Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
ХороскопДневен хороскоп за 14. мај 2024 година Дневен хороскоп за вторник, 14. мај 2024 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашиот љубовен план би можел да ве изневери. Не е ниту паметен , ниту морален. Подобро да ги послушате пријателите. Кариера Денеска нема да бидете реални во проценките на работата. Потребно е што повеќе да се поврзете со другите и да ги следите. Здравје и совет Претерувате со консумација на слатки. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Поголем дел од денот ќе го минете во разгледување на вашите приоритети во љубовниот живот. Ќе има тука големи дилеми. Кариера Нема да бидете целосно задоволни од со финансиската состојба , а во исто време ќе бидете склони кон трошење. Здравје и совет Најдете златна средина. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе биде потребна дипломатија зџа вие и саканата личност да ги усогласите ставовите на кој начин ќе уживате. Кариера Пазете се од илузии и заблуди . Денеска нема да бидете објективни во проценките. Здравје и совет Не претерувајте со алкохолот. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас се нови предизвици , што ќе ве инспирираат за поголема активност во љубовта. Ќе најдете рамнотежа. Кариера Малите финансиски издатоци ќе го направат овој ден малку нестабилен , но тоа е минливо. Здравје и совет Можна е кашлица. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои ќе бидат доста слаткоречиви и брзи во делењето комплименти. Не забаровајте да бидете убедливи. Кариера Ќе знаете да се прилагодите кон секоја нова ситуација , зашто вашиот шарм и способност за дипломатија ќе бидат на завидно ниво. Здравје и совет Останете свои. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашиот живот ќе биде уреден ; а вие ќе бидете оптворени за секој предлог на партнерот. Ќе ја користите и интуицијата во љубовта. Кариера Се наоѓате во фаза на истраѓување на малите нешта , што би можеле да придонесат кон поголем успех во работењето. Здравје и совет Доаѓате до нови решенија. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска ќе добиете можност заедно да се тргнете од вообичаените места на движење било преку излет или патување. Кариера Веројатно уште подобро ќе се поврзете со колегите , кои не се од местото каде што работите. Тоа ќе биде конструктивна соработка. Здравје и совет Проверете го автомобилот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе блескате и ќе се обидете да ја привлечете личноста што ви е симпатична. Ќе настојувбате што побргу да преминете од зборови на дела. Кариера Без оглед што можете да сметате на поддршката од колегите , вие и натаму ќе имате потреба да се докажувате. Тоа е професионализам. Здравје и совет Смирете ги страстите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се прашувате колку вреди вашата врска или односот. Очекувавте нешто повеќе , а до тоа треба уште да поработите. Кариера Минливи издатоци што не биле планирани , малку ќе ве загрижат. Сепак , набргу ќе најдете начинза тоа да го надоместите. Здравје и совет Планирајте ги работите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во попладневните часови вашата сакана личност ќе престане да ги повторува своите барања и ќе се симне на земја. Кариера Ќе бидете кооперативни , иако нема во се да се согласите со соработниците. Но , овој зрел пристап подоцна ќе донесе резултати. Здравје и совет Проверете си ја крвната слика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата љубезност и шарм ќе ви донесе уште некое познанство или дополнителни поени во веќе постоечката врска. Кариера Треба да се потпрете на конкретните резултати , што можат да се измерат. Само така ќе може да продолжите кон успесите. Здравје и совет Бидете умерени. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку се фокусирате на својата смиосла за хумор, ќе успеете да победите и да ги оттргнете своите љубовни грижи. Кариера Иако изгледа како еден наизглед неважен проблем да е решен , но вие сте личноста која треба да се потруди за се да биде како што треба. Здравје и совет Бидете сериозни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураУште еден успех на НУ Народен театар Битола, преполна сала за „Кориолан“ во ПолскаСиноќа во преполната сала на театарот во Бјалисток, Полска, Народниот театар Битола ја изведе „Кориолан“ како дел од јубилејното 10. издание на меѓународниот театарски фестивал „Direction East“. Делото од Вилијам Шекспир, во режија и адаптација на Џон Блондел, и овојпат го привлече вниманието на публиката која ги награди актерите со долготрајни и стоечки аплаузи. Секое гостување надвор од границите на нашата земја е повеќе од сценски настап – тоа е можност македонската култура да биде видена, слушната и препознаена. Секое учество на фестивал од меѓународен карактер отвора простор за размена на уметнички искуства, нови професионални контакти и идни соработки, а воедно го потврдува местото на Народниот театар Битола во современиот европски театарски простор. „Токму преку ваквите гостувања, театарот станува културен амбасадор на својата земја – носејќи ги со себе јазикот на уметноста, креативноста на нашите уметници и приказните што ги поврзуваат различните култури“, истакнуваат од НТБ. Оваа изведба во Полска, следуваше по гостувањата на „Охридско лето“, Shakespeare Fringe Festival во Верона и „Magical Nights in Butrint“ во Саранда. Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска. Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло: Џонатан Хикс, светло мајстор: Горан Петровски, музика: Александар Димовски, видео: Владимир Переловски, инспициент: Оливер Петровски. Суфлер: Мирјана Христовска. Од Битола кон европските сцени – и овојпат со гордост НТБ го претстави македонскиот театар и понатаму продолжува да гради мостови преку уметноста. Фото: Ивона КочовТагови: НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаЛишени од слобода две лица при претрес во Прилеп, пронајдена дрогаНа 16.10.2026 во 14:17 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода И.П.(22) и С.Т.(19) двајцата од Прилеп. Имено, врз основа на Наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршија претрес во домот на И.П., од Прилеп при што пронајдена и одземена е марихуана, а затекната била и С.Т., кај која при преглед била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаАкциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршокЗа сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.На 15.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. При спроведената контрола констатиран е вкупно 541 прекршок, од кои 250 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, додека 291 прекршок е констатиран во населено место. Во текот на контролата констатирани се и 58 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата и апелира до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го приспособат управувањето со возилата на условите на патот, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.Тагови: брзо возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter