Света литургија по повод 40 години од архиерејска служба на Митрополитот Дебарско-кичевски - Канал 5

Света литургија по повод 40 години од архиерејска служба на Митрополитот Дебарско-кичевски

Света литургија во Охрид по повод 40 години од архиерејска служба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимоте.

Света литургија по повод 40 години од архиерејска служба на Митрополитот Дебарско-кичевски

Со света архиерејска литургија во Катедралната црква Света Софија во Охрид денеска беа одбележани 70 години од раѓањето и 40 години од назначувањето на владиката г.Тимотеј за митрополит Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски, како и Администратор Австралиско-сиднејски.

Во присуство на највисоките црковни достојници, јавни личности и бројни верници на свеченоста со одлука на Синодот на МПЦ-ОА на митрополитот Тимотеј за 40-годишната архиерејска служба во МПЦ и несебичниот влог во духовниот живот на Дебарско-кичевската епархија му беше врачено и највисокото црковно одличје „Орден на Свети Климент Охридски од прв ред".

Епископот Климент во словото по повод јубилејот на Митрополитот Тимотеј истакна дека не е можно во еден краток осврт да се опфатат повеќе аспекти на делувањето на една личност, особено на активен архиереј кој четири децении работи на нивата Христова.

-Делата на митрополитот Тимотеј се очевидни, јавни и секуму достапни за проверка, па нека бидат своевидни водилки што ќе доближуваат до неговиот лик. Тој е личност на црквата, сведок на божјата милост во историјата, искален духовен и црковен деец. Неговиот идентитет е црковен и извира од Христовото евенгелие. Тој е архиереј на црквата Христова, едуциран теолог, инспиративен беседник, посветен пастир…изграден авторитет што влева доверба без присила, рече меѓу другото тој.

Отец Климент уште посочи дека како долгогодишен портпарол на МПЦ, но и како ревносен учесник во сите процеси поврзани со активноста за прифаќање на нашата Црква во сеправославното семејство, митрополитот Тимотеј мудро ги брани нашите црковни интереси, истовремено чувајќи го достоинството на народот.

-Притоа кај него се препознава свесноста дека Црквата е поширока и подлабока од секој етницитет и таа е дом за сите повикани народи и во неа секој човек со добра волја е добредојден, истакна тој.

Владиката Тимотеј беше посочен како епископ кој мудро ги поставува и помага на духовните авторитети на манастирите, а истовремено подеднакво татковски се грижи за своето свештенство, ѓаконство кое во него препознава одговорен родител кому може да се обрати било кое време.

-Епископството е сложено послушание, тое е непрестајно пребивање во молитвата и внимателно будење на заспаната духовност кај луѓето, тоа е постојан труд и напор да се биде секогаш присатен и отворен за туѓата болка, страдање и сета комплексност на човековата природа. Како ретко кој, Митрополитот Тимотеј е даруван со особено чувство за битот на народната побожност, рече отец Климент.

Митрополитот Тимотеј во кусото обраќање пред присутните свештенослужители и верници изрази благодарност до Бога што имал можност да му служи, како и да послужи на Македонската Светиклиментова црква, благодарност до браќата архиереи што ја споделиле неговата радост.

Овие 40 години работев како знаев и умеев, да послужам и да направам тоа што годините и условите дозволуваа да се направи. Се надевам дека и во иднина колку Господ ми даде сили и можност, сега помалку физичка сила бидејќи староста си покажува своето, но, тука предност е искуството, белите коси даваат предност да се оди едноставно и полека, со поголема разборитост и тактичност до нови постигнувања, рече владиката Тимотеј. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Во понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - Кисми

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Состојки за денешниот рецепт:

1500 гр. свинско филе

1 кг. свежи печурки буковки

200 гр. путер

100 гр. сенф

150 гр. мед

500 мл. кисела павлака

сол, бибер

лук во прав

италијанска (тајланска) мешавина

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Мицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка.

Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина.

Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ.

Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ.

Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт.

Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем.

Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза.

Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда.

Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско.

Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер