3Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелигенција
ЖивотСветска програма за храна: 828 милиони луѓе без новогодишна вечераДодека голем дел од планетата ги слави новогодишните празници и влезот во 2023 година, има многу кои страдаат, бидејќи човештвото не го положи основниот тест, а тоа е да се потисне гладот во светот.Во моментов речиси една третина од населението на планетата нема загарантиран оброк, а 828 милиони луѓе легнуваат гладни секоја вечер, покажуваат податоците на Светската програма за храна (СПХ) при Обединетите нации. СПХ на својата веб-страница наведува дека 2022 година била година без преседан кога станува збор за гладот во светот и оти 345 милиони луѓе се во директна опасност од недостиг на храна, што е драстично зголемување во споредба со 2019 година, кога таа проценка беше околу 145 милиони луѓе. Три години претходно, во 2016 година, тој број беше помал – 108 милиони луѓе. Во моментов, 149 милиони деца имаат проблем со растот поради хроничен недостиг на основни хранливи материи, а повеќе од 45 милиони деца страдаат од неисхранетост, катастрофална состојба во која телото на детето е толку гладно и му недостасуваат основни хранливи материи што почнува да се „јаде“, објави американскиот весник „Хил“. Бројките можеби се запрепастувачки, но зад секоја бројка стои вистинска личност. Постојат многу причини за зголемена нестабилност во снабдувањето и достапноста на храна. Пандемијата на Ковид сè уште создава проблеми на синџирите за набавка во многу заедници во светот, а воените судири, како во Украина, ги креваат цените на намирниците како житарките, пченицата, и многумина не можат да си ги дозволат. Климатските промени, со честите сезони без доволно врнежи и зголемени температури на места како што е Рогот на Африка, зголемениот број природни катастрофи, ги уништуваат посевите и способноста на луѓето да ги прехранат своите семејства. СПХ истакна дека само за 2022 година на програмата и се потребни 22,2 милијарди долари за да се обезбеди храна за 160 милиони луѓе на планетата. Како што глобалната економија закрепнува од пандемијата Ковид-19, јазот помеѓу реалните потреби и вистинските средства за набавка на храна стана поширок од кога било, додаде СПХ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ЕвропаАвион се урна и се запали на автопат во Германија, нема преживеани Според најновите информации, две лица загинаа во падот на мал авион во Германија, кој се урна на автопатот А2 помеѓу Бург и Кринберг, на североистокот од земјата, соопшти полицијата.„Авионот се запали за време на падот. Според сегашните информации, спасувачите пронајдоа две мртви лица во авионот“, изјави за „Билд“ портпаролот на локалната полиција Стефан Бродтрук. Причината и околностите на несреќата, која се случи непосредно пред 15 часот во покраината Саксонија-Анхалт, сè уште се истражуваат. At least two dead as plane crashes onto German motorway and bursts into flames https://t.co/8KIzzR6Obu https://t.co/wTuAn8D6gK — Mirror Breaking News (@MirrorBreaking_) November 6, 2026 Полициската и спасувачката операција траеја неколку часа, а автопатот кон Хановер беше затворен во тој период. Според порталот „Флајтрадар“, авионот што се урна бил двосед регистриран на воздухопловниот спортски клуб во Кроп, и полетал од нивниот аеродром во Шлезвиг во 12:33 часот, објави Мирор.Тагови: авион автопат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаЛефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот системМиле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава.Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава, за што кажа дека Народната банка веќе најавила сет мерки и како независно регулаторно тело работи да го заштити интересот на граѓаните, додека како што вели, лидерот на СДС повторно се обидува да создаде паника од случување на домино ефект. „Народната банка претставува една посебна независно регулаторно тело коешто практично е независно и така треба да биде третирано. Банкарскиот сектор исто така спаѓа во она што се нарекува стратешки сектор, економски сектор во државата и кога се пристапува во вакви кризи, треба да се пристапува многу внимателно, имајќи на ум неколку принципи, а тоа е заштита на депозитот и заштедата на граѓаните, меѓутоа и заштита на самиот банкарски сектор. Гледаме дека Народната банка како регулатор, настапува во моментот во насока на заштита на депозитите на граѓаните. Видовме мерки на прес-конференцијата денес во три насоки, зголемување нели на обемот, на местата за пристапност за подигање на готовина“, рече Лефков. Лефков го посочи и односот на опозицијата и прес-конференциите на лидерот на СДС, каде тој се обидува да создаде паника и како што вели бомбастично најавува некој домино ефект, односно ефект на други банки, за што кажа дека не е точно. „Апелирам дека политиката и прстите на политиката треба да бидат особено внимателни кога станува збор за банкарскиот сектор и не треба на овој начин да се обидуваат да креираат хистерија. Важно е институциите да го дадат својот одговор, а ние како Собрание на Комисијата за финансирање и буџет да се разгледаат сите оние аспекти во коишто институциите требало да постапат не постапиле или како постапувале“, истакна Лефков и додаде: „Во дадениот момент се заштитуваат депозитите на граѓаните и се работи активно на мерки и начини за подигање на платите, социјалните придонеси, другите плаќање. Се настојува да се преброди ова и да не се создаде она што Венко го најави како домино ефект во другите банки. Важно е банкарскиот систем да биде стабилен и многу е важно неодговорни политичари да не постапуваат неодговорно, обидувајќи се да добијат некој политички поен“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОрганизиран е превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до БитолаНародната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз .Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз од овие градови до филијалата на Банката во Битола и назад. На овој начин ќе им се овозможи полесно да пристапат до средствата на своите сметки и да подигнат готовина. Враќањето до местото на живеење ќе биде откако сите клиенти на банката ќе си ги подигнат своите средства. Распоредот и местата на поаѓање се следниве: Прилеп: Плоштад „Методија Антонов-Ченто“ (пред „Реклами“), во 10 часот; Охрид: градската автобуска станица, во 11 часот; Ресен: кај маркетот „Кипер“, во 12 часот. Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени и шалтерите во Тетово и Струмица, каде што граѓаните кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари, соопштуваат од НБ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter