ВМРО-ДПМНЕ: Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев
1ВМРО-ДПМНЕ: Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев
Времето на чекање на аеродромите низ Европа е двојно зголемено по воведувањето на новиот електронски систем
2Времето на чекање на аеродромите низ Европа е двојно зголемено по воведувањето на новиот електронски систем
ФудбалЖиру потврди дека ја продолжува кариерата во САДНапаѓачот на Милан, Оливие Жиру објави денеска дека го напушта клубот по крајот на сезоната.Триесетиседумгодишниот Французин кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС лига каде ќе настапува за Лос Анџелес. „Горд сум на она што го постигнав овде во Милано. Сега треба да ги одиграм последните два натпревари за Милан, па да одам во САД“, изјави Жиру, кој во 2018 година ја освои титулата светски првак со Франција, а во сезоната 2021/22 стана шампион со Милан во Серија А. Жиру во дресот на Милан зад себе има 130 натпревари на кои постигна 48 голови. Пред да дојде во Милан, Жиру играше за Гренобл, Истр, Тур, Монпеље, Челзи и Арсенал. Со Монпеље ја освои француската титула, а со Челзи триумфираше во Лигата на шампионите и Лига Европа. Во кариерата има 847 натпревари со 342 голови и 113 асистенции, освојувајќи вкупно 13 трофеи. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПрепораки на Институтот за јавно здравје за заштита од топлотниот бранПоради актуелниот топлотен бран и високите амбиентни температури, Институтот за јавно здравје со препораки за заштитата од истиот.Поради актуелниот топлотен бран и високите амбиентни температури, Институтот за јавно здравје со препораки за заштитата од истиот, а се однесуваат на раководителите на установите за згрижување стари лица и на центрите за долготрајна институционална грижа, потоа јавноздравствени препораки за заштита на здравјето на вработените во услови на топлотен бран, внес на вода и физичка активност при топло време, заштита на доенчињата и децата при топло време, јавноздравствени препораки за летни патувања и јавноздравствени препораки за заштита на лицата над 65 години при високи температури. На следните линкови можете детално да се информирате за сите препораки за заштита од топлотен бран. https://www.iph.mk/mk/news/index/1802?cookieS=2&fbclid=IwVERDUATmri5wZG9mBWV4dG4DYWVtAjEwAHNydGMGYXBwX2lkDDM1MDY4NTUzMTcyOAABHvw5M2OFcCwLPh5njLSUkdyKsfZpEajrIqAV1qIVeMVnWghai1PDKzNim3Hu_aem_PBmZwtDtXz76V_P8nVYUqg https://www.iph.mk/mk/news/index/1801?cookieS=2&fbclid=IwdGRzaATmrlBjbGNrBOauTHBkb2YFZXh0bgNhZW0CMTEAc3J0YwZhcHBfaWQMMzUwNjg1NTMxNzI4AAEeISyE3MT_KEUNbvCZ_B0G62oqiS-LnFarstlUcHNg3DXaqSl0s3iAwWi8bO0_aem_NVywxxt7aKbqrtuYl4fQTA https://www.iph.mk/mk/news/index/1799?fbclid=IwdGRzaATmrnpjbGNrBOaudXBkb2YFZXh0bgNhZW0CMTEAc3J0YwZhcHBfaWQMMzUwNjg1NTMxNzI4AAEeLG1IR-k_0Gbzjq9fSAvltPjteGdJZ0DdnrF043c1OeLzmOII0ULuTM_vaCY_aem_teotpjPWK9hWf8UtJ34qgw https://www.iph.mk/mk/news/index/1798?fbclid=IwdGRzaATmrptjbGNrBOaul3Bkb2YFZXh0bgNhZW0CMTEAc3J0YwZhcHBfaWQMMzUwNjg1NTMxNzI4AAEe9eGaedOt_cHVjUAKKJCPlJRVuYlOWEaOVOKtoiPqUt1xn5gmvaBNAHu16Yw_aem_351oXE2Gu_7-VnWn4r6Vmg https://www.iph.mk/mk/news/index/1795?fbclid=IwdGRzaATmrsNjbGNrBOauv3Bkb2YFZXh0bgNhZW0CMTEAc3J0YwZhcHBfaWQMMzUwNjg1NTMxNzI4AAEezK7yxGWP5jZ6DRGfpvKfA_l7VjI7vYkF1pCBU07pbbi0qa7mAcWNhoWU0cQ_aem_XXz-jHf2bYznCtWZxkZmHQ https://www.iph.mk/mk/news/index/1805Тагови: топлотен бран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВремето на чекање на аеродромите низ Европа е двојно зголемено по воведувањето на новиот електронски системВремето на чекање на аеродромите низ Европа е двојно зголемено- „Само Европејците можеа да смислат ваква глупост.