Таа е најубавата жена на светот!! - Канал 5

Таа е најубавата жена на светот!!

Актерката Ања Тејлор-Џој  е најубавата славна личност на светот, според пресметките на британскиот пластичен хирург Џулијан Де Силва, кој раководи со Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија на лицето во Лондон. 

Таа е најубавата жена на светот!!

Тој дошол до овој заклучок користејќи компјутерско мапирање на лицето, многу популарна метода во пластичната хирургија. Овој метод се заснова на „златниот сооднос“, познат и како „божествен сооднос“.

„Се покажа дека има најдобри отчитувања за положбата на очите со резултат од 98,9%, што е само 1,1% од совршената форма“, објасни Де Силва за Дејли Меил. „Ања имаше најдобар резултат и за веѓите. Беше блиску до врвот во речиси секоја категорија, освен усните“, додаде тој.

Второто место на листата на најубави жени во светот според златниот пресек го зазеде Зендаја (94,37%), а Бела Хадид (94,35%) го зазеде третото место.

Четврта е Маргот Роби (93,43%), а петта е јужнокорејската актерка Сонг Хје-кјо (92,67%).

Потоа следат Бијонсе, Тејлор Свифт, Џанг Зији, Алија Бат и Назанин Бониади. Де Силва со години го користи овој метод на познати лица.

„Овие нови техники на пресметковно мапирање ни овозможуваат да решиме некои од мистериите за тоа што ги прави луѓето физички убави. Технологијата е корисна и за планирање на операција на пациентот“, објасни тој претходно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Во Дојран се реконструираат патишта, се подобрува водоснабдувањето

Во Дојран се реконструираат патишта, се подобрува водоснабдувањето, се стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“.

ВМРО-ДПМНЕ: Во Дојран се реконструираат патишта, се подобрува водоснабдувањето

Општина Дојран продолжува со реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните, подобра инфраструктура и посветла иднина за градот и Дојранското Езеро.

Во изминатата година се работи на неколку клучни проекти кои ќе го подобрат животот во Дојран.

Се направи реконструкција на главните патни правци. Реконструирани се 2 километри од главниот регионален пат во Стар Дојран и 500 метри во Нов Дојран, со што се подобрува безбедноста и пристапноста за граѓаните и туристите.

Се подобрува водоснабдувањето, реконструирани се 750 метри од водоводната мрежа во Нов Дојран, а со навремено откривање и санирање на дефектите е постигната поголема сигурност во водоснабдувањето, особено во Стар Дојран и неговите повисоки делови во текот на летото.

Се стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ кој е значаен чекор во насока на заштита на езерскиот екосистем и подобрување на условите за зачувување на природното богатство на Дојран.

Паралелно, општината инвестира во комуналната инфраструктура, јавната чистота, спортот, туризмот и поддршката на семејствата, со зголемена финансиска помош за првачињата и новороденчињата.

Дојран заслужува развој што се гледа, проекти што се чувствуваат и резултати што остануваат.

Со посветена работа и конкретни инвестиции, Општина Дојран продолжува да гради подобри услови за живот на граѓаните и да го развива градот како атрактивна туристичка дестинација.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија

Само за храна и пијалаци во октомври на граѓаните им биле потребни 26.170 денари. Од јануари трошокот за храна и пијалаци пораснал за речиси 2.000 денари. 

СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна –  33% од работниците живеат во сиромаштија

Потрошувачката кошничка е над 70 илјади денари а со стан оди и над 90 илјади денари.

Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци.

Работниците во Македонија едвај врзвуваат крај со крај, со најниски плати во Европа.

Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно.

33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата.

Овие луѓе одат на работа, работат, вложуваат труд и немаат доволно за достоинствен живот – буквално живеат во сиромаштија.

Наместо да ги зголеми платите арамијата размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници а Мицкоски над 100.000.

Ова сурова реалност е одлука на арамијата Мицкоски – работниците да работат за малку пари, и да бидат сиромашни.

Скопје, 21.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота

Во пресрет на протестите најавени за оваа сабота ширум Франција, францускиот премиер Себастиен Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, откако властите признаа дека полицијата ја загубила контролата.

Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота

Во пресрет на протестите најавени за оваа сабота ширум Франција, францускиот премиер Себастиен Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, откако властите признаа дека полицијата ја загубила контролата во некои градови за време на немирите и насилствата од минатиот викенд.

Откако вчера беше воведен полициски час во неколку критични области зафатени од минатонеделниот хаос, ноќва ширум Франција поминала мирно, велат властите. Во меѓувреме, досегашната проценета материјална штета од немирите и грабежите особено во Париз, Марсеј и Лион, се проценува на милијарда евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер