И намерни и ненамерни, се поголеми се сомнежите кај надлежните дека пожарите кои беснеат низ земјава се резултат на човечкИ фактор... ова За канал 5 го потврди и директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.. од мвр засгеа нема информација дали има осомничени, иако велат дека работат на случаи каде постојат сомнеѓи за намерно подметунување на пожари..сомнеж дека актуелните пожари се предизвикани од човечки фактор има и кај поранешниот командант на скопската противпожарна бригада Владимир Симоновски, кој во неговиот стаж видел многу пиромански дела. Тој смета дека за предизвикувачите на пожар треба да има поригорозни казни, а проблем се и забраните за движење кои вели не се издаваат навремено.
„Во 2021 година имаше намерно палење на шумата во Македонски Брод каде што беа изречени и судски пресуди ама тоа е се под прекршочна пресуда, колкава и да е штетата се одговара прекршочно, со некоја финансиска казна. Ако ние губиме шуми со огромни количини и огромни квадратни километри, тогаш ќе треба да се преземат некои поригорозни мерки за да заштитиме шумите.“
Сепак, се поставува прашањето дали механизам за рана детекција би спречил пожари од вакви размери како моменталните. Хрватска таков и понуди на Македонија уште пред три години. Единствено како пилот проект се постави во резерватот Јасен.
„Со Јасен, во вакви периоди во последниве неколку години не сме имале некакви ситуации каде што би можело да дојде до пожари како што имаме, а знаете дека е 90% шума.“
Моделот за превенција е интелигентен надзорен систем кој ги следи во живо ранливите подрачја преку надзорни камери поставени на предаватели и состојбата ја следи деноноќно, а пожарите и штетите во Хрватска ги сведе на минимум.
„Ние можеме да го следиме и да го видиме тој пожар пред воопшто да почнеме да го гасиме, да видиме колку ќе се прошири и колку сили ни се потребни да можеме тој пожар да го ставиме под контрола. Факторот време за пожарникарите е навистина битен. Секоја минута или 10 минути подоцна ако започнеме тоа значи дека неколку часа подоцна ќе ни треба подолго да го ставиме под контрола. “
Во изминативе неколку години се опустошија огромни шумски подрачја во Македонија, каде беше предизвикана штета која брои десетици милиони евра, а допрва ќе се пресметува штетата од актуелните пожари.