“Времето на чекање на некои од најголемите европски аеродроми леттово лето по воведувањето на новиот електронски систем на Европската унија за гранична контрола се удвои, според податоците објавени од „Фајненшл тајмс“ (Financial Times). На аеродромот во Франкфурт, максималното време на чекање во јули достигна 120 минути, што претставува зголемување во однос на 60-те минути претходната година, според податоците на аналитичката компанија „Кју-сензор“ (Qsensor). Во Минхен, најдолготрајното чекање се зголеми од 31 на 60 минути, додека во Амстердам се зголеми од 80 на 120 минути. Во април, ЕУ го воведе Системот за влез/излез (EES), според кој патниците од Обединетото Кралство и од други земји надвор од ЕУ мора да се регистрираат при првиот влез преку давање отпечатоци од прсти, фотографирање и доставување лични податоци. Секторите за туризам и авијација претходно предупредија дека новиот систем би можел да предизвика значителни доцнења, бидејќи аеродромите нема да можат доволно брзо да ги обработуваат патниците. Аеродромот во Франкфурт соопшти дека новите гранични контроли довеле до доцнење на летовите и други пречки во одвивањето на сообраќајот. „Како што се продолжува времето на чекање, забележуваме значителен пораст на загриженоста кај туристите од Обединетото Кралство и Северна Америка во врска со тоа колку долго ќе мора да чекаат во ред“, изјави Оливер Максфилд, основач на компанијата „Qsensor“. Извршниот директор на „Рајанер“ (Ryanair), Мајкл О'Лири, остро го критикуваше системот EES и изјави дека треба да се овозможи регистрација преку интернет. „Само Европејците би смислиле вакви глупости“, им рече тој на инвеститорите минатиот месец. О'Лири додаде дека „Рајанер“ доживеал сериозни застои на приближно 15 аеродроми. Системот за управување со сообраќајот (EES) има за цел да ја зголеми безбедноста на надворешните граници на ЕУ преку следење на влезовите и излезите, откривање на лица кои го пречекориле дозволеното време и помагање во лоцирањето на лицата што ги бараат властите. Сепак, неговата имплементација е оптоварена со доцнења, технички проблеми и проблеми со опремата. Некои аеродроми привремено ги суспендираат одредени проверки. Податоците од Минхен покажуваат дека подолгото време на чекање првенствено ги погодува патниците што се подложуваат на рачни проверки. Автоматизираните ленти најчесто ги користат граѓаните на ЕУ, кои не се обврзани да се регистрираат во EES. Следствено, многу аеродроми привремено ги суспендираа некои проверки - како што е земањето отпечатоци од прсти - за време на периодите на најголем застој. Оваа опција треба да истече во септември, но осум земји-членки на ЕУ и Швајцарија побараа од Европската комисија да ја продолжи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на ЗаевТалогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев кој си ги прати “децата“ од СДС да прават инциденти во Ново Село.СДС е во паника, а Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев кој продолжи со истите политики на предавства креирање насилни инциденти и тензии. Филипче и СДС немаат понуда што ќе одговори на реалните проблеми на граѓаните и во отсуство на визија, стратегија и јасен план се свртија кон импровизации, глумење жртви и креирање насилни инциденти. Филипче е нервозен бидејќи вистината излезе на виделина и целата јавност ги виде лицата на “децата“ на СДС кои ги прати да направат инцидент во Ново Село за време на посетата на претседателот Мицкоски. Филипче исто како и Заев е опкружен со насилници, тепачи и наркомани. Ефтимов и Стојанов кои се обидоа да направат инцидент во Ново Село се насилници и тепачи со криминално досие, двајцата се условно осудени на година и пол затвор, затоа што крвинички претепале туристи во Струмица, и токму затоа Филипче ги одбрал нив. Криминалци, тепачи, насилници и наркомани, тоа е матрицата на СДС која Филипче ја претставува како „децата“ на Македонија, но тоа никако не смее да биде иднината на Македонија. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter