Сиљановска-Давкова: Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството
2Сиљановска-Давкова: Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството
Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
2Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
ФудбалТен Хаг: Не сме подготвени за новата сезонаТренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, оцени дека неговиот тим не е подготвен за претстојниот воведен натпревар од новата сезона во Премиер лигата.Англиското фудбалско првенство почнува денеска, а Јунајтед од 21 часот ќе го пречека Фулам на Олд Трафорд. Тен Хаг рече дека во тимот за претстојниот натпревар ќе бидат новите играчи Матијс де Лихт и Нусаир Мазрауи, но поради повреди дуелот ќе го пропуштат Џошуа Зиркзе и Лени Жоро. Холандскиот стратег потенцираше дека има проблеми и со физичката подготовка на играчите кои се приклучија на тимот во различни фази од подготовките поради обврски во репрезентациите. „Точно е дека тоа не беа подготовки на кои можеш да работиш пет, шест недели со тимот. Тоа е комплицирано. Имавме тим за турнејата низ САД, потоа ни се приклучија играчите кои играа на Европското првенство и на Копа Америка и новите засилувања, и ние сега треба да направиме тим. Екипата не е подготвена, но лигата почнува. Има повеќе тренери кои го имаат овој проблем“, изјави Тен Хаг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Очекуваме растот на БДП да продолжи и да изнесува помеѓу 3,5% и 4%Мотивирани сме и ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, вели премиерот Мицкоски.Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при промоција на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на БДП се очекува да продолжи и оваа година и тој да изнесува некаде помеѓу 3,5 и 4% проценти. „Очекувам трендот на раст да продолжи на бруто домашниот производ. Оваа влада беше избрана на 23 јуни 2024 година и 2024 година ја завршивме со раст на БДП од 3% реален, а номиналниот беше блиску 2 и пол пати поголем, близу 7% и бевме во горната половина од земјите од Европа. 2025 година ја завршивме со 3,5% раст на БДП, а номиналниот беше над 8% и бевме во првите 5-6 земји во Европа. Оваа година планираме до крајот на годината растот на БДП да биде помеѓу 3,5 и 4%, значи тој континуиран раст на БДП реален да продолжи, а номиналниот да се движи околу 8%“, потенцираше премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски нагласи дека она коешто е предизвик повеќе е фактот што овој раст на БДП и овие податоци се случуваат во период кога имаме раст на европската економија помала од 1% на годишно ниво, а нас најголем трговски партнер ни е самата Европска Унија, но посочи дека Владата е избрана да ги решава проблемите на граѓаните и така и ќе продолжи без да создава нови. „Впрочем затоа ја добивме довербата од граѓаните да ги решаваме. Дали сме мотивирани да ги решаваме, да, мотивирани сме и ќе продолжиме да ги решаваме и да не создаваме нови проблеми“, изјави премиерот Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамУспешно го замени Пунто: Овој Фиат e продаден во 700.000 примероци!Фиат Арго достигна важна продажна пресвртница на бразилскиот пазар, каде што се продадени повеќе од 700.000 единици од овој модел од неговото лансирање.Арго е моментално четвртиот најпродаван автомобил во Бразил, со продадени повеќе од 54.000 единици од почетокот на 2026 година. Моделот е меѓу десетте најпродавани нови автомобили на најголемиот пазар во Јужна Америка повеќе од четири години. Овој модел беше лансиран во Бразил во 2017 година како замена за Фиат Пунто, и оваа година се покажа добро. Само во јули 2026 година, беа продадени 8.612 единици, што го сместува меѓу петте најпродавани автомобили во Бразил во текот на тој месец. Во текот на изминатите три години, Арго е втор најпродаван модел на Фиат на бразилскиот пазар. Дел од програма за поефикасни возила Фиат Арго е вклучен и во владината програма на Бразил за 2025 година за возила што ги исполнуваат одредени критериуми за ефикасност. Според програмата, автомобилите што ги исполнуваат барањата можат да добијат пониски даночни стапки. Тековната гама на модели на Арго вклучува четири верзии, а карактеристиките вклучуваат безжична поддршка за Android Auto и Apple CarPlay, дигитална автоматска контрола на климата, сензори за паркирање одзади и систем за влегување и стартување без клуч. Доаѓа Арго X Фиат потврди дека ќе го лансира Арго X во наредните месеци. Се очекува новиот модел да се продава заедно со постоечкиот Арго, наместо веднаш да го замени. Директорот на брендовите Фиат и Абарт за Јужна Америка, Фредерико Батаља, изјави дека резултатот од продажбата од 700.000 возила ја потврдува важноста на Арго на бразилскиот пазар. Според него, моделот привлекува клиенти уште од своето лансирање со својата комбинација од ефикасност, практичност и конкурентна цена, а Фиат очекува неговиот успех да продолжи и по пристигнувањето на новиот Арго X. Со повеќе од 700.000 продадени единици и повеќе од 54.000 продадени возила само во 2026 година, Фиат Арго останува еден од клучните модели на италијанскиот производител во Бразил, каде што наскоро ќе му се придружи и новиот Арго X. Извор: Б92Тагови: фиат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова: Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуствотоЗа неа, спортот не е само физичка, туку и ментална вежба којашто го подобрува здравјето, го поттикнува дружењето и не учи да продолжиме да им се радуваме на успесите, но и полесно да се справуваме со неуспесите.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид се обрати на отворањето на 30. Републички пензионерски спортски натпревари 2026, посветени на 80-годишнината од пензионерското организирање во Македонија и на 20 Септември - Денот на пензионерите на Македонија. „Логично е да бидам меѓу вас, бидејќи и јас сум една од вас“, порача претседателката, истакнувајќи дека пензионирањето не е крај на активниот живот, туку почеток на нов животен циклус во којшто мудроста, знаењето и искуството доаѓаат до особен израз. За неа, спортот не е само физичка, туку и ментална вежба којашто го подобрува здравјето, го поттикнува дружењето и не учи да продолжиме да им се радуваме на успесите, но и полесно да се справуваме со неуспесите. Говорејќи за правата на пензионерите, Сиљановска-Давкова истакна дека тие треба да бидат вклучени во креирањето на политиките, а особено во носењето на законите и одлуките што се однесуваат на нив. Претседателката посочи на примерот на Јапонците, познати како најдолговечен народ, укажувајќи дека една од најважните причини за тоа е вербата во филозофијата на „икигаи“, според која, секогаш постои причина за нашето постоење и цели што треба да ги оствариме. На учесниците им посака фер-плеј, витешка борба и успех, како и уште многу вакви натпревари во иднина. На отворањето се обратија и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, претседателката на Здружението на друштва на пензионери на Словенија, Зденка Јан и претставникот на Министерството за спорт, Илија Ристески. На натпреварите е предвидено учество на 312 натпреварувачи од 41 здружение, членки на сојузот.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook