СЗО за Европа: Гледаме светло на крајот на тунелот

Шефот на канцеларијата на СЗО во Европа, Ханс Клуге, изјави во Сараево дека тој е „претпазлив оптимист“ и верува дека светот е на добар пат да ја спречи пандемијата на коронавирус, но предупреди да не се брза со укинување на ограничувањата.

„Јас сум претпазлив оптимист, мислам дека ја гледаме светлината на крајот од тунелот“, рече Клуге пред новинарите по состанокот со претставници на БиХ, со кои разговарал за борбата против инфекцијата во земјата.

Клуге предупреди дека сепак е потребно да се остане буден бидејќи сеуште не е постигнат целосен успех, така што ограничувачките мерки треба да останат на сила некое време за инфекцијата повторно да не се прошири неконтролирано.

"Она што се случи во Индија може да се случи насекаде. Ако имате масовни собири и нагло укинување на мерките, со продирање на нови варијанти на вирусот, проблемот лесно ќе се врати", рече Клуге.

Тој најави дека СЗО ќе стори се што е во нејзина моќ да го забрза производството и дистрибуцијата на вакцините, што е најдобар начин да се стави крај на пандемијата.

Тој призна дека почетокот на вакцинацијата е неочекувано бавен, но додаде дека ова не е „рутинска имунизација“ затоа што обично се потребни од пет до седум години за да се развијат безбедни вакцини, а историски успех е што пет безбедни вакцини биле развиени во рок од една година .

"СЗО е силно посветена на обезбедувањето јавно-приватно партнерство за забрзување на производството на вакцини, нивниот број и трансфер на технологија. Единствениот начин на кој можеме да излеземе од пандемијата е солидарноста", рече Клуге.

Тој потврди дека Западен Бакан останува приоритет за Европската канцеларија на СЗО. Според него, властите во БиХ добро ја координирале борбата против ковид и очекуваат дека тие ефективно ќе придонесат за спроведување на стратешката визија за здравствените приоритети во следните четири години.

Претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, рече дека пандемијата покажала дека здравствените системи ширум светот не се добро подготвени за кризата што изби во 2020 година, па затоа сега треба да се подготвиме за слични предизвици веројатно во иднина.

„Свесни сме дека ова е само една во низата пандемии што ќе се појават во иднина“, рече Тегелтија, додавајќи дека сега се води трка помеѓу процесот на вакцинација и појавата на нови варијанти на вирусот.

Тој посочи дека е важно земјите како БиХ да можат да набавуваат вакцини како кинеските, затоа што само така може да се надополни изгубеното време поради недостаток на вакцини од западните производители.

Одреден притвор за украинскиот министер за земјоделство Микола Солски

Украинскиот суд денеска му одреди притвор на министерот за земјоделство на Украина, Микола Солски, кој е обвинет дека е вмешан во незаконско купување државно земјиште .

Украинскиот суд денеска му одреди притвор на министерот за земјоделство на Украина, Микола Солски, кој е обвинет дека е вмешан во незаконско купување државно земјиште во вредност од околу седум милиони долари.

Судијата му одреди кауција на Солски во износ од 1,9 милиони долари, пренесува Ројтерс.

Солски ги негира наводите, кои се однесуваат на набавки од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година.

Солски поднесе оставка во четвртокот, но технички останува на функцијата додека парламентот не го разгледа неговото барање за оставка.

Тој е првиот украински министер осомничен за корупција откако украинскиот претседател Володимир Зеленски беше на власт.

Националното биро за борба против корупцијата соопшти дека обвинението се однесува на шема за стекнување сопственост на државно земјиште во вредност од 7,35 милиони американски долари.

Како што е наведено, земјиштето наводно незаконски им било одземено на две државни фирми и им било предадено на бранителите под услов да го дадат под закуп на одредени приватни фирми.

Солски и неговиот адвокат на сослушувањето во четвртокот рекоа дека тој нема корист од таквата шема.

Солски по ова обвинение може да се соочи со затворска казна до 12 години.

„Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите пред софиската публика

Меѓу присутните беа и бугарскиот министер за култура, прославениот диригент Најден Тодоров, како и македонската амбасадорка во Бугарија, Агнеса Руси Поповска.

По балканската премиера на оркестарската верзија на проектот МАКЕДОНИСИМО на Симон Трпчески и пријателите што на сцената на македонските филхармоничари неодамна ја изведоа со Камерниот оркестар АЈГА и диригентката Ана Спасовска, исклучителното дело изнедрено од македонската традиционална музика низ перото на нашиот композитор Панде Шахов, синоќа (25 април) ја продолжи својата благородна мисија на сцената на салата „Бугарија“ во бугарската престолнина, со еден од водечките оркестри во регионов, софиската филхармонија.

Како што соопштува „КултурОп“, квинтетот МАКЕДОНИСИМО настапи во оригиналниот состав: Симон Трпчески на пијано, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело и Влатко Нушев на удиралки, заедно со Софиската филхармонија, под палката на исклучителната млада диригентка Ана Спасовска, која го имаше своето деби со познатиот бугарски оркестар. Долготрајните аплаузи од софиската публика беа наградени со три изведби на бис, а посебно одушевување предизвика гостувањето на познатата бугарска певица Александра Борисова која им се приклучи на музичарите на сцена.

Меѓу присутните беа и бугарскиот министер за култура, прославениот диригент Најден Тодоров, како и македонската амбасадорка во Бугарија, Агнеса Руси Поповска.

И додека следната квинтет-изведба на МАКЕДОНИСИМО е закажана за 9 јуни во Глазгов, Шкотска (како дел од резиденцијалниот циклус концерти на нашиот пијанист од светски глас со Кралскиот шкотски национален оркестар), Симон Трпчески до крајот на овој дел од сезоната го очекуваат и редовните концертни гостувања во САД, Велика Британија и Германија.

притисни ентер