Тедеско: Лукаку е вистински лидер

Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, Доменико Тедеско зборуваше за напаѓачите на тимот Ромелу Лукаку и Лоис Опенда пред натпреварот од 5. коло во Лигата на нации со репрезентацијата на Италија.

- Лукаку и Опенда во нападот одеднаш? Постојат многу опции. Лоис очигледно е еден од нашите најважни напаѓачи. Лукаку е вистински лидер, неговото присуство на теренот дава енергија, ги инспирира сите, изјави Тедеско за сајтот на УЕФА.

Триесет и едногодишниот Лукаку за репрезентацијата на Белгија одигра 113 натпревари, постигна 92 гола и 14 асистенции.

Дваесет и четиригодишниот Опенда на 24 натпревари за Белгија има три гола и една асистенција.

Белгијците и Италијанците ќе се сретнат на стадионот „Крал Бодуен“ во Брисел вечер со почеток во 20:45 часот.

Овој натпревар е од А Лигата на нации, петто коло во втората група. Италија е лидер по четири кола со 10 бода, Франција има 9, Белгија 4, Израел е без освоен бод.

Израелската војска соопшти дека помогнала на ОН да одбијат напад во Сирија

Израелската војска денеска соопшти дека им помогнала на силите на Обединетите нации (ОН) да одбијат напад во Сирија, на границата со Голан.

„Вооружани лица го нападнаа пунктот на ОН во регионот Хадер, во Сирија“, се наведува во соопштението на војската, мислејќи на градот кој се наоѓа на работ на тампон-зоната под контрола на ОН, на Голанската висорамнина.

Во соопштението се додава дека израелската војска ги зајакнала своите сили во областа, која Израел ја зазеде за време на Шестдневната војна во 1967 година.

Силите на ОН се распоредени во тампон-зоната од 1974 година за да го надгледуваат прекинот на огнот.

Иако бунтовниците веќе повеќе од една недела изведуваат офанзива во Сирија, израелската војска потврди дека ќе продолжи да делува „за да го заштити Израел и неговите граѓани“. /МИА

„Apple“ се мачи во Кина

„Apple“ има проблеми со развојот на вештачката интелигенција во Кина.

„Apple Intelligence“ нема наскоро да се појави на моделите на „iPhone“во Кина, како што објави веб-страницата „The Information“.

Според извештајот, „Apple“ се бори да го прилагоди „Baidu LLM“ (large language model), кој има проблем да ги разбере командите и прашањата, како и да нуди прецизни одговори и дејства во вообичаени сценарија.

„Apple“ ги лансираше уредите „iPhone 16“ со ветување дека телефонот ќе добие функции за вештачка интелигенција во октомври, со ажурирањето на „iOS 18.1.“ Сепак, тој подоцна објави дека платформата „Apple Intelligence“ ќе биде одложена за Европа и Кина.

Американската компанија се соочува со уште еден проблем во Кина. Политиката за приватност на „Apple“ не дозволува собирање податоци од корисници на „iPhone“ кои поставуваат прашања за вештачка интелигенција. Сепак, „Baidu“ сака да ги задржи податоците за да ги анализира и да ја подобри својата вештачка интелигенција.

„Ernie 4.0“ е најнапредниот модел на „Baidu“ и „Apple“ сака да го користи за генеративна вештачка интелигенција на уредите „iPhone“, „iPad“ и „Mac“. Планот е, исто така, да се имплементира „LLM“ во „Siri Assistant“.

Извор: Б92

Трамп за Сирија: Ова не е наша битка, немојте да се мешате

 Доналд Трамп, новоизбраниот претседател на САД, се огласи на социјалните мрежи со став дека САД не треба да се вклучува во конфликтот во Сирија, каде бунтовничките сили се закануваат на администрацијата на претседателот Башар ал-Асад.

„Сирија е во хаос, но тоа не е наша битка, и САД НЕ ТРЕБА ДА ИМААТ НИШТО СО ТОА. ОВА НЕ Е НАША БОРБА. НЕКА СЕ ОДВИВА. НЕМА ДА СЕ МЕШАМЕ!“, напиша Трамп во својата изјава.

Тој посочи дека Русија, која е ангажирана со војната што ја води во Украина, каде изгуби над 600.000 војници, се чини неспособна да го запре овој марш низ Сирија, земја која ја штитеа со години. /МИА

притисни ентер