ЖивотТалибанците им забранија на авганистанските медиуми да емитуваат странски серииТие рекоа дека Комисијата за култура им забранила на девојките да носат модерна облека, дури и во реклами. Талибанците им забранија на локалните медиуми во Авганистан да емитуваат странски серии кои го прекршуваат шеријатскиот закон, прикажуваат жени без хиџаб и секаков вид на песни, соопштија претставници на медиумите. Тие рекоа дека Комисијата за култура им забранила на девојките да носат модерна облека, дури и во реклами. Сите жени мора да носат хиџаб. Покрај тоа, медиумите мора да ги отфрлат странските телевизиски серии кои се во спротивност со авганистанската култура и шеријатскиот закон, а употребата на песни е строго забранета. Комисијата соопшти дека медиумите треба да даваат „балансирани" вести што не се засноваат на гласини. Странските медиуми кои се емитуваат во Авганистан мора да ги исполнуваат стандардите поставени од властите во земјата, во спротивно тие ќе бидат забранети. Според претставниците на медиумите, поради овие забрани ќе мора да се затворат претставништвата на некои медиуми. Тие истакнаа дека ограничувањата наметнати од талибанците ја отежнуваат работата на медиумите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПосебен сообраќаен режим денеска низ Скопје поради концертот на Дејвид ГетаПосетителите на музичкиот настан што денеска ќе се одржи во Националната арена „Тодор Проески“ треба да очекуваат отежнато одвивање на сообраќајот во околината на објектот.Концертот е закажан за 19 часот, а поради очекуваниот зголемен број посетители, полициските служби ќе воведат посебен режим на сообраќај на улиците и приодите кон Арената, како и на дел од булеварот „Илинден“. Од СВР Скопје информираат дека сообраќајните мерки се преземаат со цел да се обезбеди безбедно пристигнување и заминување на посетителите, но и непречено одвивање на сообраќајот за останатите учесници. На граѓаните кои планираат да се движат во овој дел од Скопје им се препорачува навреме да ја испланираат својата маршрута и да предвидат дополнително време за патување. Возачите се повикуваат да ги почитуваат насоките на полициските службеници, поставената сообраќајна сигнализација и да покажат дополнителна внимателност и трпение за време на траењето на посебниот режим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!Премиерот Христијан Мицкоски со видео од убавините на нашата земја им го честита на граѓаните големиот празник, Денот на независноста на Македонија. „Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“ На својот ФБ профил премиерот објави видео со убаините на Македонија по повод 35 години независност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на МакедонијаПо повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 35 години од независноста, Движењето ЗНАМ за наша Македонија упатува искрени честитки до сите граѓани на Македонија.Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и независна држава. Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска. Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднаква можност за успех. Македонија е наша татковина. Независноста е наше наследство. Иднината е наша заедничка обврска. Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија. Честит 8-ми Септември! Честити 35 години независна Македонија! Движење ЗНАМ за наша МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook