ЖивотТинејџер од Шкотска починал,откако изведувал предизвик од ТикТок- мајката со апел до родителитеТинејџер од Шкотска бил пронајден мртов откако учествувал во онлајн предизвик кој му го одзел животот исто како што тоа минатиот месец му се случило на неговиот врсник Арчи Батерсби.Мајката, Лорин Китинг на 25 август го пронашла Леон Браун (14) во собата како не реагира. Сега таа издаде очајно предупредување до другите родители и истакна колку опасни можат да бидат трендовите на Интернет. Таа за Daily Record раскажа како Леон се обидел да го изведе предизвикот Blackout, тренд на социјалните мрежи каде луѓето го задржуваат здивот додека не се онесвестат. Пријателот на нејзиниот син рекол дека Леон го направил предизвикот на Facetime откако го видел на TikTok. "Мојот Леон сакаше прво да го проба. Тој и неговите пријатели веројатно мислеа дека сето тоа е смешно и дека е шега. Еден од неговите пријатели на Facetime ми кажа што направил. Таа рече дека сите мислеле дека ќе се разбуди. Но Леон не се поврати“, рекла мајката. "Слушнав за овој предизвик затоа што му се случи на Арчи Батерсби. Но, едноставно не очекувате вашето дете да го направи тоа. Ве молиме предупредете ги, овие онлајн предизвици не вредат за нивниот живот. Не вредат за лајкови", додаде таа. Леон бил ученик во средното училиште Камберно. "Тој беше најсреќното момче досега. Сакаше да ги насмее луѓето. За Леон секогаш сè беше шега", рекол Китинг. Мајката на Арчи Батерсби, Холи Денс неодамна тврдеше дека 82 деца загинале во обидот за истиот предизвик. Зборувајќи за Мирор во своето прво интервју по смртта на Арчи, таа рече дека социјалните мрежи не прават доволно за да ја спречат штетната содржина на интернет. „Тоа е достапно, ги принудуваат нашите деца да ги прават овие предизвици, тоа е одвратно. Луѓето кои ги покажуваат овие предизвици се возрасни, а не деца. Тие се болни. Овие луѓе треба да одговараат“, рекла Денс. Таа додаде дека неодамна на интернет пронашла видео од маж во неговите 30-ти, кој демонстрира како да го направите овој предизвик со тоа што ќе си врзете нешто околу вратот. На 7 април, Денс го пронашла Арчи онесвестен во нивниот дом во Саутенд, откако се обидувал да го направи предизвикот. Лекарите во лондонската болница соопштиле дека тој претрпел ужасни повреди на мозокот. По долготрајна правна битка за продолжување на неговото лекување, Арчи бил симнат од апаратите за одржување во живот на 6 август и починал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МетеоУтре сончево и топло со мала до умерена облачностСончево и топло со мала до умерена локална облачност. Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 36 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени. За време на викендов времето претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. А во новата работна седмица ќе биде сончево и топло, со услови за слаба локална нестабилност во попладневните часови.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
БалканВучиќ: Хаг ја сакаше смртта на Младиќ зад решетки, ќе биде погребан според желбата на семејствотоТој испрати остра порака кон Хашкиот трибунал. Србија ќе организира сè за достоинствен погреб на Ратко Младиќ доколку тоа го побара неговото семејство, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој рече дека се подготвени како државата да помогнат, но оти Србија сè уште нема официјално известување од Хаг за смртта на Младиќ. Тој испрати остра порака кон Хашкиот трибунал. Младиќ кој почина вчера во затворот во Хаг на 85-годишна возраст, беше осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина. -Сега видовме дека Хаг сакаше Младиќ да почине зад решетки. Тие не сакаа генералот да почине во Србија, да умре каде што сакаше. Тоа е антицивилизациско однесување, однесување без преседан и без оправдување.- изјави Вучиќ Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)Тајфунот Саудел двапати го погоди источниот брег на Кина во петок наутро. Властите евакуираа луѓе и ги запреа возовите и фериботите, објави Ројтерс.Тајфунот го погоди градот Таиџоу околу 8 часот наутро по локално време и градот Венџоу еден час подоцна. Ова е трет тајфун што ја погодува покраината Жеџијанг оваа година. Саудел ќе донесе обилни дождови во Жеџијанг и Фуџијан, покраина на југоисточниот брег, со можност за локални поројни дождови, соопшти кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Додека тајфунот се движи кон внатрешноста, може да донесе обилни дождови во други региони на покраината, вклучувајќи ги Хубеи, Гуангси и Јунан. Владата на Венџоу нареди евакуација на повеќе од 820.000 луѓе, додека властите во Таиџоу суспендираа осум линии за патнички фериботи и идентификуваа 52.000 луѓе кои треба да бидат евакуирани, објави државниот радиодифузер „CCTV“. #BreakingNews Typhoon Saudel has JUST made landfall in Zhejiang!🌧️Before the storm hit, Chinese and foreign volunteers joined forces to help warn local residents at Yancang Community near Ningbo’s Old Bund on Aug 27. French expat Samy, a community expat, shared his experience.… pic.twitter.com/5Jp7epqfkN — WowNingbo (@WowNingbo) August 28, 2026 Железничкиот оператор „China Railway Shanghai Group“ привремено ги суспендираше некои услуги на неколку линии во Жеџијанг од четврток до петок, според „CCTV“. Фуџијан во четврток започна итни мерки против тајфунот. Проектите по должината на брегот се суспендирани, а 57 патнички фериботски линии се затворени. Извор: Б92Тагови: Кина тајфун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter