Според овој портал, актерот треба да биде дел од каскадерски потфат.
Планот за претстојното затворање е Том Круз да се спушти од врвот на стадионот „Франција“ и да слета на теренот носејќи го официјалното олимписко знаме.
На овој начин знамето на Олимписките игри би му било предадено на Лос Анџелес, кој ќе биде следниот домаќин на овој спортски настан во 2028 година.
Инаку, Том Круз е во Париз, каде што гледал некои натпревари, како пливање и гимнастика.

Тој го привлече вниманието на публиката, а многу од нив сакаа да се сликаат со холивудската суперѕвезда.