3Кашкавал како залог за кредит? Банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.
АвтомобилизамТесла повлекува уште 800.000 автомобили Уште едно незгодно отповикување за Tesla.Само неколку дена откако беше објавено повлекувањето на околу 54.000 автомобили на Tesla, пристигнува уште едно и тоа значително поголемо. Овој пат се работи за софтверски дефект, а во него се вклучени дури 817.143 автомобили. Станува збор за предупредување за употреба на појас кој е дел од задолжителната опрема на автомобилите дефинирана со закон. Предупредувањето мора да се активира откако возилото ќе забрза до повеќе од 22 km/h, што повремено не се случува во автомобилите на Tesla произведена минатата година, според документите на NHTSA. Имено, доколку возачот застане при активирање на предупредувањето, ја отвори вратата и излезе од автомобилот, а потоа се врати во автомобилот и започне нов циклус на возење, само тогаш предупредувањето не се активира. Досега не се пријавени несакани дејства како резултат на овој дефект. Дефектот е забележан во Јужна Кореја на почетокот на годината, а биле информирани од Тесла и на крајот на месецот е одлучено да се започне со повлекување. За спорните модели, дефектот ќе се отстрани со ажурирање на софтверот. За потсетување, претходно оваа недела, автомобилите на Tesla со бета системот FSD беа погодени од повлекување, и тоа 54.000 од нив, објави Си-Ен-Би-Си. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПочувствуван земјотрес во Гостивар и околинатаЗемјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5. Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеД-р: Даниловски: Сега не може да се каже дека ова е врвот на епидемијата на Западен НилЕпидемиологот доктор Драган Даниловски за Канал 5 вели дека Македонија веќе се наоѓа во засилена трансмисија на Западен Нил, но не може да се каже дали ова е врвот на епидемијата.. Смета дека околу 80 проценти од заразените се асимптоматски.. Целиот разговор на Сања Трајковска Ставров со епидемиологот доктор Драган Даниловски погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизХоливудска ѕвезда од 90-тите забележана по подолг период во јавностаХоливудската актерка Бриџит Фонда ужива во своите пензионерски денови далеку од Холивуд.Бриџит Фонда била забележана неделава во Лос Анџелес, за време на едно од своите ретки појавувања во јавноста. Пензионираната 62-годишна актерка е фотографирана како излегува од ресторан во друштво на асистентката . Бриџит на себе има обична маица на риги и црни панталони и воопшто не неликува на онаа русокоса убавица од деведесетите година на минатиот век. Фонда ретко се појавува во јавноста откако го напушти Холивуд пред повеќе од дваесет години. Ѕвездата на филмот *Single White Female* се појавува многу ретко во јавноста а, најголемо медиумско внимание привлече нејзиното излегување со сопругот Дени Елфман. Тоа се случи кога беа фотографирани заедно за првпат по 16 години, по враќањето од патување во Лос Анџелес. Таа се омажи за поранешниот фронтмен на бендот „Оинго Боинго“ (Oingo Boingo) во 2003 година. Една година подоцна, парот објави дека Фонда очекува дете, а својот син Оливер го добија на почетокот на 2005 година. Актерката, позната и по улогата во *Кум 3* (The Godfather Part III), се повлече од глумата за да се посвети на одгледувањето на својот син, кој сега има 21 година. Бриџит Фонда потекнува од познато актерско семејство; таа е ќерка на Питер Фонда, внука на Џејн Фонда и внука на Хенри Фонда. Во 2023 година, таа му изјавила на еден папарацо дека нема намера да се врати на глумата бидејќи е „прекрасно да се биде обичен граѓанин“.Тагови: Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter