Токсични пријателства на вашите деца, што можете, а што никако не смеете да направите? - Канал 5

Токсични пријателства на вашите деца, што можете, а што никако не смеете да направите?

Вашето дете сè почесто се враќа од училиште вознемирено. Еден другар му рекол нешто лошо, го споредил со друг врсник во негативно светло или го натерал да се чувствува помалку вредно и способно за нешто.

Токсични пријателства на вашите деца, што можете, а што никако не смеете да направите?

Како родител, имате природна потреба да го заштитите вашето дете, но можеби сепак ќе треба да се воздржите пред да отрчате кај тоа дете и да го предупредите за неговото однесување. Но, како возрасен, разбирате дека не е добра идеја да се однесувате импулсивно.

Што го прави токсично однесувањето на детето?

Изразот „токсично“ се користи грубо да се опише неубавото однесување на едно дете кон друго. Токсичен пријател не е некој што еднаш ќе каже нешто злонамерно, а потоа ќе се покае и ќе се извини.

Кога сакате да го потврдите вашето сомневање дека вашето дете или туѓото е токсично, запрашајте се дали однесувањето се повторува постојано и доследно во повеќе ситуации. Ова за „HuffPost“ го изјавила Ен-Луиз Локхарт, педијатриски психолог од Тексас. Можно е овие деца дури и да се извинат, но ваквите другари го повторуваат однесувањето и детето може да се најде во „маѓепсан круг“. Или може да се однесуваат љубезно кога се присутни возрасните, но покажуваат грубост кога никој не ги гледа.

-Ако вашиот другар постојано ве омаловажува, навредува и кажува лоши работи за вас и ве турка во проблем и лошо расположение, дали навистина ви е другар?- рекла Локхарт. Одговорот може да не биде толку јасен за вашето дете.

Според психологот Ерин Леонард, која напишала многу на оваа тема, на овие деца им „недостига одредена емоционална регулација и емоционална интелигенција“. Некои од нив, вели таа, можеби имаат недијагностицирано опозициско пркосно нарушување, нарушување во однесувањето кое ги прави непријателски настроени кон сите со кои се во интеракција, а не само кон другите деца.

Други може да покажат непријателско и нељубезно однесување поради несигурна приврзаност. Токсичен пријател е „дете кое не знае дека е несигурно“, рече Леонард, „дете кое се чувствува длабоко несигурно, а тоа го компензира со нарцисоидност“. На овој начин сака да ја компензира несигурноста.

-За да се чувствуваат сигурно во другарството, овие деца мора да понижат друго дете – објаснува Леонард. Карактеристично за токсичните деца е што се потполно несвесни за своите постапки и воопшто не им е грижа за зборовите кои ги засегаат другите деца.

Како едно дете може да реагира на токсичното однесување на друго дете?

Иако е разбирливо вашето дете да се чувствува одбранбено и да сака да возврати со потсмев, најчесто ваквата ситуација ескалира во конфликт и може да доведе до тоа и двете деца да бидат подеднакво одговорни за неправдата и проблемот, а не е така. Што воедно може да биде токму она што токсичниот другар го посакува.

Постојат неколку начини на кои вашето дете може да одговори за да го исклучи однесувањето на на токсичниот другар.

-Посоветувајте го вашето дете да го игнорира таквото однесување и да се оддалечи. Конфликтот се избегнува кога вашето дете одбива да учествува во размената.

=Ако тоа не функционира, кажете му да постави граница. Вашето дете може едноставно да каже: „Треба да престанеш да кажуваш лоши работи (да ме задеваш или исмејуваш).“ Ако пријателот ја премине одредената граница, детето треба да го именува однесувањето и отворено да каже: „Ти си злобен““. Ме навредуваш“, „Непристоен си“... Со именување на она што се случува, вашето дете одбива да биде испровоцирано и да реагира со поголема злоба.

-Или можете да го посоветувате вашето дете да се согласи со другото и да одговори нешто неочекувано. Можеби звучи чудно, но ова може да биде опција за деца кои се постари и имаат пософистицирана смисла за хумор.

- Кога некој ќе каже нешто што не ви се допаѓа, понекогаш ако одговорите или направите нешто неочекувано, може да им го одвлече вниманието од задевањето, објаснува Локхарт. На пример, ако детето рече: „Зошто ја читаш таа книга? Тоа е за бебиња“, вашето дете може да одговори: „Уаа, уаа, јас сум бебе“. Детето кое го дало непријатниот коментар веројатно нема да знае како да реагира на тоа.

Како родителот може да помогне?

Најважното нешто што треба да го направи родителот е да ја испочитува болката на своето дете и да не го намалува проблемот. Ако му дозволите да биде загрижено и покажете разбирање, тогаш вашето дете ќе се отвори и ќе продолжи да разговара со вас. Наместо да скокате со предлози, сослушајте го вашето дете и направете простор за неговата болка.

Откако ќе ги сослушате и потврдите неговите чувства, разговарајте со вашето дете за стратегиите, како горенаведените, кои би можело да ги користи за да го одврати злонамерното однесување. Можете да играте улоги со вашето дете за да му помогнете да открие кои одговори би можеле да му помогнат.

Тие, исто така, можат да разговараат со вас по инцидентот и да споделат како се чувствувале со тоа што ќе кажат што направиле или што би можеле да кажат наместо тоа. Ако вашето дете тешко разбира дека однесувањето на другарот е токсично, Локхарт предлага да разговарате за тоа што го прави еден другар добар. Таа дури препорачува да направите список со карактеристики.

Филмовите и телевизијата се уште еден добар начин да ги вклучите децата на тема пријателство. Можеби се поотворени да зборуваат за интеракциите на измислените ликови отколку за луѓето во нивните животи.

Што не треба да прават родителите?

Кога разговарате со вашето дете за неговиот другар, можеби ќе ви биде примамливо да кажете некорисни и лоши работи за таа личност или за нејзиното однесување. Но, ако сакате да го инспирирате вашето дете да биде подобра личност, треба да се спротивставите на овој нагон.

Според психологот Локхарт, ние најчесто правиме претпоставки за однесувањето на луѓето и ги етикетираме како насилници и токсични, а всушност тие личности можеби се повредени и не знаат да се справат со тоа. Можеби не ни сфаќаат дека се бесчувствителни. Затоа не треба да дозволуваме нашите деца да избрзуваат со заклучоци и да ги осудуваат другите луѓе за нивното однесување, кога не знаеме што го поттикнува истото.

Втората работа која сте во искушение да ја направите е да се упатите директно во училиштето и веднаш да разговарате со наставникот или родителот на другото дете? И тука треба да се воздржите.

-Во обидот да го реши проблемот, родителот само ќе го влоши, а тоа е понижувачко и срамно за децата. Исто така, тоа им кажува дека не знаете како да го решите вашиот проблем - предупредува психологот.

Наместо да скокаме за да ги спасиме, можеме да им помогнеме на децата „да се залагаат за себе и да го пронајдат својот глас“. Вашата цел не е, барем не примарно, да го доведете другото дете во неволја. Сакате да му помогнете на вашето дете да развие алатки што би ги користело во случај да наиде на вакво однесување, во која било средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макрон пронајде спас за кризата на Блискиот исток: Договорени се 200.000 тони дизел месечно

Францускиот претседател Емануел Макрон се согласи да се испорачуваат 200.000 тони дизел месечно од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин, објави денес Елисејската палата.

Макрон пронајде спас за кризата на Блискиот исток: Договорени се 200.000 тони дизел месечно

100.000 тони дизел месечно ќе бидат испорачани од ОАЕ, а истата количина ќе биде испорачана на францускиот пазар од Бахреин, објави „Ле Фигаро“.

„ТоталЕнерџис“ клучен логистички оператор

- Околу 95.000 тони веќе се пуштени од Саудиска Арабија, но само за месеците октомври и ноември. Вкупно, или 295.000 тони, претставува 10 проценти од потрошувачката на дизел во Франција - се вели во соопштението.

Испораката на овие количини ќе ја изврши групацијата „ТоталЕнерџис“, која ќе биде и оператор задолжен за купување дополнителни количини дизел пласирани на пазарот.

- Имаме дефицит на дизел, бидејќи сме голем увозник. Нема да ни недостасува дизел оваа зима - изјави за новинарите извршниот директор на „ТоталЕнерџис“, Патрик Појан, кој го придружува Макрон во посета на Заливот.

Макрон на турнеја на Блискиот Исток

Макрон ја започна турнејата низ земјите од Блискиот Исток во понеделник, а првата станица на неговото патување беше Кувајт, по што следеа посети на ОАЕ и Бахреин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајкула до смрт изгриза жена, додека пливала покрај брегот на Јужна Африка (ВИДЕО)

Ајкула нападна и уби 65-годишна жена додека утрово пливала покрај популарна плажа на југоисточниот брег на Јужна Африка. 

Ајкула до смрт изгриза жена, додека пливала покрај брегот на Јужна Африка (ВИДЕО)

Нападот се случил на плажата Ориент во градот КуГомпо, порано познат како Ист Лондон, јавува CBS. Полицијата била повикана на местото на настанот околу 7 часот наутро по локално време, каде што го пронашле телото на жена со отворени рани.

Според локалните медиуми, жената редовно пливала на таа плажа, а во времето на нападот била во морето со група други пливачи. Локалната заедница известила дека други пливачи ја забележале перката и опашката на ајкулата. Жената претрпела сериозни повреди на десната рака и нога.

По нападот, градските власти ги затворија блиските плажи и ги повикаа граѓаните да не влегуваат во морето. „Потврдено е дека напад од ајкула се случил утрово на плажата Ориент, кој завршил трагично“, објавија градските власти.

Пред еден месец, ајкула уби маж во Австралија

Нападот во Јужна Африка доаѓа околу еден месец откако ајкула уби маж кој пливал покрај брегот на Западна Австралија. Фаталните напади од ајкули се релативно ретки, но Јужна Африка веќе има регистрирано вакви случаи.

Според податоците од Меѓународната датотека за напади од ајкули на Универзитетот во Флорида, во 2025 година низ целиот свет се регистрирани 65 неиспровоцирани каснувања од ајкули, во споредба со 47 претходната година. Девет напади завршиле со смрт.

Еден таков напад е регистриран во Јужна Африка минатата година, кој бил фатален. Во САД имало 25 неиспровоцирани напади, од кои еден бил фатален, додека во Австралија имало 21 напад, вклучувајќи пет смртни случаи. Јужна Африка регистрирала два фатални напади од ајкули во 2022 година. Меѓу жртвите била 39-годишна жена која била на одмор со својот сопруг и мало дете.

Истражувачите велат дека средбите меѓу луѓето и ајкулите можат да бидат под влијание на голем број фактори, вклучувајќи го зголемувањето на крајбрежната популација, зголемениот број луѓе што живеат во морето, промените во животната средина и промените во областите каде што се движат ајкулите и нивниот плен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епилог на грабежите од саботата: Министерот откри колку лица се уапсени по немирите во Франција (ВИДЕО)

По насилните сцени на маргините на протестите против високите трошоци за живот во саботата и понатамошните судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили во недела навечер, во понеделник беше воведен ноќен и „локализиран“ полициски час. 

Епилог на грабежите од саботата: Министерот откри колку лица се уапсени по немирите во Франција (ВИДЕО)

Зборувајќи од судницата во Лил, во северна Франција, министерот за правда, Жералд Дарманин, ја пофали „големата решителност“ на обвинителите.

Тој потсети дека судството покажува „исклучителна решителност“ во справувањето со грабежите, „бидејќи оние што го прават тоа го предаваат имиџот на Франција“.

„Задачата на судството е да спроведува правда во име на Републиката и францускиот народ и да не дозволи да се создаде впечаток дека луѓето треба да ја земат правдата во свои раце за да спречат да бидат ограбени, нападнати или нивниот имот да биде ограбен“, продолжи министерот за правда.

Тој изрази задоволство од „исклучително значајните мерки за кривична правда“.

„Додека зборувам, 149 лица се во затвор. Оние што ограбиле мора да ја надоместат штетата“, рече министерот за правда.

Жералд Дарманен тврди дека „оние што ограбиле мора да ја надоместат штетата предизвикана од нивното ограбување“. Министерот конкретно ја спомена даночната и социјалната поддршка што владата им ја обезбедува на трговците.

Тој утре наутро ќе одржи состанок со претставници на здружението на работодавачи Медеф, сите претставници на трговците, трговските судови, работните судови и судството, „за да биде присутно и судството и да ги слушне проблемите со кои се соочуваат деловните субјекти“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер