционален простор, туку воспоставуваме повисок стандард во третманот на децата. Заедно со веќе воспоставените капацитети во СВР Битола и планираните простории во СВР Тетово и СВР Скопје, градиме систем кој ќе обезбеди еднаков, професионален и достоинствен третман на секое дете на целата територија на државата“, истакна министерот Тошковски.

Тој нагласи дека новите простории ќе овозможат полициските службеници и стручните лица да постапуваат во средина прилагодена на возраста, психолошките и емоционалните потреби на децата, што е особено важно во случаи на семејно и родово базирано насилство, кога безбедната и доверлива средина е предуслов за навремена заштита и ефикасно институционално постапување.

Министерот потенцираше дека квалитетот на една институција се мери и според начинот на кој се грижи за најранливите категории граѓани, нагласувајќи дека секое дете, без разлика дали е жртва, сведок или лице во судир со законот, заслужува достоинствен третман, целосна заштита на своите права и професионален пристап кој ќе спречи секундарна виктимизација.

Воедно, Тошковски упати благодарност до Амбасадата на Кралството Шведска, Шведската агенција за меѓународен развој и Мисијата на ОБСЕ во Скопје за нивната долгогодишна поддршка во јакнењето на капацитетите на Министерството за внатрешни работи и унапредувањето на полициските реформи.

Министерството за внатрешни работи останува цврсто посветено на континуирано унапредување на професионалните стандарди, развојот на капацитетите и зајакнувањето на соработката со домашните институции и меѓународните партнери, со цел изградба на систем кој ќе обезбеди најдобра можна заштита и поддршка за секое дете.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер