Таткото на детето родено без половина череп им одговори на „душегрижниците“ - Канал 5

Таткото на детето родено без половина череп им одговори на „душегрижниците“

Малиот Џексон во август наполни една година и покрај тоа што по раѓањето на родителите им било речено дека ќе живее само неколку дена.

Таткото на детето родено без половина череп им одговори на „душегрижниците“
Џексон е роден со Аненцефалија - му недостига поголем дел од черепот и од мозокот. На родителите им било речено дека тој ќе живее само неколку дена, но деттео пред еден месец наполни една година. Иако тоа многумина го поздравија како прекрасна вест и чудо, многумина коментираат дека родителите на Џексон се себични што дозволиле тој да се роди, бидејќи детето веројатно енма никогаш да може да оди, да зборува или да гледа...

Неговиот татко Брендон Буел во саботата на фејсбук им одговори на сите „душегрижници“, велејќи дека одлуката да го задржат Џексон била само негова и на неговата сопруга.

Brandon Buell, the father of 'miracle baby' Jaxon, has shared a heartfelt Facebook post responding to the abuse he and his wife have received for letting the disabled baby boy live

На Брендон и неговата сопруга Британи лекарите им велеле дека детето нема да преживее уште додека е во стомакот на мајката и им советувале абортус. Тие прашале дали детето страда и дали ако го задржат тоа ќе предизвика ризик за мајката при раѓањето.

- Одговорот не беше потврден и одуката беше само наша. Џексон е нашето бебе а ние имавме само една шанса да сториме се што можеме за него - пишува Брендон.

Тој вели дека со сопругата не сакале „да си играат Господ“.



The father also spoke out against those who criticized the family receiving money from a GoFundMe page that has raised more than $59,000, saying that Jaxon can only thrive by spending time with his mother

Брендон вели дека многумина не ја разбираат состојбата на Џексон, ниту нивниот живот кога се шетаат со своето дете и добиваат зачудени погледи од луѓето кои не се ни свесни што прават. На оние кои велат дека било себично да се роди детето кое веројатно никогаш нема да оди, да зборува, ниту да знае кога е гладно, Брендон им одговара дека има случаи на деца со слична состојба кои живеат до 30-тата година, успеваат да научат да пливаат и ги користат своите сетила. Младиот татко морал да одговори и на критиките дека преку донации добил 59 000 долари.

- Колку подолго можеме да ја задржиме мајка му на Џексон дома толку подобро за него, можеби таа врска со Британи го одржува Џексон во толку добра состојба, успешно да напредува - вели Брендон.

Many with Anencephaly do not survive birth, though Jaxon's father says there are cases where sufferers lived into their 30s

И покрај негативните коментари Брендон Буел вели дека е горд на својот син и на прекарот кој го добил - Џексон Силниот!

Семејството ќе продолжи да соработува со невролози, за науката да научи нешто повеќе за Аненцефалијата на примерот на детето кое наспроти сите прогнози, преживува и напредува.

- Без оглед кои сте и во што верувате, јасно е дека малите стапки на Џексон ќе имаат долготраен отпечаток на светот, и дека тој веќе допре и инспирираше повеќе животи во една година, отколку што повеќето од нас ќе успеат за цел живот - пишува таткото на Џексон.

/ извор: DailyMail

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дебата во Собранието за извештаите на ЕК за владеењето на правото

Во Брисел самит, а во Скопје дебата околу извештаите на ЕУ за владеењето на правото.. 

Дебата во Собранието за извештаите на ЕК за владеењето на правото

Корупцијата го кочи напредокот на земјата кон Унијата, затоа е потребно функционално владеење на правото и доследното спроведување на законите за враќање на довербата во правосудството, порача известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц. Тој во видео обраќање пред македонските пратенции во дебата посветена на владеењето на правото порача дека земјава ги спровела реформите и дека доколку го надмие спорот со Бугарија може да биде предводник во преговорите со ЕУ. Дека е потребно усвоените реформи во правосуството да не останат на хартија, туку да се спроведат и на дело од дебатата порачаа и швајцарскиот и шведскиот амбасадор во земјава.

За последните оценки во Извештајот за напредокот на земјава во однос на влАдеењето на правото и борбата против правосуството ставовите ги вкрСтија и власта и опозицијата.

На собраниската дебата беа презентирани забалешките за владењето на правото кои се повтруваат во псоледните три извештаи од Европската Комисија, а кои пред се се однесуваат на борбата против корупцијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонското друштво за патишта се зачлени во Европската асоцијација за асфалтни коловози – ЕАПА

Македонското друштво за патишта се зачлени во Европската асоцијација за асфалтни коловози – ЕАПА..

Македонското друштво за патишта се зачлени во Европската асоцијација за асфалтни коловози – ЕАПА

Со ова членство се овозможува поголема вклученост на македонските стручни кадри во европските професионални мрежи како и можност за следење на новите технологии и стандарди во областа на асфалтните коловози.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спејс Икс прв пат „улови“ Старшип по враќање од орбитата- истото летало повторно може да полета за неколку недели (ВИДЕО)

SpaceX успешно го слета својот вселенски брод Starship за прв пат по враќањето од орбитата на Земјата, користејќи ги џиновските механички краци на кулата за лансирање во Starbase во Тексас. 

Спејс Икс прв пат „улови“ Старшип по враќање од орбитата- истото летало повторно може да полета за неколку недели (ВИДЕО)

Историскиот маневар беше изведен на 14 ноември, по 22,5 часа лет и 14 орбити околу Земјата. Основачот на компанијата, Елон Маск, рече дека истиот вселенски брод би можел повторно да лета по само неколку недели подготовка.

Старшип, означен како Ship 42, беше лансиран на 13 ноември како дел од 15-тиот тест лет на ракетниот систем. За време на престојот во орбитата, распореди 26 сателити Starlink V3, а потоа започна контролирано повторно влегување низ атмосферата на Земјата.

Во последните фази од неговото спуштање, три мотори Raptor го забавија вселенскиот брод и го доведоа во вертикална положба. Starship потоа беше прецизно воден помеѓу два механички крака на кулата за лансирање, позната како Mechazilla, кои го фатија и го држеа над лансирната рампа.

Маневрот беше успешно завршен околу 22:20 часот по средноевропско време, речиси 23 часа по лансирањето.

Спејс Икс претходно го користеше овој систем за да ја прифати првата фаза од Супер Тешкиот брод, но ова е прв пат успешно да се обнови горна фаза која претходно достигна орбитална брзина и помина низ атмосферата при враќањето на Земјата.

Маск: Топлинскиот штит и моторите изгледаат одлично

По враќањето, Маск го прегледа бродот 42 и на 15 ноември, на социјалната мрежа X, процени дека вселенското летало можеби нема да бара обемна работа пред следното лансирање.

„Го прегледав целиот топлински штит на Старшип. Генерално, изгледа одлично. И моторите изгледаат одлично. Бродот 42 веројатно би можел повторно да лета по неколку недели подготовка“, напиша Маск.

Сепак, тој призна дека SpaceX сè уште треба да имплементира голем број технички подобрувања за да ја постигне целта Старшип да биде повторно употреблив без големи интервенции, слично на комерцијалните авиони кои бараат само закажано одржување помеѓу летовите.

Компанијата сè уште не објави датум за следниот лет на бродот 42, ниту потврди дека ова конкретно вселенско летало ќе се користи на следната мисија.

Успешното враќање им овозможува на инженерите темелно да го прегледаат топлинскиот штит, моторите и структурата по целосен орбитален лет. Од особена важност е состојбата на илјадниците заштитни плочи кои мора да издржат екстремна топлина при враќање од орбитата со голема брзина.

Супер Хеви не успеа да се врати на лансирната рампа

И покрај успешното враќање на Старшип, SpaceX не ги постигна сите планирани цели на 15-тиот тест лет.

Првата фаза од ракетата, Супер Хеви, опремена со 33 мотори Раптор, требаше да се врати на лансирната рампа по одвојувањето, каде што ќе биде подигната од истиот механички систем на рачки.

Сепак, за време на маневрот за враќање, работата на моторот беше прекината порано од планираното поради проблеми со преостанатата количина гориво.

Потоа, системот за автоматска контрола го напушти пристапот до лансирниот комплекс и ја насочи првата фаза кон однапред одредена безбедна зона над Мексиканскиот Залив.

Супер Хеви изврши конечно согорување на својот мотор за спуштање, по што беше активиран системот за негово уништување. Првата фаза беше изгубена, а SpaceX истражува зошто маневрот за повторно влегување не помина според планот.

Компанијата досега не успеа да се опорави и да ги прифати обете фази од ракетниот систем за време на една мисија.

Следниот предизвик е повторно лансирање на истото возило

Успешното прифаќање на Starship е важен чекор кон развој на целосно повеќекратно употреблив ракетен систем, но само по себе сè уште не докажува дека возилото може брзо и економично да се употреби повторно.

SpaceX со години успешно ги обновува и повторно ги користи првите фази од ракетата Falcon 9, додека нејзината горна фаза се отфрла по мисијата. Starship е дизајниран така што обете фази можат да се обноват и да се користат повеќе пати, што би ги намалило трошоците за лансирање и би овозможило пократки интервали помеѓу мисиите.

Системот е важен и за американската вселенска агенција НАСА, која избра модифицирана верзија на Starship за слетување на астронаути на Месечината како дел од програмата Artemis. Дополнителни технологии, вклучително и пренос на големи количини криогено гориво помеѓу вселенските летала во орбитата, треба да се демонстрираат пред да можат да се извршат вакви мисии.

Повторното лансирање на Ship 42 би бил следниот важен чекор во докажувањето на повторната употребливост на горната фаза на Starship. Сепак, за да се докаже економската одржливост на концептот, ќе биде потребно да се покаже дека истото вселенско летало може да извршува повеќе мисии со кратки интервали на летови и ограничени трошоци за подготовка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер