Таксистот, кој ги возел Хари и Меган: Не би го нарекол тоа потера... - Канал 5

Таксистот, кој ги возел Хари и Меган: Не би го нарекол тоа потера...

Принцот Хари, неговата сопруга Меган Маркл и нејзината мајка Дорија Рагланд „речиси загинаа“ вчера вечер, откако, како што тврди нивниот портпарол, биле бркани од папараци додека се возеле во Њујорк.

Таксистот, кој ги возел Хари и Меган: Не би го нарекол тоа потера...

Сега проговори и таксистот кој ги возел.

Во интервју за The Washington Post, таксистот Сухчарн Синг ги опиша 10-те минути што ги поминал со Хари, Меган и Дорија во своето возило. Таксистот рече дека ги собрал војводата и војвотката од Сасекс со „постара црна жена и чувар“ околу 23 часот пред полициската станица во Њујорк.

Според Синг, чуварот му замавнал на неговиот автомобил и тој ги возел до Парк Авенија пред да тргне на југ, по што ги следеле два автомобили. „Продолжија да нѐ следат и дојдоа до автомобилот. Не сликаа и не снимаа кога застанавме“, вели 37-годишниот таксист.

Таксистот рекол дека по неколку минути обезбедувањето го замолило да ги врати во полициската станица, бидејќи бил загрижен дека тие се премногу изложени на фотографите. Синг рече дека потоа се упатил на север по авенијата Медисон за да ги врати таму каде што ги собрал.

„Јас навистина не би го нарекол тоа потера. Воопшто не се чувствував како да сме во опасност, беше безбедно“, рекол тој.

Фотограф на местото на настанот изјавил за People дека е „драматично“ возењето да се опише како „скоро катастрофално“. „Никој не беше казнет или уапсен... Не гледам како тоа беше блиску до жртви освен лудо претерување“, вели тој. Друг извор вели: „Во секој момент можеа да отидат во полициската станица или да застанат во гаражата“.

Да потсетиме, Меган и Хари првпат се појавија во јавноста по крунисувањето на кралот Чарлс. Во својот говор, по добивањето на една од наградите, Меган ги охрабри жените да се борат за еднаквост, а по церемонијата седна во автомобил со сопругот и мајката Дорија Рагланд, кога ги бркаа папараците.

Во изјавата за Си-Ен-Ен, портпаролот на парот рече: „Синоќа, војводата и војвотката од Сасекс и г-ѓа Рагланд беа вклучени во речиси катастрофална бркотница со автомобил со многу агресивни папараци. Оваа потера, која траеше повеќе од два часа , резултираше со повеќекратни блиски промашувања во кои учествуваа други возачи на патот, пешаци и двајца полицајци“.

Во соопштението се вели дека двојката разбира дека „да се биде јавна личност доаѓа со одредено ниво на јавен интерес, но тоа никогаш не треба да биде по цена на нечија безбедност“. Познатиот пар проговори по немилиот инцидент.

„Иако да се биде јавна личност доаѓа со одредено ниво на јавен интерес, тоа никогаш не треба да биде по цена на нечија безбедност. Ширењето на овие слики, со оглед на средствата со кои се добиени, поттикнува многу наметлива практика која е опасна за сите инволвирани“, велат тие во заедничкото соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Полнети тиквички

Во петок (13.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Бобан Цаневски.

„Гответе со Дракче“ - Полнети тиквички

Состојки за денешниот рецепт:

2 тиквички

300 гр. мелено месо

1 главица кромид

1 морков

2 компира

1 домат

1 чешне лук

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По распаравија, синот го запали автомобилот на мајката

Семејна драма се одвивала вчераутро во скопски Чаир, каде што син го запалил автомобилот на мајка си, а потоа се заканил дека ќе го запали и станот во кој живеат.

По распаравија, синот го запали автомобилот на мајката

28 годишникот бил лишен од слобода, бидејќи тој по закана дека ќе го запали автомобилот во пет часот наутро го запалил и се заканил дека ќе го запали и станот на неговата мајка.. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти министерството за внатрешни работи...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот Георгиевски во посета на Здружението „Моето гнездо“ по повод Неделата посветена на старите лица

По повод Неделата посветена на старите лица, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети Здружението „Моето гнездо“, кое ја спроведува социјалната услуга „Помош и нега во домот“ на територијата на општината. 

Градоначалникот Георгиевски во посета на Здружението „Моето гнездо“ по повод Неделата посветена на старите лица

Услугата, која изминатиот период активно се реализира во Општина Илинден, е наменета за лица над 65 години, како и за лица со попреченост, со цел да им се обезбеди соодветна грижа и поддршка во домашни услови, поголема самостојност и подобар квалитет на живот.

При посетата, градоначалникот Георгиевски се запозна со досегашните активности на здружението и истакна дека грижата за повозрасните граѓани, како и за лицата со попреченост е еден од најголеми приоритети на локалната самоуправа.

„Со воспоставувањето на услугата „Помош и нега во домот“ овозможуваме конкретна поддршка таму каде што е најпотребна. Особено ме радува што оваа услуга веќе активно се спроведува на територијата на Општина Илинден. Ќе продолжиме да вложуваме во развојот на социјалните услуги, бидејќи секој граѓанин заслужжува да има можност за достоинствен и квалитетен живот“, истакна градоначалникот Георгиевски.

Сите заинтересирани граѓани кои имаат потреба од услугата „Помош и нега во домот“ можат да се обратат на телефонскиот број 079 340 473, каде што ќе добијат дополнителни информации за начинот на користење на услугата, која е целосно бесплатна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер