Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ
Реформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултати
1Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ
2Реформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултати
Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
2Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
МакедонијаФилипче до Мицкоски: Ја почитувам функцијата ама тебе не – поради тоа како владееш и како го навредуваш народотПретседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски за начинот на практикување на власта.Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски за начинот на практикување на власта, пропагандните кампањи, дискредитациите, навредите кон граѓаните, криминалните врски со Вучиќ, избегнувањето конкретни одговори пред јавноста и распродажбата на земјата. „Сакам да кажам почитуван премиер, ама не можам. Ја почитувам функцијата, меѓутоа премиере, не и тебе лично, најмногу поради тоа што на тој начин ја практикуваш власта. Користиш разноразни пропагандни механизми, лажни кампањи, оцрнувања, дискредитации“, рече Филипче. Тој нагласи дека премиерот повеќе од две години ги избегнува конкретните одговори, а наместо отчетност нуди навреди и дефокусирања. „Не одговараш на ниту едно прашање така како што го поставуваме и на ниту едно прашање конкретно не си одговорил изминативе повеќе од две години. Јас ќе се обидам сега ќе поставам едно прашање кое што е многу важно. Искрено се надевам дека нема да слушаме дел повторно од твојот фолклор, затвори, решетки, лисици, талог, медиокритет и така натаму. Зграда во Дубаи и Харис Џиновиќ“, истакна Филипче. Претседателот на СДСМ порача дека системот на политичка поддршка од Унгарија и Србија се губи со падот на Вучиќ и дека ќе мора да одговара на прашања и надвор од собраниската сала. „Јас знам дека тебе сега не ти е лесно, го нема и вториот ментор. Тој систем на поддршка од Србија полека се губи и ќе останеш сам. Се поставува прашањето што ќе правиш? Веројатно ќе треба да одговараш на прашања не само тука, меѓутоа и на некои други места“, порача тој. Филипче ги отвори и прашањата за финансиските текови, нагласувајќи дека информациите за можни трансфери на пари од Србија бараат одговори и одговорност. „Па ќе се отворат прашања за кинеските пари од Унгарија, за Алта банка, за тоа дали има навистина, како што сè повеќе имаме информации, трансфер на пари од Србија тука. Некои документи видов пред неколку дена. Ако е тоа стварно така, мене ми е вака човечки жал за тебе, да ти кажам право, не политички, ама патот сам си го избираш“, рече Филипче. Тој додаде дека на прашањата пред надлежните инстанци нема да може да се одговара со истиот начин на дефокусирање. „Веројатно ќе одговараш на прашања и за трансферот на дрога преку граница, е тогаш на тие инстанци веќе нема да може да се дефокусира и да се даваат лажни информации“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Скопје, 29.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКлековски: Со низа активности за подигнување на свесноста и превенцијатаСо низа активности за подигнување на свесноста и превенцијата, заедно со Клиниката за неврологија работиме на спасување што повеќе животи и намалување на попреченоста од мозочен удар.Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на централното одбележување на Светскиот ден на мозочниот удар, во организација на Клиниката за неврологија, посветено на превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредувањето на здравствената грижа за пациентите. – При мозочен удар посебно значајни се превенцијата и навремениот третман, бидејќи времето за реагирање е неколку часа и за тоа се потребни достапна радиолошка дијагностика и можност за брзо почнување со терапија. Оваа акција за подигнување на свесноста и превенцијата е само еден чекор. Заедно со Клиниката за неврологија работиме и на унапредување на патеките на движење на пациентите со мозочен удар, со цел да спасиме што повеќе животи и да ја намалиме попреченоста. Истовремено, сакам да го изразам моето задоволство од успешната работа на Клиниката за неврологија, која успева да отвори теми многу значајни за нашето здравство, посочи министерот Клековски. Тој појасни дека Клиниката за неврологија е една од најкомплексните клиники и потсети на процесот на децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза, која почна во ГОБ „8 Септември“, Клиничката болница Штип и болницата во Охрид, а веќе се прават чекори за вклучување на болниците во Тетово, Прилеп и Струмица. Во наредните денови ќе има информации и за напредокот кај Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест, во соработка со Универзитетскиот клинички центар Љубљана. Директорот на Клиниката за неврологија, д-р Јован Божиновски, истакна дека акциите се реализираа во повеќе градови во државата и постигната е целта на настанот. – Во рамки на акцијата за бесплатни превентивни прегледи на плоштадот во Скопје беа прегледани 147 граѓани и направени 160 доплер-прегледи, при што еден пациент е хоспитализиран поради значаен наод. Кај околу 50 отсто од прегледаните имаше некаков наод, а околу 30 отсто ќе ги повикаме на дополнителни испитувања на Клиниката за неврологија. Секоја минута е важна, времето е мозок – навременото препознавање на симптомите прави разлика меѓу животот и смртта, меѓу попреченоста и физичката и психичката благосостојба. Подеднакво е важна соодветната превенција, затоа што во 90 отсто од случаите мозочниот удар може да се спречи, истакна д-р Божиновски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ЗабаваБизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради! Кризата во англискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед се продлабочува, а незадоволството на навивачите достигна точка во која тие прибегнуваат кон многу необични методи за вршење притисок врз управата.Меѓу најгласните е познатата навивачка на клубот, Скајлар Скај, која најави радикален протест – таа секојдневно ќе објавува фотографии од голи гради сè додека Мајкл Керик не си замине од тренерската клупа. Оваа необична кампања брзо привлече внимание на социјалните мрежи, па неутралните љубители на фудбалот веќе се шегуваат дека Керик би требало да остане на „Олд Трафорд“ што е можно подолго. Сепак, за навивачите на овој англиски великан, ситуацијата е далеку од забавна, бидејќи „Јунајтед“ се наоѓа во сериозна резултатска криза. Последната победа на „Црвените ѓаволи“ беше забележана на 10 септември, кога во Лигата на шампионите го совладаа азербејџанскиот тим „Сабах“ со 4:0. Потоа следеше црна серија без триумф – пораз во градското дерби против „Манчестер Сити“ (1:0), нерешени резултати против „Тотенхем“ и „Фулам“ (двата натпревари завршија 1:1), како и неуспех во Мадрид против „Атлетико“ (2:0). Лошата форма продолжи со уште едно реми во првенството против „Лидс“ (1:1), дебакл во Лигата на шампионите против „Комо“ (4:1) и тежок пораз од „Борнмут“ (0:3). Сепак, Керик досега ја има добиено довербата на раководството пред натпреварите против Челси и Рома, но не би било изненадување доколку тој стане поранешен тренер во случај на неуспех. Во таков случај, англиските медиуми го спомнуваат Јулијан Нагелсман како потенцијален кандидат.Тагови: Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаМанасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на ВучиќЗаев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ.Александар Обрадовиќ е балкански мешетар, кој беше советник на Заев, па потоа сакаше и да го стави за директор на ЕЛЕМ, но поради притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, тоа се запре. Но, во 2021 година, Обрадовиќ станува директор на ќерка фирма на ЕЛЕМ. Човекот кој беше сменет од функција директор на Електростопанство на Србија, поради луксуз и хедонизам. Ете, вакви луѓе од српскиот свет носеше Заев во Македонија. Од друга страна, го имаме Зоран Башановиќ, кум на Александар Вучиќ, кој Заев го вдоми во Владата. Сегашен ПР-шеф на СДС кој заедно со Милјан Шчекиќ им ги спремаат соопштенијата и прес-конференциите на Венко и другарите. Башановиќ е човек за кој се вели дека ги споил Заев и Ципрас за промена на името Македонија. Исто така, во јавноста се говори дека бил одговорен за зделки во делот на енергетиката, во координација со Зоран Заев? Дали компанијата на Колашинац „Зобек мининг груп“ добивала најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“, која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен, била токму од Грција? Зоран Башановиќ и Зоран Заев не се од вчера, тие се добар тандем уште од поодамна. Истата таа фирма „Зобек мининг груп“ која му купи на Филипче автомобил од марката „АУДИ“. Ете затоа им е криво и на Филипче и на СДС, затоа што не се власт за да можат да си местат тендери со луѓето на Вучиќ. Филипче и Заев се на истата линија со Александар Вучиќ. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter