Суперлигата се распаѓа: Директорски оставки и насилни протести - Канал 5

Суперлигата се распаѓа: Директорски оставки и насилни протести

Само 48 часа откако е основана, Суперлигата се распаѓа.

Суперлигата се распаѓа: Директорски оставки и насилни протести

Приватното натпреварување го започнаа 12 клуба - Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Милан, Интер, Јувентус, Реал, Атлетико Мадрид и Барселона - и сега многу од нив експресно бараат излез. Челзи и Манчестер Сити први објавија дека се повлекуваат од Суперлигата, а по нив може да следат Атлетико, Барселона и Манчестер Јунајтед.

Како се случи пресвртот и што ќе прават сега шефот на Реал, Флорентино Перез и шефот на Јувентус, Андреа Ањели, кои беа отпуштени како клучни луѓе на одметната група?

Доколку членовите на Барселона не ја прифатат едногласно Суперлигата, каталонскиот клуб, според последните информации од Шпанија, ќе се повлече од натпреварувањето. Затоа тој нема да плаќа пенали, бидејќи поранешниот претседател Лапорта ја вклучил таа клаузула во договорот со Суперлигата. Да потсетиме, токму основањето на Суперлигата беше важна тема за време на претседателската кампања во Барселона, а Лапорта ги загуби изборите.

Суперлигашите свикаа кризен состанок. За иднината на проектот ќе се дискутира утре во 11:30 часот.

На Твитер се шири непотврдена информација дека Андреа Ањели си поднел оставка на функцијата претседател на Јувентус. Клубот не ја потврдил оваа информација.

Ед Вудворд ќе се повлече од функцијата извршен потпретседател на Манчестер Јунајтед! Наскоро се очекува и Манчестер Јунајтед да се повлече од Суперлигата. Манчестер Јунајтед треба да ја потврди информацијата за заминувањето на Вудвард по затворањето на Њујоршката берза во 22 часот по средноевропско време.

Шпанските медиуми јавуваат дека Атлетико Мадрид исто така се повлекува од Суперлигата, додека Барселона одлучила да не учествува во натпреварувањето доколку членовите на собранието на клубот не бидат едногласни за поддршката на новата лига.

Би-Би-Си пишува дека Челси и Сити се откажуваат од Супер лигата поради протестите на навивачите. Стотици навивачи се собраа пред „Стемфорд Бриџ“ вечерва пред натпреварот со Брајтон за да протестираат против учеството на лондонскиот клуб во Суперлигата. Протестот брзо се претвори во прослава, бидејќи навивачите добија вест дека Челси подготвува документација за излез од натпреварувањето и сака да го стори тоа што е можно побрзо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер