Топлотните бранови и сушата ги отежнаа условите за искачување на Мон Блан: Условите се ужасни - Канал 5

Топлотните бранови и сушата ги отежнаа условите за искачување на Мон Блан: Условите се ужасни

Пукнатини и камења големи како фрижидер: оваа година обележана со суша и топлотни бранови, пристапот до врвот на Мон Блан стана особено тежок и опасен, за жал на планинарите кои сонуваат да стапнат на покривот на Алпите.

Топлотните бранови и сушата ги отежнаа условите за искачување на Мон Блан: Условите се ужасни

Официјално, ниту еден од седумте правци кои водат до врвот, на 4.807 метри, не е затворен, но условите за пристап на крајот на јули се толку лоши што според експертите се едвај достапни дури и за најискусните алпинисти.

Причината е недостатокот на снег во текот на зимата, кој ги изложува голите сивкасти површини на глечерите, а топлината го направи останатото, предизвикувајќи кревките снежни мостови кои овозможуваат премин преку процепите да се стопат.

Во малиот град Шамони, во подножјето на белиот Мон Блан на југоистокот на Франција, сезоната се уште е во полн ек. Туристите се собираат на Aiguille du Midi (3842 метри), еден од врвовите, каде што илјадници пристигнуваат секој ден со жичара.

Шкотланѓанецот Еван Варден и неговиот 14-годишен син Дејвид сакале да одат по глечерот под Егил. Таму откриле „страшни“ услови. „Секаде каде што одевме, имаше постојани одрони на камења и постојано се отвораа пукнатини“, објаснува момчето кое тренирало на планините во Шкотска.

И двајцата првично се надевале дека ќе се искачат на Мон Блан, но ја напуштиле замислата, зашто било „премногу ризично“. „Можеби следната година... Ќе биде утре, ќе биде следниот месец или следната година. Нема да исчезне“, вели таткото.

Моника и Мартен Антеун, двојка во четириесеттите од Норвешка, исто така сонувале да се искачат на Мон Блан, откако „чекале три години“. Но, водичот им испратил порака дека нивниот обид за искачување е откажан поради временските услови. „Мислам дека водичите ја знаат областа и условите. Тоа е во ред, можеме да се искачиме подоцна“, вели Моника.

Компаниите-водичи во Шамони и Сен Жерве, што исто така се наоѓа во подножјето на Мон Блан, во средината на јули објавија привремено прекинување на искачувањето на планината преку „нормалната“ рута Gouter, поради паѓање на карпи низ коридорот познат како „кулоарот на смртта“. Пристапот останал отворен за независните водичи.

Многу високите температури неодамна ја дестабилизираа планината, забележува Ное Верите, чувар на засолништето Cosmiques, кое се наоѓа на друга рута - Троа Монтс.

Во моментов, само „десет или дваесет луѓе дневно“, главно искусни алпинисти, стигнуваат до врвот на Мон Блан, во споредба со 100 до 120 луѓе во нормални времиња, проценува Оливие Грберт, претседател на Здружението на водичи од Шамони.

„Ова искачување е дел од кариерата на планинарот“, објаснува Греберт: „Мон Блан понекогаш има репутација за лесно искачување, но тоа не е така, особено оваа година“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украинците нападнаа рафинерија и воздушна база во Русија (ВИДЕО)

Ноќеска, украинските сили нападнаа голема рафинерија за нафта во регионот Ленинград во северозападна Русија и воздухопловна база во регионот Краснодар. 

Украинците нападнаа рафинерија и воздушна база во Русија (ВИДЕО)

Според извештаите од каналот Телеграм, кој ја следи војната, нападите биле извршени со беспилотни летала, пишува Киев Индепендент.

Пожар во рафинерија за нафта

Една од најголемите руски рафинерии, Киришинефтеоргсинтез, попозната како Кинеф, се запали по напад во регионот Ленинград. Каналот Телеграм Ексиленова Плус објави дека објектот бил погоден од украинските сили. Рафинеријата е под западни санкции наметнати од сојузниците на Украина, вклучувајќи ги и САД.

Гувернерот на регионот Ленинград, Александар Дрозденко, потврди дека „е пријавен пад на беспилотно летало во близина на рафинеријата во округот Кириши, што предизвика пожар“. Тој исто така рече дека 62 беспилотни летала биле соборени над регионот.

Експлозии во воздухопловната база и други региони

Во исто време беше погодена и воздухопловна база во градот Јејск во регионот Краснодар во јужна Русија. Сведоци пријавија серија моќни експлозии во областа.

Каналот „Егзиленова Плус“, повикувајќи се на снимки од очевидци, објави дека украински беспилотни летала биле забележани и над Смоленскиот регион. Сè уште не е познато дали тие погодиле цели таму. Гувернерот на Смоленскиот регион, Василиј Анохин, претходно изјави дека сирените за воздушен напад биле активирани поради заканата од беспилотни летала.

Експлозии беа пријавени и во текот на ноќта во Брјанскиот регион, но локалните власти сè уште не ја коментираа ситуацијата. Деталите не можат да бидат независно потврдени.

Продолжени напади врз руската инфраструктура

Украина редовно извршува напади врз воената инфраструктура длабоко на руска територија и на окупираните територии. Целта на овие операции е да се ослабне способноста на Москва да продолжи да води војна.

Претходната ноќ, на 29 август, украинските сили нападнаа магацин на рускиот онлајн трговец на мало „Озон“ во Ростов на Дон, потег што го потврди компанијата. Во исто време, имаше извештаи за напади на неколку локации во Ростовскиот регион.

Генералштабот на украинската војска објави дека во ноќната операција на 29 август биле погодени и руски воени цели на окупираните територии на Украина. Целите биле објекти за складирање, подготовка и лансирање на борбени беспилотни летала во окупираниот Донецк и во селото Гвардијске во близина на Симферопол на Крим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Национален дата центар е и обврска од реформската агенда, сега Филипче се противи и на европски проекти

СДС и Венко Филипче секојдневно критикуваат кога е во прашање развој на индустријата поврзана со дата центри. 

Лефков: Национален дата центар е и обврска од реформската агенда, сега Филипче се противи и на европски проекти

Индустрија која е иднина, индустрија која се развива во светот, но Филипче од само нему познати причини се противи.

Во оваа прилика да му објасниме и на Филипче и на неговиот другар Зоран Заев кој се уште очигледно му дава насоки за работа.

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци. Затоа на Македонија и треба основен, примарен, национален дата систем за чување на сите податоци од сите институции.

Македонија како држава има проект во делот на реформската агенда со ЕУ за изградба на национален дата центар. Притоа ЕУ обезбедува финансии и финансиска помош, а Македонија има обврска да изгради основен, примарен национален дата центар.

Ова е начин да се заштитат податоците на државните институции од евентуални сајбер напади, односно податоците да бидат сигурни.

Ова е тоа за што СДС се противи, а само да потсетиме во време на нивната влада имаше напад на системот на ФЗО и граѓаните не можеа да ги остварат своите права, не можеше да се исплаќа породилно, да се прави поврат на средства за лекови и слично.

Оттука евидентно е дека СДС се противи на развој на индустрија која значи заштита на лични податоци на секој поединец, заштита на државни податоци, рече Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Покрај кејот во Охрид е пронајдена неексплодирана бомба

На 28.08.2026 во 15.33 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското езеро во близина на кеј „Македонија“, пронајдена е неексплодирана бомба. 

Покрај кејот во Охрид е пронајдена неексплодирана бомба

Местото е обезбедено од страна на полициски службеници по што, бомбата е безбедно подигната од страна на преставник од Дирекција за заштита и спасување, за натамошна постапка, соопштуваат од СВР Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер