Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница - Канал 5

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Во општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според Државната изборна комисија гласањето почнало навреме во седум часот а до 15 часот на изборите во Општина Брвеница гласале 6579 гласачи, што претставува 40,49 отсто од вкупниот број запишани гласачи.

Според податоците доставени до ДИК од сите 24 избирачки места, излезноста е за 9,32 процентен поен повисока во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври годинава.

Во Брвеница е Михајло Видимлиски.

Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прва титула за кошаркарите на Голден Стејт во WNBA

Женскиот кошаркарски тим на „Голден Стејт“ ја освои шампионската титула во WNBA за првпат во својата историја, совладувајќи ја „Атланта“ со 68–63 на домашен терен во седмиот натпревар од финалната серија.

Прва титула за кошаркарите на Голден Стејт во WNBA

Женскиот кошаркарски тим на „Голден Стејт“ ја освои шампионската титула во WNBA за првпат во својата историја, совладувајќи ја „Атланта“ со 68–63 на домашен терен во седмиот натпревар од финалната серија, со што обезбедија вкупна победа од 4–3 во серијата.

Геби Вилијамс го предводеше „Голден Стејт“ до историскиот трофеј, постигнувајќи 30 поени. Тифани Хејс додаде 11, додека Вероника Бартон забележа 10 поени и 10 скока.

Во редовите на „Атланта“, Џордин Канада беше најефикасна со 18 поени, а Алиша Греј придонесе со 16. На тој начин, „Голден Стејт“ го освои шампионскиот трофеј уште при својот прв настап во финалето, додека „Атланта“ не успеа да дојде до титулата, иако по четврти пат стигна до финалната серија.

Најуспешните тимови во историјата на WNBA се „Минесота“, „Хјустон“ и „Сиетл“, од кои секој има освоено по четири шампионски титули.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Славјанка Петровска: Господине Славески, Вие ќе ја земете целата плата. На клиентите на Алта банка им остануваат 10.000 денари неделно од сопствените пари.

Господине Славески, Вие ќе ја земете целата плата. На клиентите на Алта банка им остануваат 10.000 денари неделно од сопствените пари.

Славјанка Петровска: Господине Славески, Вие ќе ја земете целата плата. На клиентите на Алта банка им остануваат 10.000 денари неделно од сопствените пари.

Кажете му го тоа на човек што утре треба да плати лекување. На родител што треба да плати кирија, сметки и да купи храна за децата. Како да ги одложат своите потреби додека Вие ја „следите состојбата“?

А јавноста чека одговор: дали вчера некој повлекол два милиони евра, пред денешното ограничување? Кој ги повлекол? Дали веќе се знаело каква одлука се подготвува?

Ако едни навреме ги извлекле милионите, а обичните луѓе останале со ограничен пристап до своите заштеди, мора да се испита дали некој бил предупреден, а граѓаните оставени да дознаат последни.

Што проверила Управата за финансиско разузнавање? Какви сознанија имале АНБ и Агенцијата за разузнавање и кого известиле?

Господине Славески, должите личен отчет за одобреното преземање, за надзорот и за тоа кога и зошто е воведено ограничувањето. Ако сте потфрлиле, поднесете оставка.

На сите засегнати граѓани им порачувам: ќе ги поставам овие прашања и во Собранието и ќе барам конкретни одговори, особено како ќе ги покриете итните трошоци и до кога ќе трае ограничувањето.

Вие сте ги заработиле тие пари. Не сте должни да ја плаќате цената на туѓи пропусти, додека прашањата за милионите остануваат неодговорени, објави на Фејсбу пратеничката на СДСМ, екс министерката на Славјанка Петровска

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромна бела ајкула му се приближи на сурфер од зад грб, средбата снимена со дрон !

Џоел Хендрикс сурфа 35 години,никогаш досега нема видено ајкула. ​​

Огромна бела ајкула му се приближи на сурфер од зад грб, средбата снимена со дрон !

Поради тоа, често се шегувал со својот син дека овие праисториски суштества можеби воопшто не постојат. Сепак, неодамна доживеа средба што нема наскоро да ја заборави.

Додека сурфал во близина на Океано, на брегот на Калифорнија, му се приближила огромна голема бела ајкула и го испрскала со опашката.

„Ајкулата само малку ме испрска“, се пошегува Хендрикс по средбата.

Голема бела ајкула се појавила во близина на „Пир авенија“ (Pier Avenue), каде што во морето имало група сурфери.

Средбата била снимена со дрон од страна на локалниот сурфер Дејвид Стајнер, кој редовно објавува снимки од ајкули на својот профил на Инстаграм, @caveman_476.

Хендрикс изјави дека најпрво забележал дрон што летал на околу триесет метри од него, на висина од само три метри над морето. Познавајќи го Стајнер, тој претпоставил дека дронот снима некое морско животно во близина.

„Не се исплашив. На почетокот чувствував повеќе љубопитност. Не знаев колку е големо животното, ниту пак точно за што станува збор. Дури не бев ни целосно сигурен дали е ајкула“, рекол Хендрикс, според весникот „Мајами хералд“ (Miami Herald).

Набргу потоа, тој забележал сенка близу зад себе, а потоа и перка што излегува од морето.

„Ме изненади. Кога доплива зад мојата даска, си помислив: ’Леле, ова е навистина голема риба‘“, се присети тој.

Хендрикс проценил дека ајкулата била долга меѓу четири и пет метри, значително подолга од неговата даска за сурфање.

Животното потоа ненадејно го промени правецот, го испрска со опашката и продолжи да плива.

https://www.instagram.com/reel/DfDQraFPv2D/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер