Тасевска: Рекорден раст на пензиите и замрзнување на цените на основните продукти

​Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ преку конкретни мерки и политики го штитат и унапредуваат животниот стандард на граѓаните.

Цените на основните прехранбени продукти се намалени и замрзнати со цел да се намалат трошоците за храна.

Граѓаните денес купуваат леб со замрзната цена од 33 денари за 450 грама, млеко и млечни производи поевтини за 10, а тестенини за 15 отсто, додека максималните цени на јајцата и оризот се утврдени на цената од 15 март оваа година.

Покрај замрзнувањето и намалувањето на цените, истовремено растат платите и пензиите за граѓаните.

Веќе се исплаќаат пензиите за месец март зголемени за 8,4 отсто, односно секој пензионер од овој месец ќе добива зголемена пензија за просечно околу 1.500 денари.

Веќе во септември согласно методологијата ќе следува ново зголемување на пензиите, што ќе значи дека за само една и пол година од март 2022 до септември 2023 година пензиите на сите 330.000 пензионери ќе се зголемат за вкупно 25 отсто.

Тоа е рекордно зголемување на пензиите за толку краток рок.

Сето ова почитувани, е показател за одлучноста на СДСМ да го заштити стандардот на граѓаните во време на светска економска криза.

Грижата за сите граѓани продолжува, продолжуваме со реализација на мерките кои ги намалуваат трошоците и ги зголемуваат приходите на семејствата.

Прашање: Како го коментирате тоа што пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на седница на пратеничките прашања објави детали од медицински извештај и побара одговорност од министерката за одбрана Петровска?

Одговор:

Овие невистини беа веднаш демантирани од страна на министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Не сум изненадена бидејќи ВМРО-ДПМНЕ во континуитет води антиЕУ и антиНАТО кампања, хајка против министерката за одбрана. Тоа покажува дека тие не се реформирана партија, делуваат исто како што делуваа 11 години додека беа на власт и сега во опозиција. Тоа се навреди, омаловажувања, лична дискредитација.

Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Мбапе објави емотивен пост по добивањето на титулата најдобар играч во Лига 1

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе објави емотивна објава на социјалните мрежи по добивањето на титулата најдобар играч во Лига 1. Во неа тој им се заблагодари на тимот и играчите за љубовта и поддршката.

- Никогаш нема да ги заборавам посебните моменти што можев да ги поминам со клубот. Им благодарам на моите соиграчи и персоналот во овој посебен и престижен клуб, ПСЖ, што постојано ми дозволуваат да бидам најдобрата верзија од себе. Заминувам со крената глава, но никогаш не заборавајќи дека вечно сум ви благодарен, напиша Мбапе.

Навивачите на ПСЖ подготвија транспарент во чест на напаѓачот на тимот Килијан Мбапе на натпреварот со Тулуз во 33. коло на Лига 1.

Мбапе игра за парижаните од 2017 година. На 10 мај тој најави заминување од ПСЖ. Неговиот договор со тимот истекува ова лето. Натпреварот со Тулуз беше последен домашен натпревар за 25-годишниот фудбалер на „Паркот на принцовите“ како дел од парижаните.

„Букинг“ доби обврска да нуди поголем избор на сместувачки капацитети на туристите

- Врз основа на нашата одлука, Букинг.ком се приклучува на листата на платформи кои треба да се придржуваат до основни услуги на правилата на ДМА, изјави Вестагер. 

Европската комисија ја именува компанијата „Букинг“ за „вратар“ согласно Законот за дигитални пазари поради нејзината веб страница Букинг.ком, а во исто време реши да не им додели такви звања на „Икс“ и на „БајтДенс“ во однос на нивните платформи Икс Едс, односно ТикТак Едс. Дополнително, ЕК реши и да покрене пазарна истрага за утврдување дали платформата за социјална комуникација на „Икс“ ги исполнува условите за стекнување на ова звање.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, одлуката за прогласување на „Букинг“ за „вратар“ е донесена врз основа на анализата која покажала дека нејзината платформа за резервирање објекти за сместување Букинг.ком претставува значајна врска меѓу бизнисите и потрошувачите во ЕУ и ги исполнува условите да го добие оваа звање врз основа на Законот за дигитални пазари (ДМА).

Од друга страна, ЕК заклучи дека иако услугите за онлајн рекламирање Икс Едс на „Икс“ и ТикТок Едс на „БајтДенс“ според ДМА ги исполнуваат квантитативните услови за именување за „вратари“, сепак тие не претставуваат важна врска меѓу бизнис секторот и корисниците, поради што реши да не им додели вакви звања на нивните компании сопственици.

Паралелно, Еврокомисијата започна пазарна истрага за понатамошна проценка на претходната одлука дека платформата Икс не ги исполнува условите врз основа на кои компанијата „Икс“ би била „вратар“. Имено, на 1 март ЕК реши дека платформата Икс ги исполнува квантитативните услови за доделување на „титулата“, но дека не се квалификува за неа како важна врска меѓу бизнисите и корисниците. Истрагата треба да заврши во рок од пет месеци.

Во реакција на овие одлуки, извршната потпретседателка на Еврокомисијата за конкурентност, Маргрете Вестагер, оцени дека таа претставува „добра вест“, бидејќи туристите ќе имаат корист од поголем избор на сместувачки капацитети, а хотелите ќе имаат повеќе деловни можности.

- Врз основа на нашата одлука, Букинг.ком се приклучува на листата на платформи кои треба да се придржуваат до основни услуги на правилата на ДМА, изјави Вестагер.

„Букинг“ сега има рок од шест месеци да се усогласи со обврските утврдени со Законот на дигитални пазари и да им понуди поголем избор и слобода на крајните корисници и фер пристап на деловните корисници до услугите на Букинг.ком.

Комисијата ќе го следи ефикасното спроведување и усогласување со овие обврски и во случај „Букинг“ да не ги почитува обврските утврдени со ДМА, може да и изрече казни до 10 отсто од вкупниот промет на компанијата на глобално ниво, а при повторување на прекршокот казната може да достигне и до 20 проценти. Во случај, пак, на систематски прекршоци, Комисијата има можност за преземање дополнителни правни лекови, кои вклучуваат и наредба на компанијата да го продаде својот бизнис или негови делови.

Законот за дигитални пазари (ДМА) има за цел да обезбеди конкурентни и фер пазари во дигиталниот сектор со тоа што им поставува правила и обврски на големите дигитални платформи кои обезбедуваат важна врска меѓу деловните корисници и потрошувачите, со цел да се спречи создавање „тесни грла“ во дигиталната економија.

Согласно ДМА, лани на 6 септември ЕК ги прогласи за „вратари“ компаниите „Алфабет“, „Амазон“, „БејтДенс“, „Епл“, „Мајкрософт“ и „Мета“ и тие мораа до 7 март годинава да се усогласат со законските правила. Дополнително, 29 минатиот месец, Комисијата дополнително го прогласи „Епл“ и за „вратар“ поради неговиот сајт за оперативни систем за таблети ајПадОС, кој има рок од шест месеци за усогласување со ДМА.

За неусогласеност со правилата на ДМА, ЕК на 25 март започна истрага против „Алфабает“ за начинот на управување со „Гугл Плеј“ и за самонаметнување на „Гугл Срч“, против „Епл“ за управувањето со „Епл Стори“ и „Сафари“, како и против „Мета“ заради моделот на плаќања.

Продолжува посетата на Вархеји на Србија

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска ја продолжува тридневната посета на Србија, каде ќе има средби со високи претставници во Белград и ќе посети одредени институции во Нови Сад и Суботица.

Вархеји денеска ќе присуствува на потпишувањето на договорот за грантови донирани од Европската Унија за втората фаза од програмата „Обновливи извори на енергија - развој на пазарот на биомаса во Република Србија“ во Владата на Србија.

Тој ќе присуствува и на потпишувањето на Меморандумот за разбирање за формирање на Советот на европските бизнис асоцијации и стопански комори во Србија.

Вархеји денеска во Белград одвоено ќе разговара со српскиот премиер Милош Вучевиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ како и со неколку други членови на Владата

Вархеји вчера имаше средба со претседателот Александар Вучиќ, по што изрази надеж дека Србија ќе стане членка на ЕУ пред крајот на мандатот на следната Европска комисија во 2029 година, пренесе Бета.

Вархеји утре ќе разговара со претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, а ќе има одвоени средби и со шефовите на пратеничките групи на владејачките и опозициските партии.

Од Србија, Вархеји заминува за Црна Гора, каде в четврток во Котор ќе учествува на самитот на лидерите од Западен Балкан и претставници на ЕУ и САД, на кој ќе се разгледува Планот за раст на Западен Балкан.

притисни ентер