Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
Шоу биз Станала самохрана мајка на 19 години (ВИДЕО)И покрај сè, има кариера од соништата, но вториот сопруг не можел да поднесе една работа...Оваа актерка променила многу улоги, но мајчинството сепак ѝ е најдрага. Актерката Софија Вергара станала мајка кога имала само 19 години. Таа преку својата приказна покажува извонредна истрајност и решителност во самостојното воспитување на детето на многу млада возраст. Децении подоцна ќе потврди дека сменила многу улоги, но дека мајчинската улога сепак за неа е најубава. - Маноло го родив многу рано, немав ни 20 години. Речиси и не се паметам без него. Отсекогаш мислев дека сум премногу млада, но сега имам 52, а тој 32 г. и се чувствувам одлично. Малтене бев тинејџерка кога го родив, па некако пораснавме заедно. Мислам дека можеби ќе бев подобра мајка ако го родев малку подоцна, ќе бев позрела и поодговорна, но се случи така - истакнала таа неодамна во една ТВ емисија. Откако се развела од таткото на Маноло, Софија се посветила на воспитувањето на својот син, трудејќи се да му биде најдобар пример и да му обезбеди сè што му е потребно. Иако признала дека сè ќе било полесно доколку Маноло би пристигнал десет години подоцна, таа истакнува дека секоја жртва е вредна за трудот кога гледа колку нејзиниот син е воспитан, шармантен и забавен. Софија успеа да оствари успешна кариера во светот на филмот додека се грижела за својот син. Низ годините, нејзиниот подем во светот на глумата и манекенството беше импресивен, а нејзиниот син Маноло растел со поддршката и љубовта на својата мајка. Како мајка, Софија редовно се грижи за својот син и му ги пренесува своите животни лекции. Нејзините совети за безбедноста и одговорното однесување ја покажуваат нејзината длабока посветеност на мајчинството. Потсетуваме, убавата Колумбијка на 19 години се омажи за својата средношколска љубов Џо Гонзалес и со него го доби синот Маноло. Таа беше во брак со својот прв сопруг од 1991 до 1993 година, а во 2014 година се омажи за актерот Џо Манганиело. Иако долго време изгледаа како еден од најубавите и најхармонични парови во Холивуд, сите беа изненадени од нивниот развод во текот на минатата година. Вергара потврди дека желбата на Манганиело да има свои деца довела до нивна разделба. - Бракот ми се распадна затоа што мојот сопруг беше помлад. Тој сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка. Речиси сум во менопауза, таков е природниот тек на нештата. Кога син ми ќе стане тато, нека ми го донесе бебето на некое време, па ќе му го вратам и ќе си продолжам со животот, тоа е она што треба да го правам. Подготвена сум да бидам баба, а не мајка – признала таа за медиумите. View this post on Instagram A post shared by People Magazine (@people) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ТехнологијаБританска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила.Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила, како дел од програмата за намалување на трошоците, делумно водена од поголемата употреба на вештачка интелигенција. Главната финансиска директорка Ана Крос изјави дека околу 1.000 отпуштања веќе се спроведени, додека преостанатите 4.000 се очекуваат до крајот на годината, објавува Гардијан. Според менаџментот, инвестициите во технологија и вештачка интелигенција ја зголемуваат продуктивноста на вработените и ги поедноставуваат деловните процеси. Банката планира дополнително да ја подобри оперативната ефикасност со заштеди од околу 1,1 милијарди фунти во текот на 2027 година. Во третиот квартал од 2026 година, Барклис оствари добивка пред оданочување од 2,3 милијарди фунти, или околу 2,75 милијарди евра, што е за 12 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година. Вкупните приходи на банката се зголемија за 3 проценти на годишно ниво на 7,4 милијарди фунти, или повеќе од 8,8 милијарди евра. Приходите од тргување со обврзници на „Барклис“ се намалија за 19 проценти, што е полошо од падот од 5 проценти забележан кај американските банки, а извршниот директор на банката, Ц.Е. Венкакришнан, изјави дека е разочаран од резултатите. Банката објави нов откуп на акции во вредност од 500 милиони фунти, со што вкупниот износ вратен на акционерите оваа година достигна 2,8 милијарди фунти, или околу 3,34 милијарди евра. „Барклис“ се подготвува и за можно зголемување на данокот на банките во Велика Британија, за кое се очекува владата во Лондон да одлучи како дел од буџетот што ќе биде презентиран на 28 октомври.Тагови: банка вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИзраел ѝ нареди на војската да се подготви за целосно затворање на Западниот брег Израел ѝ нареди на својата војска да се подготви за целосно блокирање на Западниот Брег по нападот во кој беа повредени пет Израелци.Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека им наредила на безбедносните сили да го блокираат Хеброн и да бидат подготвени целосно да ја затворат целата палестинска територија. Наредбите дојдоа откако израелската војска соопшти дека убила двајца вооружени лица и спречила „терористички напад“ во кој биле повредени неколку лица. Војската соопшти дека вооружените лица носеле пушка М16 и пиштол. Не е јасно кој бил целта на наводниот напад, а идентитетот на убиените и повредените сè уште не е потврден.Тагови: Западниот Брег Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноСлон збесна среде поворка: Го отфрли светиот престол од 650 килограми, луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)Слон кој носел свет златен ритуален престол од 650 килограми (1.300 фунти) беснеел за време на фестивал во Индија, соборувајќи автомобил и оштетувајќи ги блиските згради.Вознемирувачките снимки покажуваат како луѓето бегаат додека властите се обидуваат да го контролираат животното, кое на крајот го фрла својот скапоцен товар од грбот. Избран од илјадници животни Снимката покажува како луѓето бегаат додека властите се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола. Азискиот слон потоа соборил пиедестал украсен со злато и скапоцени камења, на кој се наоѓала статуа на божицата Чамундешвари, објавува Телеграф. Слон по име Соманана, чија сурла била украсена со црвени и златни шари, бил избран од илјадници животни да ја предводи главната поворка за време на десетдневниот свет фестивал. Слонот заспан со седативи Церемонијата се одржала на улиците на југозападната држава Карнатака. Службениците изјавија дека подоцна бил седатив и се опоравува во блискиот храм. Dasara procession turns to tragedy in Shivamogga. The elephant carrying the Ambari runs amok across the streets damaging buildings and vehicles before coming to a halt as the 650 kilo silver ambari it was carrying falls down. https://t.co/zQlPX4HuOg — Deepak Bopanna (@dpkBopanna) October 21, 2026 Министерот за шуми, екологија и животна средина на Карнатака, Рамалинга Реди, изјави дека слоновите што ќе учествуваат на церемонијата во иднина ќе мора да поминат најмалку 20 дена обука.Тагови: слон престол Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter