На Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентите - Канал 5

На Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентите

Настапот на српската пејачка Јелена Карлеуша во „Театро клуб“ (Teatro Club) во Есен, Германија – првично закажан за 31 октомври 2026 година – е откажан. 

На Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентите

Според раководството на клубот, одлуката е донесена по разгледување на нејзините јавни изјави во врска со актуелната политичка ситуација во Србија, особено оние што се однесуваат на студентите.

Објавено соопштение „Почитувани гости, сакаме да ве информираме дека настапот на Јелена Карлеуша, планиран за 31 октомври 2026 година во ’Театро клуб‘ во Есен, нема да се одржи. До оваа одлука дојдовме по внимателно разгледување на нејзините јавни изјави и ставови во врска со актуелната политичка ситуација во Србија“, се наведува во соопштението.

Од клубот изјавија дека се оградуваат од изјавите кои – како што наведоа – ги навредуваат и омаловажуваат студентите и граѓаните што се борат за своите права, како и од реториката што поттикнува поделби и нетолеранција.

„Сметаме дека примарната улога на еден пејач е да забавува, да ги обединува луѓето и да шири позитивна енергија преку својата музика – а не да ги користи својата популарност и јавна платформа за политички пресметки, навреди или за продлабочување на поделбите меѓу луѓето. Секој, вклучително и јавните личности, има право на сопствени политички ставови. Сепак, сметаме дека постои јасна граница помеѓу изнесувањето мислење и користењето на влијанието за омаловажување на другите“, наведоа од клубот. Додадоа дека нивната сцена треба да биде простор посветен на музика и забава, а не на политичка пропаганда.

„Teatro Club Esen е место на заедништво, почит и позитивна атмосфера. Не сакаме да им понудиме простор на нашите гости каде што ќе се промовираат ставови спротивни на вредностите за кои се залагаме. Нашите принципи не се на продажба и ниту еден настап не е поважен од почитта што им ја должиме на нашите гости и вредностите што ги застапуваме. Ви благодариме за разбирањето и поддршката“, се вели во соопштението.

Од крајот на 2024 година, Јелена Карлеуша е еден од најгласните јавни критичари на студентските протести и блокади во Србија, притоа отворено поддржувајќи го претседателот Александар Вучиќ.

Пејачката ги опиша студентите што учествуваат во блокадите како „толпа“ која нема желба да учи, па дури и тврдеше дека тие ѝ нанеле поголема штета на Србија отколку која било војна. Таа исто така предложи дека деканите на факултетите би требало, наместо тоа, да одат да берат малини.

Понатаму, таа повика на апсење на ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ђокиќ, кого го обвини за предавство на сопствената земја. Нејзините ставови предизвикаа остри реакции кај дел од јавноста, што доведе до повици за бојкот на нејзините настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

„Внимавај за да стигнеш. За да стигнеме сите“ е главната пораката на новата општествено одговорна кампања во рамки на едукативната платформа „Јас внимавам“.

ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

„Внимавај за да стигнеш. За да стигнеме сите“ е главната пораката на новата општествено одговорна кампања во рамки на едукативната платформа „Јас внимавам“, која започнува на 29 октомври, а ќе ја спроведува ОКТА, во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБПС). Тргнувајќи од идејата дека во сообраќајот секој од нас е дел од поширока целина, кампањата го става акцентот на вниманието, присутноста и одговорноста за сопствената и за безбедноста на другите учесници.

Преку платформата „Јас внимавам“, ОКТА континуирано инвестира во подигнување на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот. Годинава кампањата е насочена кон поттикнување на поголема лична одговорност и самосвесност кај сите учесници во сообраќајот, охрабрувајќи ги да застанат за момент и да размислат што можеби превидуваат додека управуваат возило, преминуваат улица или се движат со велосипед, мотоцикл или тротинет.

„Веруваме дека преку одговорно однесување и поголема грижа кон луѓето околу нас можеме заеднички да придонесеме кон побезбедна сообраќајна средина Бидејќи, нашата цел не е секој поединец безбедно да стигне до својата дестинација, туку сите безбедно да стигнеме до својата цел,“ изјави Димитриос Пасхос, главен извршен директор во ОКТА.

Со креативниот концепт „Што пропушташ кога не внимаваш?“, кампањата ги поттикнува граѓаните да препознаат ризици што лесно остануваат незабележани во сообраќајот, како и опасностите од одвлекување на вниманието, особено од мобилните телефони. Истата ќе се спроведува преку различни комуникациски канали, како и преку теренски активности насочени кон подигнување на свеста за важноста на безбедното учество во сообраќајот.

„Безбедноста во сообраќајот започнува со почитување на правилата, но и со свесност дека секоја наша постапка може да влијае врз другите. Возачите треба постојано да ја следат сообраќајната ситуација, да ги проверуваат ретровизорите и мртвите агли и да не дозволат мобилниот телефон или други фактори да им го одвлечат вниманието. Истовремено, сите учесници треба да бидат внимателни и одговорни во своето движење. Преку поддршката на кампањата „Јас внимавам“ сакаме дополнително да ја нагласиме важноста на превенцијата и на одговорното однесување во сообраќајот“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Посебен акцент во кампањата се става на видливоста и правилната процена на ризиците. Не е доволно само да ги забележуваме другите учесници во сообраќајот, туку е важно и самите да бидеме видливи, да ги почитуваме правилата и да не претпоставуваме дека другите секогаш нè забележале. Ова е особено значајно за пешаците, велосипедистите и корисниците на тротинети, кои се повеќе изложени на ризици во сообраќајот.

„Секојдневното учество во сообраќајот бара постојано внимание, добра процена и одговорност. Затоа е важно да не се потпираме на претпоставки, туку да провериме уште еднаш, да го насочиме вниманието кон патот и да бидеме свесни за сите околу нас. Со ваквите иницијативи сакаме да поттикнеме сообраќајна култура во која секој учесник се грижи не само за сопствената, туку и за безбедноста на другите“, изјави Горан Ангеловски, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Во 2017 година, ОКТА официјално започна со спроведување на националната платформа „Јас внимавам“, со цел да придонесе кон подигнување на јавната свест за безбедноста во сообраќајот и развивање поодговорни навики кај сите учесници. Во изминатите години, преку едукативни активности, кампањи и конкретни иницијативи, компанијата поддржа различни аспекти на сообраќајната безбедност, од едукација на децата и обезбедување рефлектирачки ознаки за првачињата, до подобрување на безбедноста на пешаците и поддршка за ранливите категории учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал, ДЗР потврди дека парите се за македонската економија

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашање ги отфрли обвинувањата на претседателот на опозициска СДСМ Венко Филипче

Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал, ДЗР потврди дека парите се за македонската економија

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашање ги отфрли обвинувањата на претседателот на опозициска СДСМ Венко Филипче, укажувајќи му дека обидите за поврзување на актуелните политички случувања во Србија со него и со Владата се засноваат на, како што рече, лаги и политички конструкции.

„Овие прес конференции кои што вашата политичка партија ги пренесува а што се однесува до изборите во Србија и нивното поврзување со нас во контекст на тој кој чии и каков ментор бил нема да ги коментирам. Ќе остава на времето да даде одговор на сето тоа кое што вие го кажувате денеска и лагите ги испраќате. Јас вчера во една моја изјава се извинив на граѓаните за сето она кое што ќе го слушаат во периодот кој што следи. Тоа е едноставно нивото со кое што вие мислите дека во овој момент ќе добиете гласови. Тоа е ваша одлука, слободно водете политика она како што мислите. Но, ако мене ме прашувате за совет, мислам дека чекорите многу погрешно. Но, тоа е ваша одлука, јас нема тука да се мешам.“, изјави Мицкоски и додаде:

„Истото го зборувавте и за Орбан пред 6 месеци, истите прес конференции од А до Ш. Споредете ги и во овие 6 месеци, и тогаш велевте ќе се откриеле криминалиите на Мицко со Орбан, не знам што е се случуваше итн. Но, еве поминаа 6 месеци се откри една работа, дека сме земале добар финансиски кредит од страна на Унгарија. Кредит кој што го употребивме соодветно, а доказ за тоа дали сме го употребиле соодветно е денешниот извештај од Државниот завод за ревизија.“

Премиерот Мицкоски посочи дека наместо најавуваните скандали од опозициската СДСМ, досегашните информации покажуваат дека средствата од унгарскиот кредит биле искористени за поддршка на економијата и на домашното стопанство, а тоа го потврди и извештајот на Државниот завод за ревизија.

„Денеска Државниот завод за ревизија вели дека средствата од унгарскиот кредит се наменети за раст на македонската економија, дел дека се наменети за враќање на евро обврзница која што вашата влада ја има подигнато, тоа е половина милијарда, и дел дека се за поддршка на македонското стопанство.“, рече Мицкоски.

„Значи во овие 6 месеци нема ни К од криминал, туку потврда дека оваа влада за оваа држава направила добро дело.“, дециден е Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче до Мицкоски: Ја почитувам функцијата ама тебе не – поради тоа како владееш и како го навредуваш народот

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски за начинот на практикување на власта.

Филипче до Мицкоски: Ја почитувам функцијата ама тебе не – поради тоа како владееш и како го навредуваш народот

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски за начинот на практикување на власта, пропагандните кампањи, дискредитациите, навредите кон граѓаните, криминалните врски со Вучиќ, избегнувањето конкретни одговори пред јавноста и распродажбата на земјата.

„Сакам да кажам почитуван премиер, ама не можам. Ја почитувам функцијата, меѓутоа премиере, не и тебе лично, најмногу поради тоа што на тој начин ја практикуваш власта. Користиш разноразни пропагандни механизми, лажни кампањи, оцрнувања, дискредитации“, рече Филипче.

Тој нагласи дека премиерот повеќе од две години ги избегнува конкретните одговори, а наместо отчетност нуди навреди и дефокусирања.

„Не одговараш на ниту едно прашање така како што го поставуваме и на ниту едно прашање конкретно не си одговорил изминативе повеќе од две години. Јас ќе се обидам сега ќе поставам едно прашање кое што е многу важно. Искрено се надевам дека нема да слушаме дел повторно од твојот фолклор, затвори, решетки, лисици, талог, медиокритет и така натаму. Зграда во Дубаи и Харис Џиновиќ“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ порача дека системот на политичка поддршка од Унгарија и Србија се губи со падот на Вучиќ и дека ќе мора да одговара на прашања и надвор од собраниската сала.

„Јас знам дека тебе сега не ти е лесно, го нема и вториот ментор. Тој систем на поддршка од Србија полека се губи и ќе останеш сам. Се поставува прашањето што ќе правиш? Веројатно ќе треба да одговараш на прашања не само тука, меѓутоа и на некои други места“, порача тој.

Филипче ги отвори и прашањата за финансиските текови, нагласувајќи дека информациите за можни трансфери на пари од Србија бараат одговори и одговорност.

„Па ќе се отворат прашања за кинеските пари од Унгарија, за Алта банка, за тоа дали има навистина, како што сè повеќе имаме информации, трансфер на пари од Србија тука. Некои документи видов пред неколку дена. Ако е тоа стварно така, мене ми е вака човечки жал за тебе, да ти кажам право, не политички, ама патот сам си го избираш“, рече Филипче.

Тој додаде дека на прашањата пред надлежните инстанци нема да може да се одговара со истиот начин на дефокусирање.

„Веројатно ќе одговараш на прашања и за трансферот на дрога преку граница, е тогаш на тие инстанци веќе нема да може да се дефокусира и да се даваат лажни информации“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

YouTube video

Скопје, 29.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер