Сугарески – Китанов: Ја подобруваме безбедноста на патиштата, нова заштитна ограда на обиколница Битола

Проектот кој предвидува изградба на заштитна ограда во должина од 1 километар е со вредност од половина милион евра и се очекува да биде завршен за околу 2 месеца.

„Годинава е предвидено да се започне со рехабилитација на преку 170 километри патна мрежа во Пелагонискиот регион, инвестиција од околу 27 милиони евра“, истакнаа министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, при денешниот увид во изградба на заштитна ограда на обиколницата на Битола.

Проектот кој предвидува изградба на заштитна ограда во должина од 1 километар е со вредност од половина милион евра и се очекува да биде завршен за околу 2 месеца.

„Унапредувањето на патната инфраструктура во Пелагонија е од клучно значење за економскиот раст и квалитетот на живот на граѓаните во регионот. Во таа насока, сакам да истакнам дека во текот на следниот месец ќе објавиме тендери за рехабилитација на 7 регионални патишта во околината на Битола, Крушево, Демир Хисар и Прилеп. Проектот за изградба на звучните бариери на обиколницата на Битола е само дел од големиот инвестициски циклус кој го реализираме во Пелагонискиот регион. Тука ќе истакнам дека веќе го рехабилитиравме стариот пат од Прилеп до Битола, завршивме со рехабилитација на дел патот од Битола кон Демир Хисар, ќе го рехабилитираме и останатиот дел од Битола – Демир Хисар, а ќе започнеме и со рехабилитација на постоечкиот пат Битола-Меџитлија. Она што е особено важно за овој регион е дека проектната документација за изградба на експресен пат Битола-Меџитлија ќе заврши до крајот на летото, веднаш потоа ќе биде објавен тендер и во најбрз можен рок ќе се започне со изградба на новиот експресен пат“ – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов истакна дека во првата фаза беше рехабилитирана обиколницата на Битола, а со изградбата на звучните бариери која се одвива во моментов претставува втора фаза од проектот за зголемување на безбедноста и унапредување на сообраќајот на обиколницата на Битола.

„За прв пат во нашата држава се поставуваат звукозаштитни огради од овој тип, кои се се еколошки, имаат висок коефициент на апсорбција на звукот, а се направени од бетонска маса во која се додаден гранули од гума добиена од рециклирани гуми. Овој концепт претставува економично и еколошко решение со кое ќе ги заштитиме граѓаните кои живеат во околината, а од друга страна ќе продонесеме за зголемена безбедност во сообраќајот. Очекувам проектот да биде завршен пред предвидениот рок, односно за месец, месец и половина. Во моментов се работат почетниот и завршниот дел, а веднаш потоа следува изградбата на средишниот дел во близина на куќите, кој ќе биде особено интересен, колоритен и на две нивоа. Но тука не запираме. Оваа година ќе започнеме со рехабилитација на Кичево – Македонски Брод, Битола – Меџитлија, Крушево – Демир Хисар, Битола – Демир Хисар, Другово – Демир Хисар, а во тек е рехабилитацијата на патниот правец Крушево – Слива – Пуста Река. Во меѓувреме очекувам да ми биде доставена проектната документација за изградба на експресен пат Битола – Меџитлија и изградба на нова обиколница на Битола. Исто така, на мое огромно задоволство се привршува и проектот за изградба на автопат Прилеп – Битола, со што цела Пелагонија ќе добие нови патишта и модерна и рехабилитирана регионална патна мрежа“ - изјави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

Емилија Костурски, заменик градоначалник на општина Битола, истакна дека проектот за изградба на заштитната ограда на обиколницата на Битола значи решавање на три проблеми на граѓаните на Битола, односно контрола на бучавата, зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштита на животната средина.

Денеска, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов извршија увид и во градежните работи за санација на свлечиштето на патниот правец Макази-Маркова Нога.

Министерство за транспорт и врски

Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот

Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, денеска се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден.

На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен 1 мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права.

На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година на 1 мај ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови. /МИА

Шмит: Сериозни закани по територијалниот интегритет на БИХ доаѓаат од лидерите на РС

 Високиот претставник во Босна и Херцеговина (БиХ) Кристијан Шмит синоќа истакна дека постојат закани по територијалниот интегритет на БиХ и дека тие доаѓаат од лидерите на Република Српска (РС).

„Постојат закани за Босна и Херцеговина, бидејќи претставниците на РС постојано зборуваат за отцепување, одвојување на ентитетот од државата. Додик неодамна изјави дека Бошњаците можат да имаат 25 отсто од територијата. Некои го сфатија ова како простор за етнички инциденти“, рече Шмит во своето обраќање пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

Тој посочи дека неговиот мандат е да го надгледува спроведувањето на Дејтонскиот договор и оти за тоа има поддршка од Советот за безбедност.

„Советот за безбедност повеќе пати искажа поддршка за моето работење. Веќе со нетрпение го очекувам мојот извештај следниот месец“, додаде Шмит.

Тој се осврна на излагањето на српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, која упати сериозни обвинувања против Шмит, наведувајќи дека во него „не се почитуваат фактите и правната рамка на БиХ“.

„Се надевам дека разбирате дека ова не е место за разговор за навреди, ова е место за разговор едни со други. Повикувам на поголема точност, единственото нешто што го гледам е злонамерност“, рече Шмит.

Тој посочи дека како висок претставник мора да биде гарант за постоењето на ентитети, кои се делови од БиХ, која има меѓународен субјективитет, додавајќи дека РС е составен дел на БиХ. /МИА

Њујоршката полиција упадна во кампусот на Универзитетот Колумбија и упаси десетици лица

Синоќа полицијата во Њујорк со дозвола од Универзитетот колумбија упадна  во универзитетската зграда Хамилтон Хол заземена од активисти кои протестираат против војната на Израел во Газа.

Универзитетот е лоциран во центарот на Њујорк во близина на Менхетн. Полицијата упадна преку вториот кат од зградата со помош на поставена рампа и растури толпа од околу 200 активисти, по што пред влезот на универзитетот дојдоа неколку полициски автобуси да ги транспортираат лицата кои беа уапсени за време на упадот. Од извештаите се дознава дека се упасени десетици демонстранти, но и дека многумина од нив не се студенти. За време на упадот полицијата употребила шок-гранати. Претседателот на сад Џо Бајден синоќа изјави дека демонстрациите треба да бидат мирни, и порача дека насилното заземање на зградите не е мирен протест, и оти тоа е погрешно“.

притисни ентер