Француските власти воведоа полициски час во Париз и други градови по викендот исполнет со немири и грабежи - Канал 5

Француските власти воведоа полициски час во Париз и други градови по викендот исполнет со немири и грабежи

Француските власти воведоа полициски час во Париз и други градови по викендот исполнет со немири и грабежи.

Француските власти воведоа полициски час во Париз и други градови по викендот исполнет со немири и грабежи

Во Париз, ограничувањата важат во делови од центарот.

Полициски час е воведен и во Марсеј, Бордо, Ница, Лион и Лил.За време на протестите уапсени се повеќе од 2.500 лица, а околу 1.000 полицајци се повредени.

Министерот за внатрешни работи на Франција призна дека полицијата изгубила контрола во некои градови.Протестите започнаа со барања за подобри услови во училиштата, а потоа се проширија.

Демонстрантите протестирале и против високите трошоци за живот и влошувањето на јавните услуги.

Премиерот Себастијан Лекорну им дозволи на градоначалниците да воведат полициски час каде што е потребно.владата најави финансиска помош за обновување на областите погодени од насилството.

Повеќе од 2.000 продавници и други бизниси претрпеле штети за време на немирите.

Според француската стопанска комора, штетите се проценуваат на стотици милиони евра.француските власти анализираат снимки од безбедносните камери за да ги идентификуваат одговорните за насилството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?

Владата да престане со евтиниот ПР-театар и конечно да одговори на суштинското прашање на народот: чии функционери спасувавте со измените на Кривичниот законик и кому му требаше ова доцнење за делата за висока корупција конечно да застарат? 

Зајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?

Либерално-демократската партија (ЛДП) потсетува дека во септември 2023 година беа намалени казните, а со тоа скратени и роковите за застареност, што овозможи низа предмети за злоупотреба на службената положба да завршат во фиока без судска разрешница. Особено е лицемерно денес Владата да се „пере“ пред јавноста и да бара оправдување во Брисел, откако во јануари годинава нивното мнозинство експресно го одби амандманот на ЛДП за итно враќање на строгите казни и заштита на државниот буџет. Сите се сеќаваме што бранеа и што одбиваа на почетокот на оваа година оставајќи си слобода за криминално работење.

„Уште во јануари предупредив дека со ваквите закони функционерите повторно добиваат амнестија поради застареност, но го одбија нашиот амандман. Денес пак најавуваат реформи и испраќање текстови во Брисел, иако новата ЕУ Директива 2026/1021 јасно бара подолги рокови за гонење на корупцијата. Европските стандарди не се пречка, туку бараат ефикасна правда. Ајде да се обложиме – ќе го чепнат ли воопшто институтот застареност за висока корупција во новиот текст или пак си оставаат вратички? Ако сте искрени, прифатете ги нашите предлози: вратете ги строгите казни веднаш! Еве им го мојот глас уште утре во Собранието“, порача Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во Собранието.

Додека Владата се крие зад нови рокови, најави и дипломатски процедури, реалноста на теренот е дека правдата што намерно се одложува сѐ додека не застари, за граѓаните значи само едно – системска неказнивост. Народот не е должен да трпи манипулации во кои мандатите на функционерите траат четири години, а кривичните предмети намерно се држат во фиоки сѐ додека не ги изеде времето.

ЛДП бара Владата веднаш да го објави подготвениот текст на Кривичниот законик, наместо прво да го шета по странски ходници, за сопствените граѓани, пратеници и правната фела да видат дали навистина има волја за борба против криминалот.

Доколку владејачкото мнозинство има искрена намера да го сопре институционалниот колапс, уште оваа недела ќе ги прифати барањата на ЛДП за драстично зголемување на казните и продолжување на роковите за застареност за сите избрани и именувани лица!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги стави во употреба новите специјални комунални возила

 ЈП Комунална хигиена-Скопје започна да ги употребува новите специјални комунални возила наменети за собирање и транспорт на комуналниот отпад на територијата на градот Скопје и одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги стави во употреба новите специјални комунални возила

ЈП Комунална хигиена-Скопје започна да ги употребува новите специјални комунални возила наменети за собирање и транспорт на комуналниот отпад на територијата на градот Скопје и одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини, што Претпријатието ги стекна преку донација од Министерството за транспорт и врски и Градот Скопје.

Станува збор за камиони со зафатнина од 21, 17, 8 и 3 кубни метри, автоцистерни наменети за машинско миење на улиците, како и специјализирани метларки наменети за машинско метење.

Преку ставањето во употреба на новите специјални комунални возила се очекува значително да се зголеми ефективноста и ефикасноста на извршувањето на оперативните активности на Претпријатието на терен.

Претпријатието продолжува и со поставувањето на новите садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, а досега е извршена замена на приближно 500 контејнери. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, вршат и рачно миење на сите локации каде што се поставуваат новите садови за одлагање на отпадот.

Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 960 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 210 кубни метри отпад од диви депонии.

Во истиот период, беа подигнати и транспортирани 3150 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 23 записника за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: Сопственик на златара се обидел да криумчари 4 милиони денари вреден златен накит преку Богородица

Четири милиони денари вреден златен накит, што тетовчанец, сопственик на златара, се обидел да го кримчари во перница за врат, е запленет од царински службеници на граничниот премин Богородица.

Царинска управа: Сопственик на златара се обидел да криумчари 4 милиони денари вреден златен накит преку Богородица

Против сторителот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик.

Кривичното дело е откриено при контрола на автобус, кој сообраќал на релација Истанбул - Гостивар. На прашањето дали имаат нешто да пријават, ниту еден од патниците не пријавил стока за царинска контрола, по што е извршен детален преглед. Притоа, во внатрешноста на перницата за врат што ја носел осомничениот, се откриени 77 парчиња златен накит со тежина од 612 грама.

Во предистражната постапка на Одделението за истраги се обезбедени докази дека лицето, откако го купил златниот накит од златарска работилница во Истанбул, имало намера нелегално да го пренесе во државава и да го продава во својот златарски дуќан.

Царинската управа продолжува со активностите насочени кон заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување услови за фер економија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер