Тимот Peugeot TotalEnergies е подготврен за големoт предизвик на „24 часа Le Mans“ - Канал 5

Тимот Peugeot TotalEnergies е подготврен за големoт предизвик на „24 часа Le Mans“

24 часа Le Mans: тимот Peugeot TotalEnergies е подготврен за големoт предизвик на „24 часа Le Mans“.

Тимот Peugeot TotalEnergies е подготврен за големoт предизвик на „24 часа Le Mans“

- Тимот Peugeot TotalEnergies ќе се натпреварува со два PEUGEOT 9X8 хиперавтомобили на 92-то издание на „24 часа Le Mans“.

- Целта е да се има максимална доверливост и да се прикажат перформансите кај PEUGEOT 9X8 2024

- Дваесет и три прототипи ќе се натпреваруваат во елитната категорија на хиперавтомобили, а се очекуваат повеќе од 320.000 фанови и посетители за време на лудилото што се нарекува „недела на Le Mans“.

Откако минатогодишното издание привлече рекордна толпа од 325.000 фанови, „24 часа Le Mans“ оваа година е повторно распродаден. Билетите за настанот во оваа 2024 година, беа буквално распродадени за неколку дена.

Да се ​​соочиме со тоа, љубителите на трките ги имаат сите причини да дојдат. Тие можат да очекуваат многу возбуда на патеката „Circuit de la Sarthe“, со дваесет и три прототипи и девет престижни производители на автомобили, кои се натпреваруваат во елитната класа на хиперавтомобили. Оваа 24-часовна тркачка патека е најдолгата (13.626 km) и најбрзата (просечна брзина поголема од 240 km/h) патека на светскиот шампионат на издржливост на FIA.

„Le Mans е вкоренет вo ДНК кодот на брендот PEUGEOT. Сеќавањата и емоциите што се чувствуваат на овој култен настан се протегаат низ генерациите“, изјави Jean-Marc Finot, Потпретседател на Stellantis Motorsport и додаде: „Ентузијазмот што го видовме на Le Mans во 2023 година, покажа колку силно фановите го поддржуваатPEUGEOT. Оваа година се враќаме порешителни од кога било. Тимот работеше неуморно повеќе од една година за да се пласира на стартната линија на 15 јуни. Овогодинешната трка ќе биде историјска во однос на големината и квалитетот на натпреварот. „24 часа Le Mans“ е уникатна авантура за човекот“.

Тимот Peugeot TotalEnergies во трката влезе со две верзии на PEUGEOT 9X8 2024. Тимот има намера да ја покаже доверливоста на автомобилот и придобивките од перформансите направени во овој радикално изменет хиперавтомобил, кој го имаше своето натпреварувачко деби на „6 часа Imola“ на почетокот на април, по само десет месеци развој.

„Навистина сме задоволни што успеавме да го возиме овој автомобил за прв пат на Imola“, истакна Olivier Jansonnie, технички директор на Peugeot Sport. „Да се развие хиперавтомобил кој е за 90% нов во однос на каросеријата и тоа за само десет месеци, со сѐ времето за производството за делови и алати е навистина импресивно достигнување. Овој подвиг возможен го направи тимската работа на екипата на Peugeot TotalEnergies“.

На своето натпреварувачко деби, PEUGEOT 9X8 2024 ги обезбеди првите бодови на WEC за тимот во оваа сезоната со деветтото место на „6 часа Imola“. И покрај тоа што се соочи со многу силна конкуренција, три недели подоцна PEUGEOT 9X8 2024 постигна уште еден пласман да заврши помеѓу првите десет на листата на „6 часа Spa-Francorchamps“.

„Справување со сите моменти за време на трката и придобивките од перформансите беа во согласност со нашите очекувања и она што го забележавме за време на зимските тестирања“, потврди Olivier Jansonnie. „Сепак, нема сомнеж дека сè уште треба да се подобриме. Со околу дваесет хиперавтомобили на патеката, видовме како ѝ најситните детали можат да ја направат разлика. Во Imola и Spa, благодарение на одличната стратегија и напорната работа на сите во тимот, трката ја завршивме пред побрзите болиди. Доколку ги погледнете перформансите на болидот, очигледно е дека ние го подобривме исходот, иако реално сеуште не го достигнуваме резултатот на кој се надевавме. Историски гледано, Le Mans е една од најуникатните трки“, објасни Olivier Jansonnie. „Се разбира тука е автомобилот, неговата брзина и сигурност, но се работи и за подготовка на тимот, стратегија за трката и тн.

Нашите подготовки започнаа во јули 2023 година, откако темелно го разгледавме 91-то издание, гледајќи што функционира добро, каде би можеле да се подобриме и сл. Минатата година беше нашиот прв пат да се вратиме на Le Mans по долго време и оваа година дефинитивно ќе бидеме подобро подготвени. Минатата година, во во 2023 времето беше многу променливо и тимот Peugeot TotalEnergies успеа максимално да ги искористи незгодните услови. 94 PEUGEOT 9X8 ја водеше трката цели 34 круга среде ноќ и двата болида ја поминаа целната линија на најголемата трка во светот!

Оваа година реално не размислуваме на резултатот. Нашиот единствен фокус е кон тоа да обезбедиме трката да минува без проблеми и да обезбедиме максимална сигурност. Ќе имаме појасна идеја за тоа каде стоиме во однос на перформансите по тест денот и соодветно ќе го прилагодиме нашиот пристап кон трката“.

Нашите подготовки започнаа во јули 2023 година, откако темелно го разгледавме 91-то издание, гледајќи што функционира добро, каде би можеле да се подобриме и сл. Минатата година беше нашиот прв пат да се вратиме на Le Mans по долго време и оваа година дефинитивно ќе бидеме подобро подготвени. Минатата година, во во 2023 времето беше многу променливо и тимот Peugeot TotalEnergies успеа максимално да ги искористи незгодните услови. 94 PEUGEOT 9X8 ја водеше трката цели 34 круга среде ноќ и двата болида ја поминаа целната линија на најголемата трка во светот!

Оваа година реално не размислуваме на резултатот. Нашиот единствен фокус е кон тоа да обезбедиме трката да минува без проблеми и да обезбедиме максимална сигурност. Ќе имаме појасна идеја за тоа каде стоиме во однос на перформансите по тест денот и соодветно ќе го прилагодиме нашиот пристап кон трката“.

Денот за тестирање треба да се одржи во недела на 9 јуни. Тимовите и возачите ќе имаат шест часа време за да ја искусат патеката “24 Heures du Mans“ (13.626 km). Три тренинзи и квалификации ќе се одржат во среда на 12 и четврток на 13 јуни. Потоа ќе следи “Hyperpole“ каде ќе се натпреваруваат осумте најдобри хиперавтомобили. 92-тото издание на „24 часа Le Mans“ официјално ќе започне во сабота на 15 јуни во 16 часот од страна на победникот на Светскиот куп во 1998 година, Zinédine Zidane.

„24 часа Le Mans“ е огромна мотоспорт забава која ги обединува навивачите, семејствата и љубителите на трките од целиот свет. PEUGEOT верува дека овој настан ќе биде одличен спортски фестивал. Во фан зоната на PEUGEOT, фановите ќе имаат можност да се соберат, да ја следат трката, да уживаат во забавата и да танцуваат на музика. Тоа ќе биде можност за фановите да се дружат додека навиваат за PEUGEOT.

Linda Jackson, Извршен директор на брендот PEUGEOT

„PEUGEOT втора година по ред се натпреварува на „Le Mans“ трката која е дел од светскиот шампионат за издржливост на FIA.

Минатата година, кога се вративме на Le Mans, една работа се истакна над сè друго... фановите на PEUGEOT, нашите „Лавови“! Атмосферата и поддршката што ја почувствувавме од PEUGEOT фан зоната беше неверојатна и ние сме многу благодарни за тоа. Исто така, нè потсети дека „Le Mans“ е за славење и споделување на нашата страст за мотоспортот и трките на издржливост со нашите клиенти и фанови.

Тимот Peugeot TotalEnergies неуморно работеше на развојот на 9X8 2024. Ние сме обединет тим, решени да се претставиме и да се истакнеме. Беше фантастично да се види напредокот постигнат на трките на кои присуствував до “Le Mans“ минатата година, а особено да се види ентузијазмот и возбудата околу откривањето на PEUGEOT 9X8 2024. PEUGEOT има одличен рекорд во трките на издржливост, со три директни победи на “Le Mans“ (1992, 1993 и 2009 година). Очигледно, нашата цел е да победиме овде, се разбира, ѝ да додадеме четврта титула на оваа серија победи!

„FIA WEC“и „24 часа Le Mans“ продолжуваат да обезбедуваат фантастична арена во која ќе ја прикажеме иновативната работа што ја правиме во PEUGEOT. Горди сме што се вративме на „24 часа Le Mans“ во Франција и едвај чекам да го споделам ова искуство со фановите“.

Paul di Resta (бр. 94 PEUGEOT 9X8)

„Мислам дека хиперавтомобилите се создадени за да се тркаат на „Le Mans“. Ова е местото каде што тие навистина можат да се изразат. Со верзијата од 2024 година, мислам дека можеме да се натпреваруваме со големите натпреварувачи. Тоа секако ќе се обидеме да го направиме. Мислам дека клучната работа ќе биде да имаме мирна трка, да останеме во истото темпо со лидерот, да продолжиме да се бориме и да ја покажеме нашата одлучност до крај. Едвај чекам да излезам таму и да ги доживеам посебните моменти во кои уживавме минатата година: адреналинот што го имавте како тим, емоциите на крајот од трката и чувството дека постигнавме перформанси што ги надминаа нашите надежи и очекувања. Знаеме дека ќе биде многу, многу тешко, но ќе дадеме сѐ од себе. Тешко е да се изрази што би значело да се освои “Le Mans“, но да се освои „Le Mans“ со француски производител мора да е неверојатно“.

Loïc Duval (бр. 94 PEUGEOT 9X8)

„Моето најголемо сеќавање од 2023 година беше тоа што видов солзи во очите на сите откако ја минавме целната линија и исто така, фактот дека во 3 часот наутро, сè уште бевме помеѓу првите три позиции. Тоа беше огромен подвиг за целиот тим. За жал, имавме незгода и излеговме од патеката, а потоа се појавија и неколку технички проблеми... Оваа трка е посебна затоа што Le Mans се случува само еднаш годишно. Тоа е како финале, финале на светско првенство на пример, финале за кое сите се подготвуваат во текот на годината. Тоа е исто така поврзано со форматот: тркањето 24 часа е нешто многу различно. Тешко им е на возачите, тимовите и болидите. Тоа е голем предизвик. Le Mans е најголемата трка во светот и тука има толку многу историја... Има такви што се тркале овде, а и сите оние кои би сакале да учествуваат. Оваа година имаме нов автомобил. Не е 100% нов, но има драстични разлики со претходната верзија. Нема да биде лесно бидејќи имаме уште многу да научиме во споредба со нашите ривали, кои возат ист болид една или две сезони. Сè уште учиме за нашиот автомобил. Ние сме прилично задоволни од тестирањето и првите неколку трки. Очигледно има добивка во перформансите и исто така многу работевме на подобрување на доверливоста. Тоа често е одлучувачки фактор на “Le Mans“ “.

Mikkel Jensen (бр. 93 PEUGEOT 9X8)

„Минатата година беше многу посебна за мене бидејќи првпат се натпреварував во елитната класа на хиперавтомобили со PEUGEOT, француски бренд, со поттик и поддршка од француските фанови во текот на целата недела... Исто така, добив голема поддршка и охрабрување од сите дански навивачи, кои во голем број доаѓаат на “Le Mans“. Ова ќе биде прва трка на PEUGEOT 9X8 2024 на “Le Mans“. Оваа година сме поамбициозни отколку во 2023 година, иако конкуренцијата ќе биде уште посилна. Ќе биде потешко да се заврши оваа година на подиумот отколку лани. Но, ние се фокусираме за да се обидеме да подобриме сè. Тимот заврши одлична работа на последните неколку трки, без грешки при застанувањето во боксот, добри стратегии и тн. Затоа ќе се концентрираме на трката. Пред тоа, ќе треба да ги најдеме вистинските поставки на тест деновите за да бидеме меѓу првите. Невозможно е да се предвиди конечниот исход, но ќе дадеме сè од себе, ќе уживаме и ќе видиме каде ќе завршиме...“

Nico Müller (бр. 93 PEUGEOT 9X8)

„Се сеќавам дека ја водев трката околу полноќ во прилично тешки услови. Чувството е посебно да се биде водечки на теренот на „24 часа Le Mans“. Би сакале тоа чувство да трае подолго, но преминувањето на двата болида преку целната линија беше многу пријатно само по себе на првата трка на PEUGEOT назад на “Le Mans“. Тоа е најголемата трка во светот и е нераскинливо поврзана со историјата на брендот. Трката е апсолутно единствена и овде може да се тркате само еднаш годишно. Така што дури и постројувањето на стартот на оваа неверојатна трка, е посебно само по себе. Борбата за победа беше чест! Работевме напорно за да го подобриме целосниот пакет на верзијата 2024 за денес PEUGEOT 9X8 да има поголем потенцијал. Ќе го дадеме максимумот од нас и од самиот автомобил за постигнување подобар резултат на патеката на “Le Mans“. Се подготвивме темелно и тестирањето помина добро. Тимот вложи многу напор и ние потрошивме многу време... Конкуренцијата ќе биде неверојатно силна, го знаеме тоа, но сакаме да се бориме на патеката“.

Stoffel Vandoorne (бр. 94 PEUGEOT 9X8)

„Минатата година бев резервен возач за PEUGEOT на “Le Mans“. Беше многу интересно, но оваа година ќе биде навистина поинаква бидејќи јас ќе го возам PEUGEOT 9X8 2024! Пред да почнам да се натпреварувам на трките на издржливост, не можев да сфатам колку е значајна оваа трка. Минатата година почнав да ја ценам големината на „24 часа Le Mans“. Тоа е долга недела, тоа е стресно и не спиете многу, но ми се допадна! Имаме нов болид од Imola. За жал јас ја пропуштив трката во Spa поради преклопување со Формула Е. Има уште многу да се научи за овој PEUGEOT 9X8 2024, но ние имавме доволно среќа да се натпреваруваме на два настани пред да се тркаме на “Le Mans“. Се чувствувам подготвен. Веќе настапив на неколку трки на издржливост и направив многу тест возења. Подготвен сум да се справам со овој предизвик. Свесни сме дека се бориме со најдобрите. Со толку многу хиперавтомобили на патеката, тоа ќе биде 24-часовен спринт каде што сите ќе ја притискаат педалата за гас до максимум сè до целта. Но, ние ќе бидеме во игра...“

Jean-Eric Vergne, (бр. 93 PEUGEOT 9X8)

„Првенствено, “Le Mans“ е најуникатната трка. Ние не возиме често на тркачки патеки долги 13 или 14 km или кои се доста тешки. Патеката е составен дел од историјата на оваа единствена трка. Како возач, мора да бидете во добра форма, очигледно, но повеќе е прашање на подготовка за сите во тимот, механичарите и болидите се разбира. Целиме високо, дури и ако последните две трки не одеа точно според планот. Ако успееме да избегнеме механички проблеми за време на трката, тоа може да се покаже како одлучувачко. Се надевам и дека ќе имаме темпо за да се бориме за победа. Тоа е мојата цел и мислам дека така се чувствува и целиот тим“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото

Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото, туку со обезбедување иднина која им припаѓа на нашите деца.

Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото

Почитувани присутни, уважени екселенции,

Драги пријатели, браќа и сестри,

На овој ден човек чувствува потреба внимателно да ги избере зборовите, затоа што зборува за луѓе кои своите зборови ги потврдувале со непосредни дела, а најчесто и со сопствениот живот. За луѓе кои прифатиле да изгубат сè што имале, уверени дека нивните деца заслужуваат да добијат нешто поголемо, повозвишено и подобро — слободна татковина.

Затоа, на 23 октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?

Пред повеќе од еден век, во Солун, започна организираното револуционерно движење кое длабоко ќе ја одбележи македонската историја. Формирањето на ВМРО недвосмислено одбележа една неповторлива епоха и голгота кои се автентичен израз на македонската слободарска мисла и дејание. Неговите основачи немале држава зад себе, немале институции што ќе ги заштитат, ниту сигурност дека ќе го дочекаат исполнувањето на својата цел. Но имале вера, имале храброст, имале цел. Имале убедување дека нашиот народ заслужува слобода и решеност за таа слобода да преземат лична одговорност.

И кога некој од страна, а неретко и некој од сопствениот род, ќе сака да си поигра или да ја омаловажи улогата и големината на нашето револуционерно дело, да нè прикаже како вакви или такви, како мали и неважни, нека не заборава дека сè уште во нас живее пркосот на Узунов, посветеноста на Груев, мудроста на Татарчев, храброста на Питу, големината на Гоце. Тоа се луѓето од нашиот род пред чие дело и чии свети идеали се поклонуваме.

Од таа нивна решеност израснаа генерации кои ја носеа македонската идеја низ прогони, затвори, востанија и војни. Татковината се создаваше низ лелеци и крици, низ постојана жртва, не низ аплаузи и подарени слободи. Во таа долга борба имало и болка, и разочарувања, и тешки поделби. Но опстојувала волјата еден ден да имаме свој дом, своја држава и право самите да одлучуваме за својата иднина.

Денес ја имаме таа држава. И токму затоа нашата одговорност е толку голема. Да бидеме свои на своето е нашата најважна потреба, важна за нашето опстојување. Да бидеш свој на своето значи да стоиш со крената глава на земјата што ги памети твоите предци и да градиш иднина што ќе ги чува твоите деца.

Тоа е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме.

Свои на своето. Со корен во минатото и со верба во иднината.

Драги пријатели,

Многу е важно како ја градиме државата и во кој правец се движи. И многу е важно да бидеме високо свесни за тоа какви последици имаме од минатото и какви планини сакаме да поместиме. А верувајте, откако бев избран за претседател на Владата, сите говорат за желбите, за тоа каде би можеле да бидеме, но малкумина говорат за планините кои ги носиме и проблемите кои ги наследивме. И тие проблеми не дојдоа наеднаш, туку се наследувани и за жал многу малку решавани во минатото. Затоа што се немало искреност и чесен пристап. А многу често политичките елити, особено претходните, се забораваа и на кантар ги ставаа работите кои не само што не се продаваат, туку се дел од нашиот код и од она што сме.

На овој ден особено јасно ја чувствуваме вредноста на македонското име, јазик, култура и историско паметење. Во нив се собрани животите на нашите предци, зборовите на нашите мајки и татковци, сето она по кое се препознаваме и што сакаме да им го пренесеме на нашите деца.

Како претседател на Владата, имам обврска тоа достоинство да го застапувам мирно, јасно и доследно. Да разговараме со сите со почит и да бараме почит за нас. Да градиме пријателства и соработка, сигурни во тоа кои сме.

Верувам во европската иднина и во вредноста на Европа во која различните народи се почитуваат меѓусебно. Нашето место таму треба да го градиме со реформи, со знаење, со силни институции и со зачувано национално достоинство. Нашите граѓани заслужуваат перспектива во која ќе можат да веруваат и пат по кој ќе чекорат исправено.

Истата зрелост ни е потребна и дома.

Воедно ја споделувам загриженоста на секое едно лице кое го гледам овде пред мене и секој ден низ местата кои ги посетувам. Но и измореноста на сите генерации од предолгото чекање во чекалницата на ЕУ. Го врвиме не само најтешкиот туку и најдолгиот пат кон ЕУ, обременет со многу откажувања, поместувања и неправедни удари. Големите го прават тоа што сакаат, а малите тоа што мораат. И ова не е флоскула од учебниците, туку извадок од реалната политика денес. Но иако многумина веќе се скептични и уморни од услови, критериуми, билатерални спорови, ќе мора да бидеме мудри. За малите народи, иднината е во мудроста и единството. Јас на политиката не гледам како на натпревар во мускули, туку повеќе како на партија шах. И големите се победуваат со мудрост. Со мудрост може да има иднина, кога веќе природната предодреденост, поставеноста и геополитиката не нудат сила.

Затоа честопати ни велат: „Напушти ги преговорите!“ Лесно е да се каже, но така ја отфрламе единствената шанса да влеземе во клубот и да разговараме рамноправно на истата маса. А зошто е важно да влеземе во европскиот клуб и на таа маса да разговараме рамноправно? Затоа што низ примерите на соседите кои веќе влегоа во Унијата, а се таму години пред нас и ни создаваат пречки, гледаме колку е важно да бидеме таму. Нашиот источен сосед сè до нејзиниот влез немаше ниту една забелешка за добрососедските односи. Сè дотогаш не се интересираше за Бугарите, за кои таа тврди дека е многу важно да бидат дел од нашиот Устав, никој не знаеше за барем еден случај на обесправен самодеклариран Бугар во државава, иако денес лелекаат за неколку, ниту пак некој од нив велеше дека Гоце, Јане, Карев, Ѓорче се луѓето коишто денеска според нив се Бугари. И сè така до влезот во Европската Унија, кога влегоа во просторијата каде што не сме ние и од каде што сега ги користат сите механизми да нè закочат.

Ете затоа е важно да бидеме и ние таму и таа наша борба за таа цел мора да биде исполнета со мудрост, знаење и единство. И ова не го кажувам за да ги посочам неправедните игри, туку поради потребата да бидеме трпеливи и да играме и дејствуваме на долги стази. И затоа, кога многумина ќе кажат: „Играте млако“, треба да знаат дека дејствуваме трпеливо и со мудрост. Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото, туку со обезбедување иднина која им припаѓа на нашите деца. Да учиме од грешките од минатото. И затоа седнавме на маса за дијалог, од која тие долго бегаа и велеа дека тоа е невозможно.

Нема да паднам во замките на разните служби и на провокациите прикажани преку итроманските игри. На неразумните чекори одговарам со разум, на провокациите со принципи, на притисоците со отпорност и верба во она што сме и што претставуваме. Не треба секогаш на прва да се реагира и јас не трчам трка на 100 метри, туку маратон, и на тој маратон ќе победиме како многупати досега. Никогаш не се покајав за тоа што водам промакедонска политика и не постои цена на овој свет којашто може да ме поколеба и да ме отргне од таа траекторија којашто заедно со вас ја газиме и ќе продолжиме да ја газиме бидејќи таа е исправната траекторија.

А оние кои се шнајдери на историјата, што мислат дека со вето можат да ни ја прекројат историјата, им порачувам: нашето паметење не подлежи на нивно одобрување. Ниту еден притисок не може да го избрише Гоце Делчев од срцето на македонскиот народ.

Затоа што Гоце е вткаен во нашата борба, во нашата слобода, во нашето постоење.

И драги пријатели, знаејќи го сето ова, сакам оваа позиција на состојбите тука да ја опишам низ еден поширок контекст. Веќе Балканот не е единственото буре барут. Впрочем, Европа станува немирен вулкан. Сè помалку се слуша разумот, а секојдневно ги гледаме и протестите и насилството од разни облици присутни во Европа и кај нашите соседи. А на Балканот службите никогаш не престануваат да работат. И нема да ме зачуди доколку има и такви кои ќе се обидат да нè вмешаат во нивните проблеми или да префрлат дел од нивниот амбиент во нашето секојдневие. А што се однесува до домашни актери за таква игра, тоа е многу лесно. Има неколку од опозицијата, што за пари и лажни ветувања за фотелја чуда умеат да прават.

И затоа е многу важно народот да е високо свесен, да не потпаѓа на разни провокации, да не се наметнуваат вештачки прашања или хиперболизирани етнички теми. На тој начин профитерите од таквите кризи нема да бидат меѓу народот, туку оние кои со децении живеат на грбот на народот. И затоа нема да дозволам никакви нечесни игри ниту авантури. И ако некој мисли дека може да си игра со државата, нека не го потценува народот.

Ќе има тешкотии и ќе има одлуки за кои ќе се водат сериозни расправи. Нашата обврска е да објасниме, да сослушаме, да признаеме кога нешто треба да се поправи и да го поправиме. Држава се води со отворени очи за реалноста и со чувство за животот на луѓето.

Драги пријатели,

Сакам денес да зборувам искрено, како човек кому му е доверена честа да ја води Владата и кој знае дека зад секоја одлука стојат човечки животи, семејни планови и надежи.

Знам дека има граѓани кои се уморни од ветувања. Знам дека има луѓе кои работат чесно, а на крајот од месецот повторно пресметуваат што можат да платат и што мора да одложат.

Знам дека има родители кои се радуваат на успехот на своите деца, а во себе стравуваат дека тој успех ќе ги одведе далеку од дома.

Пред тие луѓе секој носител на јавна функција мора да покаже скромност и почит. Нивната мака заслужува одговор, нивното време заслужува почитување, а нивната доверба мора да се оправдува секој ден.

И кога ќе речат од опозицијата: „Што направивте за дваесет и седум, осум месеци откога сте влада?“ Тој период со огромни проблеми и планини коишто ни ги оставија, во услови на епски најголемата енергетска криза којашто човештвото ја памети не само во овој век туку и пошироко, градиме наеднаш шест нови автопатски делници, два гасоводи, еден далекувод. Пуштивме еден реновиран по европски стил студентски дом, наскоро ќе пуштиме уште еден, а осум нови училишни студентски домови допрва ќе се реновираат. Повеќе од 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура. Повеќе од половина милијарда евра алоцирани средства од централниот буџет за општините за повеќе од 1.200 проекти коишто денеска го подобруваат животот на нашите граѓани во општините и во средините каде што живеат и го исправаме она коешто го распродадовте така лесно насекаде во светот каде што полемичевте воодушевени и заљубени во дебелите црвени персиски килими и кожните фотељи. Го исправаме она коешто го распродадовте, а тоа е нашата заедничка Македонија.

Најниска инфлација во Европа и регионот. Кога вчера во Црна Гора зборував на моите соговорници за економските постигнувања, некои од нив и самите ни приоѓаа и велеа одлични сте, тогаш за првпат се почувствував, еве веќе втора година и некој месец како што сум претседател на Владата, се почувствував горд и ви благодарам на сите вас и на сите мои соработници во Владата кои заедно придонесовме ова да го постигнеме.

Колку ниско и да напаѓаат тие, ние ќе одговараме со работа и енергија. Одговорот е и во сплотеноста на народот и јасните цели. Реализациите на тие цели, барем за народот, никогаш не биле лесни и послани со рози. Напротив, тешки биле и макотрпни. Дали на патот до тие цели има предизвици и грешки? Да, има. Но тие грешки никако не смеат да бидат геостратешки и катастрофални. Како што Организацијата пред повеќе од еден век зацртала свои цели и идеали и се стремела кон нив, така и ние денес треба да се обединиме околу еден стожер наречен национални интереси и тоа да го спроведуваме без разлика на пречките кои ни се на патот.

Слободата добива целосна смисла кога граѓанинот може слободно да зборува, чесно да заработува и спокојно да го планира животот. Кога законот важи еднакво за влијателниот и за обичниот човек. Кога партиската книшка ја губи моќта пред знаењето, трудот и способноста.

Тоа е државата што сме должни да ја создаваме.

И тука одговорноста започнува од нас што ја имаме довербата да управуваме. Функцијата е привремена, а последиците од нашите одлуки остануваат.

Почитувани,

Македонската државност е заедничка одговорност на сите нејзини граѓани.

Често размислувам за тоа како ќе нè оценуваат генерациите по нас. Што ќе видат зад фотографиите од свеченостите и зад зборовите изговорени на празниците? Дали ќе препознаат луѓе кои имале храброст да решаваат проблеми, да се спротивстават на неправдата и да го стават општото добро пред личната удобност?

Тој одговор го пишуваме сега, со секоја одлука.

Нашите претходници ја преземале одговорноста во услови кога слободата изгледала далечна. Ние денес имаме држава, институции и можност да направиме многу повеќе. Од нас се очекува да ја искористиме таа можност чесно и разумно.

Тоа би било најдлабокото признание за оние што ја започнаа борбата.

Нивниот сон денес е во наши раце. Да го носиме со почит, да го продолжиме со работа и да им го предадеме на нашите деца како посилна, поправедна и подостоинствена држава.

И кога вечерва ќе се вратиме дома, да ги погледнеме нашите деца. Во нивните очи е најважното прашање на кое сме должни да одговориме: каква земја ќе ни оставите?

Нашиот одговор мора да се гледа во животот што го градиме. Во правдата што важи за секого. Во трудот од кој чесно се живее. Во шансата секое дете да стигне онолку далеку колку што му досега сонот — и да посака својот сон да го оствари овде дома, во својата татковина.

Зашто слободата што ја наследивме носи одговорност. Некој пред нас верувал во оваа земја кога таа постоела само како сон. Некој го дал највредното што го имал за ние денес слободно да го изговориме она коешто денеска го говориме.

Сега е нашиот ред да покажеме колку вреди таа жртва.

Нашиот ред да изградиме држава во која човекот ќе има достоинство, младите ќе имаат надеж, а родителите ќе имаат спокој.

Сакам еден ден нашите деца да можат да кажат: „Нашите родители веруваа. Останаа исправени кога беше тешко. И ни оставија земја во која вреди да се живее.“

Тоа ќе биде нашиот најголем успех. Тоа ќе биде нашиот одговор пред историјата.

Затоа, да се исправиме пред одговорноста на нашето време! Со сета сила што ја имаме, со сета љубов што ја носиме, да ја направиме оваа земја достојна за соништата на нашите деца!

Ова е нашиот дом. Ова е нашето време. Ова е нашата одговорност.

Свои на своето — денес и за сите што доаѓаат по нас!

Нека е вечен споменот на македонските револуционери.

Нека ни е честит 23 Октомври — Денот на македонската револуционерна борба.

Да живее Македонија!, рече премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија „Свои на своето“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА

Азиската фудбалска конфедерација (AFC) го поддржа Џани Инфантино за нов мандат како претседател на ФИФА. 

Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА

Ова е целосен пресврт, бидејќи истата организација пред само два месеци остро го критикуваше светскиот фудбалски лидер и го обвини за предавство на нивната доверба.

На вонредниот Конгрес на AFC во Токио, претседателот на конфедерацијата, шеикот Салман бин Ибрахим ал-Калифа, јавно го поддржа Инфантино, прегрнувајќи го пред членовите. „Ја потврдуваме нашата целосна поддршка за вас и вашето лидерство во вашата кандидатура за нов мандат како претседател на ФИФА“, рече шеикот Салман. „Посетивте многу азиски земји и разговарав со многу членови од овој континент. Запознаен сум со вашите ставови и гледам дека вашата посветеност е јасна.“

AFC обединува 47 национални асоцијации. Дури и ако не сите се согласуваат со ставот на шеикот Салман, овие гласови би можеле да бидат клучни за Инфантино да обезбеди нов мандат. Изборите за претседател на ФИФА ќе се одржат во март, а номинациите се прифаќаат до 18 ноември. Досега, Инфантино нема противник.

Од критики до поддршка

Поддршката претставува остар пресврт за шеикот Салман. Во август, АФЦ им се придружи на УЕФА и Конфедерацијата на фудбалски асоцијации на Северна и Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ) велејќи дека Инфантино направил „фундаментално кршење на довербата“. Во отворено писмо, тие повикаа на „лидерство кое му служи на фудбалот, а не на такво кое се обидува да му диктира“.

Шеикот Салман, во своето обраќање до Инфантино, истакна дека не сите членови веројатно би се согласиле со одлуката да го поддржат, но додаде дека очекува мнозинството да го поддржи. „Уверен сум дека мнозинството од нашите членови го делат моето мислење“, рече тој. „Ви го кажав ова и претходно“.

Пресвртот дојде откако Инфантино се извини пред Советот на ФИФА, кој самиот го води, во Цирих минатата недела за „грешките“ поврзани со планот од 4,2 милијарди долари. Планот оттогаш е напуштен и предвидуваше продажба на делови од Светското првенство на приватни инвеститори.

Шеикот Салман се осврна на овие несогласувања во својот говор. „Да, имавме проблеми за кои разговаравме и претходно“, рече тој. „Но, не треба да ги поврзувате двете. Мислам дека на нашите последни состаноци во Цирих јасно ставивте до знаење дека постои разбирање меѓу нас.“

Повеќе пари за сојузите

Дури и пред поддршката од Азија, Инфантино беше блиску до обезбедување на супермнозинство гласови од 211-те асоцијации членки на ФИФА. Најсилниот аплауз на конгресот дојде на крајот од говорот на шеикот Салман, кога тој ја повтори својата поддршка за Инфантино. Претседателот на ФИФА потоа се качи на говорницата и призна одредени пропусти. „Кога многу работиш, правиш многу добри работи, што се надевам, но се случуваат некои грешки“, рече тој.

Тој доби нов аплауз кога спомена дека под негово водство, асоцијациите добиваат значително повеќе пари. „Пред да станам претседател на ФИФА, а некои од вас беа тука и се сеќаваат на тоа, секоја федерација добиваше еден милион долари на секои четири години. Од 1 јануари следната година, таа сума ќе биде 25 милиони долари“, заклучи Инфантино.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

На овој ден човек чувствува потреба внимателно да ги избере зборовите, затоа што зборува за луѓе кои своите зборови ги потврдувале со непосредни дела, а најчесто и со сопствениот живот. 

Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

За луѓе кои прифатиле да изгубат сè што имале, уверени дека нивните деца заслужуваат да добијат нешто поголемо, повозвишено и подобро, слободна татковина.

Пред повеќе од еден век, во Солун, започна организираното револуционерно движење кое длабоко ќе ја одбележи македонската историја. Формирањето на ВМРО недвосмислено одбележа една неповторлива епоха и голгота кои се автентичен израз на македонската слободарска мисла и дејание. Но имале вера, имале храброст, имале цел. Имале убедување дека нашиот народ заслужува слобода и решеност за таа слобода да преземат лична одговорност.

И кога некој од страна, а неретко и некој од сопствениот род, ќе сака да си поигра или да ја омаловажи улогата и големината на нашето револуционерно дело, да нè прикаже како вакви или такви, како мали и неважни, нека не заборава дека сè уште во нас живее пркосот на Узунов, посветеноста на Груев, мудроста на Татарчев, храброста на Питу, големината на Гоце. Тоа се луѓето од нашиот род пред чие дело и чии свети идеали се поклонуваме.

Од таа нивна решеност израснаа генерации кои ја носеа македонската идеја низ прогони, затвори, востанија и војни. Татковината се создаваше низ лелеци и крици, низ постојана жртва, не низ аплаузи и подарени слободи.

Денес ја имаме таа држава. И токму затоа нашата одговорност е толку голема. Да бидеме свои на своето е нашата најважна потреба, важна за нашето опстојување. Да бидеш свој на своето значи да стоиш со крената глава на земјата што ги памети твоите предци и да градиш иднина што ќе ги чува твоите деца. Тоа е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме. А оние кои се шнајдери на историјата што мислат дека со вето можат да ни ја прекројат историјата, им порачувам: нашето паметење не подлежи на нивно одобрување. Ниту еден притисок не може да го избрише Гоце Делчев од срцето на македонскиот народ. Затоа што Гоце е вткаен во нашата борба, во нашата слобода, во нашето постоење, Гоце е Македонија!

Нашиот ред да изградиме држава во која човекот ќе има достоинство, младите ќе имаат надеж, а родителите ќе имаат спокој. Сакам еден ден нашите деца да можат да кажат: „Нашите родители веруваа во Македонија. Останаа исправени кога беше тешко. И ни оставија земја во која вреди да се живее.“ Тоа ќе биде нашиот најголем успех. Тоа ќе биде нашиот одговор пред историјата.

Затоа, да се исправиме пред одговорноста на нашето време! Со сета сила што ја имаме, со сета љубов што ја носиме, да ја направиме оваа земја достојна за соништата на нашите деца!

Ова е нашиот дом. Ова е нашето време. Ова е нашата одговорност.

Свои на своето - денес и за сите што доаѓаат по нас!

Нека е вечен споменот на македонските револуционери.

Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер