ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба некој да ги посочи, СДС сами се препознаа дека е талог кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта
2ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба некој да ги посочи, СДС сами се препознаа дека е талог кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта
Веб ТВТоплотен бран во Македоија, зголемен бројот на интервенции на итната помошFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканФото: Драма во Србија, спасено момче заглавено на карпа висока 15 метриПогледнете ја акцијата за спасување на момче заглавено на карпа висока 15 метриДрамата во манастирот „Преображение“ во Овчар Бања заврши со успешна акција на пожарникарите-спасувачи, кои безбедно ги спуштија од стрмната карпа висока 15 метри заробеното момче и двајцата монаси, кои први пристигнале на помош. Вистинската драма се одвиваше синоќа во близина на манастирот „Преображение“ во Овчар Бања, кога момчето се искачи на непристапна карпа висока околу 15 метри, од која не можеше безбедно да слезе. Момчето дошло во манастирот со своите родители по повод празникот Преображение, кога во манастирскиот двор имало голем број верници и деца. Во еден момент, тоа се оддалечило и се искачило на стрмна карпа, а ситуацијата станувала сè поопасна. Кога виделе дека детето е во неволја, двајца монаси тргнале кон него за да се обидат да му помогнат, но и тие се нашле на непристапен терен. Набрзо на местото на настанот пристигнале припадници на Противпожарната и спасувачка единица и ја започнале сложената операција за извлекување. Со брза, смирена и професионална интервенција, пожарникарите-спасувачи успеале безбедно да ги спуштат момчето и двајцата монаси. Операцијата завршила без повреди, а детето било вратено кај родителите. Првите фотографии од местото на настанот сведочат за тешкиот терен на кој се одвивало спасувањето, но и за присебноста и храброста на припадниците на Противпожарната и спасувачка единица. Во знак на благодарност за успешното спасување, еден од монасите им подари икона на пожарникарите. Уште една интервенција беше успешно спроведена – без повреди и со безбедно враќање на детето во прегратките на родителите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
ЖивотМЗ: Светска недела на доењетоДоење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира!По повод Светската недела на доење, што годинава се одбележува под мотото „Доење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира“, Министерството за здравство потсетува дека доењето е најприродниот и најбезбедниот начин на исхрана на новороденчињата и доенчињата. Мајчиното млеко ги обезбедува сите неопходни хранливи материи за правилен раст и развој, го зајакнува имунитетот, го намалува ризикот од бројни заболувања и придонесува за подобро здравје и на мајката и на детето. Согласно препораките на Комитетот за доење, УНИЦЕФ и СЗО, се препорачува исклучиво доење во првите шест месеци од животот, а потоа продолжување со доење, заедно со соодветна дополнителна исхрана, до две години или подолго, во согласност со потребите на детето и желбата на мајката. Министерството за здравство останува посветено на унапредување на здравствените политики што обезбедуваат поддршка за доењето, преку јакнење на капацитетите на здравствените установи, едукација на здравствените работници и континуирана поддршка на бремените жени, мајките и нивните семејства. По повод Светската недела на доењето, Министерството повикува на заедничка одговорност и поддршка од здравствените работници, институциите, работодавачите, семејствата и целата заедница, бидејќи создавањето услови за успешно доење е инвестиција во здравјето на сегашните и идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба некој да ги посочи, СДС сами се препознаа дека е талог кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежтаНема потреба некој да ги посочи што се и кои се СДС.СДС на чело со Венко Филипче се самопрепозна дека е талогот кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта. Подолг временски период, во јавноста функционира општествен слој кој го труе народот со дефетизам, со приказни дека оваа држава нема да успее, дека единствен нешто што им останува на младите е иселувањето и секој државен успех се обидува да го релативизира. Тоа е многу јасна стратегија за во народот да се создаде чувство на несигурност, страв за иднината и со тоа да го уништат чувството на надеж кај граѓаните и сето тоа го прават луѓе кои секој викенд од летниот период се на јахти по морската шир. Згора на тоа што нивната грижа им е единствено да не си скратат од своите летни задоволства, додека уживаат на скапите јахти, се нудат и договараат да спроведат нови идентитетски отстапки и национални предавства. Секако, во замена, странски агентури да ги донесат на власт, како некогаш што го донесоа менторот на Филипче, Зоран Заев, без победа на избори. Разликата е тоа што сега се навреме разоткриени и за тоа јавно се зборува и граѓаните уште еднаш нема да дозволат национални предавства, во замена за некој да ужива во добриот живот и бенефициите кои ги нуди власта. Овој пат граѓаните имаат партнер и заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе се изборат и ќе ги спречат матните планови на овие коишто се препознаваат дека се талогот кој со сите сили се бори да ја убие надежта кај народот. Додека некој се крие и ужива и на овие тропски температури, се лади на луксузни јахти, ВМРО-ДПМНЕ останува со и меѓу народот и заеднички ќе ги победиме сите што се против државата. На Македонија местото и во европското семејство и тоа ќе го постигнеме на достоинствен начин, со реформи и исполнување на Копенхашките критериуми, не како што некој посакува со нови предавства, понижени и обезличени. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09