СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
2СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
Европа„AfD“ ја менува стратегијата: Нов план за Европската унијаКрајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) сè повеќе се оддалечува од идејата за напуштање на ЕУ и го насочува својот фокус кон нејзино реформирање, со цел да го зајакне своето влијание, како во Европа, така и во самата Германија.Крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) – која се појави како опозиција на политиките на Европската унија за време на кризата со еврото – сè повеќе се преориентира кон реформирање на ЕУ, наместо да се залага за нејзино напуштање. По историската победа на регионалните избори во Саксонија-Анхалт во септември, „AfD“ – која според анкетите на јавното мислење моментално е најпопуларната партија во Германија – е поблиску од кога било до можноста да стане дел од сојузната влада. Во рамките на партијата расте уверувањето дека зајакнувањето на десничарските позиции и растечкото влијание на политичките движења со слични ставови низ Европа, го прават реформирањето на Унијата одвнатре поповолен пат отколку нејзиното напуштање. „Од крајот на Втората светска војна, изгледите за реформирање на ЕУ во согласност со нашата визија никогаш не биле подобри“, изјави Себастијан Минценмајер, пратеник на „AfD“ во Бундестагот. Прашањето за напуштање на еврозоната – што беше клучен приоритет за многу од основачите и раните поддржувачи на партијата – се покажа како посложено за решавање, пренесува Ројтерс. Помладите членови на партијата, како што е 29-годишниот Жан-Паскал Хом – шеф на младинското крило на„ AfD“, „Генерација Германија“ – предупредуваат дека тврдокорниот став на партијата кон Европа би можел да го попречи нејзиниот најреален пат до власта: идна соработка со Христијанско-демократската унија (CDU) под водство на Фридрих Мерц. Засега, „CDU“ ја отфрла секоја можност за коалиција со „AfD“. Минатиот месец, во Европскиот парламент во Стразбур, копретседателката на „AfD“, Алис Вајдел – заедно со сојузниците од парламентарната група „Европа на суверени нации“ (ESN) – претстави стратешки документ насловен „Нов договор за Европа“. Наместо да се залага за излез од еврозоната и од ЕУ, документот предлага преговарање за нови договори со цел создавање на полабава форма на Унија. Се предлага воведување механизам за „исклучување“ (opt-out) за земјите-членки кои не прифаќаат заеднички политики – на пример, во однос на трошоците за одбрана или миграцијата – при што истовремено се повикува на построго спроведување на буџетските правила. Ова ја остава отворена можноста еврото да остане заедничка валута. Доколку овие реформски напори не успеат, документот предлага идниот европски правец на Германија да се одреди преку референдум. Извор: Индекс.хрТагови: AfD Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22
СветДеветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти. Тагови: флорида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филеВо понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - КисмиСостојки за денешниот рецепт: 1500 гр. свинско филе 1 кг. свежи печурки буковки 200 гр. путер 100 гр. сенф 150 гр. мед 500 мл. кисела павлака сол, бибер лук во прав италијанска (тајланска) мешавина Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22
МакедонијаСДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општинаМицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка. Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина. Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ. Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ. Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт. Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем. Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза. Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда. Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско. Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22