Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска
1Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска
МакедонијаСудењето за модуларната болница во Тетово ќе продолжи во априлОбвинетите за модуларната болница во Тетово се изјаснија дека не се чувствуваат виновни на повторното судење кое започна денеска во Основен суд Тетово.По околу пет часа траење на главната расправа на која беа презентирани и видео снимки од видеонадзор во рамки на Клиничка болница Тетово од 8 септември 2021 година кога избувна пожарот, Судот донесе рочиштето да продолжи на 3 април во 10 часот. На денешната расправа застапникот на обвинението ги читаше насловите од доказите, а за дел од нив одбраната истакна приговори. Потоа, Обвинителството речиси три часа репродуцираше видео материјали прибрани во фаза на истражната постапка. Беа емитувани видео снимки од видеонадзор во рамки на Клиничка болница Тетово од 8 септември 2021 година кога избувна пожарот, како и видео материјал снимен од телевизиска екипа наменет за новинарски прилог од 1 септември 2021 година. -Поради наближување на крај на работно време на судот расправата се одлага за 3 април 2025 година во 10 часот, истакна судијата Реџеп Муса. Обвинетите, тогашните директори Флорин Бесими и Артан Етеми, се изјаснија дека не се чувствуваат за виновни за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“. Исто така, и застапник на правно лице ЈЗУ Клиничка болница за делото „предизвикување општа опасност“ истакна дека не чувствуваат одговорност. До ова повторно судење дојде откако Апелацискиот суд во Гостивар во април 2024 година донесе решение. Процесот требаше да почне на 26 јуни 2024 година, но се одложуваше за 25 септември 2024, потоа за 5 ноември 2024 година и за 15 јануари 2025 година. На 5 јуни 2023 година Основен суд Тетово одреди условна осуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“ во судскиот процес по пожарот во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. Судот тогаш одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“. Според пресудата, на обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми им беше утврдена казна затвор од по една година и шест месеци, условна осуда и утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите секој за себе во време од по три години не сторат ново кривично дело. Правно лице требаше да плати парична казна во висина од еден милион денари, 30 дена по правосилност на пресудата. За пожарот во тетовската модуларна болница што се случи на 8 септември 2021 година во која 14 луѓе ги загубија животите, на 27 јули 2022 Обвинителството поднесе обвинителен предмет до Основен суд Тетово, откако десет месеци се вршеше истражна постапка. Првото судење почна на 7 декември 2022 година, откако дотогаш имаше четири одложувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврскаДиректорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска се обрати на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители 2001–2015, кој се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“. На настанот се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој го отвори Меморијалниот турнир. Пред членовите на семејствата на загинатите бранители, претставниците на Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, колегите и натпреварувачите, директорот Јанев истакна дека турнирот веќе 24 години ја чува жива меморијата за оние кои ги положија своите животи за Македонија, нејзиниот мир и безбедноста на граѓаните. „Денес не сме тука само поради традицијата. Тука сме затоа што имаме обврска да паметиме. Да ги паметиме нашите колеги, пријатели, браќа, сопрузи, татковци и синови кои ја носеа униформата со чест и кои, извршувајќи ја својата должност, ја дадоа најголемата жртва што човек може да ја даде. Нивните имиња не се само дел од историјата на нашите безбедносни сили. Тие се дел од историјата на Македонија“, истакна Јанев. Тој нагласи дека обврска на денешните генерации е споменот за загинатите бранители да се пренесува и на генерациите што доаѓаат, потсетувајќи дека слободата, мирот и безбедноста не треба да се земаат здраво за готово. Посебна почит им оддаде на семејствата на загинатите, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да покажат дека жртвата на нивните најблиски никогаш нема да биде заборавена. Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека мора да се чува споменот за оние кои го дале својот живот за татковината и да се пренесе на следните генерации. „Она што треба да го направиме е да се сплотиме и да покажеме дека хероите не се забораваат. Се заблагодарувам на секој еден припадник на Армијата, сите што ја носат униформата кои секојдневно работат за нашата држава. Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука да помогне и достојно да покаже почит кон хероите“, истакна министерот Мисајловски. На крајот, директорот Јанев изрази благодарност до Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, Министерството за внатрешни работи и сите кои веќе 24 години ја одржуваат оваа традиција, порачувајќи дека хероите живеат сè додека ги паметиме и дека им должиме да ги паметиме со гордост, достоинство и благодарност.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за растВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за напредокот во спроведувањето на Планот за раст. За време на посетата во Скопје, таа го оцени постигнатиот напредок како импресивен и најави нови исплати во наредните недели. Северна Македонија досега доби 140 милиони евра од овој план. Овие средства се резултат на сериозната работа и посветеноста на институциите во исполнувањето на преземените обврски. Министерството за европски прашања, предводено од првиот вицепремиер Беким Сали, го координира спроведувањето на Реформската агенда и го следи исполнувањето на обврските на институции. За нас, оваа оценка е дополнителен поттик да продолжиме со работата и навреме да ги исполниме следните обврски. Ги поздравуваме заложбите на Брисел за деблокирање на европскиот пат на земјата и очекуваме да се надминат пречките за земјата да напредува во преговорите со Европската Унија. ВЛЕНТагови: ВЛЕН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуелШкотските навивачи веќе ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска?Килтови, знамиња, песна и навивачка еуфорија веќе е присутна во главниот град, пооради натпреварот вечерва ќе има и посебен сообраќаен режим, на арената Тодор Проески се очекува да присуствуваат околу 4000 шкотски навивачи, познати како Тартар арми. За нив е резервирана источната трибина на националната арена „Тодор Проески“. Еве дел од атмосферата во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16